Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: sisko on 21.05.2011, Saturday, 17:36:11
-
Здраво момци имам проблем со двд плееров грее многу. сега јас му ја најдов фан контролата и дали мозе да ми кажете како да направам да се уклучува фенот порано?
(http://www.mediafire.com/convkey/6bc3/hvn1j0weppo0t9ezg.jpg)
-
Намали ја вредноста на зенер диодата (на напонот на пробив на зенер диодата), од 5.1V на некоја помала вредност, пробај со 4.7V или со 4.3V, ако не функционира со толку мала промена, стави и 3.9V или 3.3V ;).
-
Денес ќе купам неколку диоди и ќе пробам
фала на помошта )
-
Извинете што не пишав до сега но со диодите немав успех , бидејќи пак плеерот бесе многу топол а кулерот прекасно се пушташе така да најдов извод од 6в и директно го приклучив кулерот на него и сега плеерот е постојано млак односно нема екстремни температури )
-
Можеби требаше да пробаш и со штелување на R324 и R325 да го наштелуваш температураниот threshold, но штом и вака ти врши работа, ОК ;).
-
TH300 не термистор ?, со загревање му се зголемува отпорот и уклучва вентиалторо како лади се намалува отпоро струјата тече низ него и исклучува вентилаторот, него треа да го смени зенерката дава некој референтен напон за да уклучва исклучва транзисторот
-
него треа да го смени зенерката дава некој референтен напон за да уклучва исклучва транзисторот
Па пробал да го направи тоа и не функционирало, односно не се намалил температурниот threshold, иако не прави баш некоја логика зошто со промена на зенерката не се намалил, но треба да се направат мерења за да се утврди ;). Како и да е, и со промена на отпорниците може да се проба ;). Со некоја комбинација на отпорници и зенер диода, сигурно ќе се добиде посакуваниот температурен threshold ;). За да не се експериментира премногу, ќе треба и некои пресметки да се направат, но не е задолжително ;).
-
Па пробав со неколку различни и постојано вентилаторот се пушташе дури кога плеерот ке почне да грее многу , а тоа да менувам околни отпорници ми се виде барем во тој момент непрактично и земав измерив со унимер во таа околина да видам кај има некој соодветен извор на напон за 6цм вентилатор и така го приклучив , сега тој дува нонстоп и воедно плеерот не загрева претерано )