Прво, нема шанси да е 400W моно, барем не RMS, околу 200, 250W, можеби, но според бројот на излезните транзистори, не верувам дека ќе постигне толкава моќност. Второ, филтерски степен од 6800uF по rail... дури и за засилувач од 50W тоа е смешна вредност
. Ако засилувачот навистина имаше моќност од 400W, минимум ќе беа потребни барем 40.000uF по rail, пожелно е да бидат распределени во 4 X 10.000uF поради намалување на ESR (подобро би било да има и 8 X 4700uF, но тоа е веќе голема инвестиција
). Трето, има спрежен електролитски кондензатор со вредност од 2.2uF. Врендоста е мала (јас би ја ставил 4.7uF) и не треба да биде електролитски, треба да биде пластичен. Ова се само дел од недостатоците на овој засилувач, сигурно има и други, но искрен да бидам, не сум до толку компетентен на ова поле
.