Во секој случај ,ако поправате АТХ напојување или ставате кондензатори на матична плоча,не ни помислувајте дека сте и ја продолжиле важноста на гаранцијата за уште 2 години . Не,тоа е сигнал да собирате пари за ново напојување или МВ .Во секој случај ,како резерва. Бидејќи за 3,6 месеци или година можеби таа матична ке ја нема или напојувањето ќе ве зезне кога најмногу ви треба компјутер. Но,ако сте успеале да ја повратите матичната,мој совет е да ставите ново напојување! За да добиете подолго време за користење на поправката.
Мене пак, баш напротив, ми се има покажано како точно спротивното. Има плочи и напојувања на кои им имам менувано кондензатори уште пред 4, 5, години, ене уште тераат, барем колку што знам.
Според мене, тајната во долготрајноста на ново поставените кондензатори лежи во три фактори: квалитетот на кондензаторите, нивната капацитивност и работниот напон. Ако ги менувате кондензаторите на матичната плоча, јас лично барем, не препорачувам да купувате нови (технички гледано, неквалитетни Кинески, бидејќи кај нас други и не може да се најдат
) или ако купувате, купувајте некои со барем дупло поголема капацитивност и дупло повисок работен напон. Јас ги почитувам сите три фактори.
Прво, поставувам квалитетни кондензатори. Да, вакви најчесто нема да се купат, затоа користам веќе користени, но двојно проверени, и со ESR и со мерач за капацитивност и сум сигурен дека се поквалитетни од Кинеските купени од... кој знае каде. До сега ми немаат вратено напојување или матична плоча на која јас сум и менувал кондензатори... освен ако не бил некој друг проблем во прашање
.
Второ, гледам кондензаторите да имаат барем дупло поголема капацитивност од првично поставените. Овие кондензатори лежат во филтерски секции од напојувањата или матичните плочи, така да, не е проблем ако ставите кондензатори со поголема капацитивност, проблем е ако поставите со помала, како што често прават Кинезите (ако не сте забележале, веќе секоја плоча е Made in China, порано и во Taiwan се правеа и да признаам, беа поквалитетни, ама сега... за жал веќе не :S). На матичните плочи поставуваат кондензатори кои, можеби и се квалитетни, но капацитивноста им е неадекватна и работниот напон им е пренизок. Се разбира, по некое време, од пренапрегање, кондензаторите липсуваат. Колку сака нека се квалитетни, ако не им е адекватна капацитивноста и работниот напон, не може да тераат предолго. Веќе имам спомнато, има цели сектори во фирмите кои ги дизајнираат матичните плочи, без разлика дали станува збор за Asus, Gigabyte, MSI или некоја трета фирма, кои работат на тоа „како ова чудо да тера 5 години и потоа да откаже“. Ова се пресметува, веќе е претворено во наука. Целта е јасна, да ти се расипе старата машина и да мораш да купиш нова, иако старата ти бркала работа, бидејќи ние мора да правиме некако пари, да се врти економијата. Они немаат ќар од техничка поддршка
. Тоа може да се види и по техничката поддршка за BIOS updates. Имате една, две, можеби три години корекции на кодот за BIOS-от (BIOS updates), потоа... аш, кој те шиша, купи си нова плоча, ако не, седи си со старата дур не ти се расипе. Кад тад, пак ќе дојдеш кај нас
.
Трето, работниот напон. Скоро секогаш е на граница (веќе спомнав), не ретко имам гледано кондензатори со 6.3V работен напон поставени на 5V-ен rail. Работниот напон на овие кондензатори треба да биде барем 10V, а пожелно е 16V за да работи кондензаторот растеретено и слободно
. На 3.3V-ниот rail исто, често може да се начекаат кондензатори со 6.3V работен напон. Е сега, некој ќе рече „па добро, ова и не е баш така блиску до границата“ и да, во право е. Единствен проблем е што овој rail, моментално, со се поголемиот пад на напонот на работа на полупроводничките компоненти, е најоптеретен, а вредностите на кондензаторите во тие секции често имаат иста вредност како и оние од 5V-ните секции
. Ова нема логика. Не е возможно ако некоја секција влече дупло или тројно повеќе струја од некоја друга секција, ти да го дизајнираш излезниот филтерски степен исто или слично како за онаа која влече двојно или тројно помалку. Но, и тоа го прават. Затоа, често овие кондезатори ги менувам со други со двојно или тројно повисока капацитивност и со работен напон од барем 10V (степен на сигурност X3, секогаш кога сум во можност, го применувам ова правило).
И уште една работа. Сте се запрашале ли зошто brand name workstations имаат барем дупло поголем век на траење од обични склопувани машини? Затоа што се дизајнирани да траат, затоа и се дупло или тројно поскапи
. Ако не ми верувате, отворете brand name машина и некоја склопувана во некоја фирма (Set, Anhoch, кој и да е). Разликата е повеќе од очигледна. Да, brand name машината е поспора, нема некој кој знае какви overclock-ерски опции (некогаш нема никакви опции од овој тип
), ама затоа, квалитетот на изработката... од километар се гледа дека нема споредба. Од изведбата на ладењето, напојувањето, квалитетот на изработката на матичната плоча, квалитетот на кондензаторите, до самата изведба на куќиштето, квалитетот на кулерите, нивната поставеност, итн. Кратко и јасно, тие се наменети да траат
. Не ретко се начекуваат и workstations кои со минимално одржување, дури и да се купени пред 10 години, траат и ден денешен
. Мој роднина има купено IBM P4 машина пред 5 години. Машината е произведена 2003-та, па ене ја, сеуште трае и си работи со минимално одржување (само еднаш е чистена од прашина во рок од 5 години и толку
). Условно кажано, таа ќе работи вечно, но, веќе времето ја гази и ќе мора нова да се купи, така да, таа ќе биде заменета, но не од што е неисправна, туку од што е веќе стара и спора за денешните апликации
.