Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: ivica.s on 09.01.2013, Wednesday, 20:55:46
-
Уште еден мини теслин трансформатор со многу слична шема како предходниот. Единствена разлика е што сега е TIP41C транзисторот како и плус две диоди за заштита. Исто ставив и еден кондензатор од 1,5 нано кој ја зголемува должината на искрите. Не сум сигурен зошто е така. :) Напојувањето е 28 волти а струјата 2 ампери. Фреквенцијата на работа е 300 килохерци.
Еве ја шемата:
(http://t.imgbox.com/adjtX1sz.jpg) (http://imgbox.com/adjtX1sz)
а еве и неколку слики:
(http://t.imgbox.com/adq4vTu1.jpg) (http://imgbox.com/adq4vTu1) (http://t.imgbox.com/abokXYEU.jpg) (http://imgbox.com/abokXYEU) (http://t.imgbox.com/abuqyY5N.jpg) (http://imgbox.com/abuqyY5N) (http://t.imgbox.com/adyakhty.jpg) (http://imgbox.com/adyakhty) (http://t.imgbox.com/abrOpSGx.jpg) (http://imgbox.com/abrOpSGx) (http://t.imgbox.com/actReydI.jpg) (http://imgbox.com/actReydI) (http://t.imgbox.com/adtaU1d0.jpg) (http://imgbox.com/adtaU1d0) (http://t.imgbox.com/abhusPes.jpg) (http://imgbox.com/abhusPes)
Еве и видео со омилениот Aphex Twin во позадина :)
Slayer exciter mk.2 (http://www.youtube.com/watch?v=Bsm-ACUAL6Y#ws)
-
Добро направено ;) :)
-
Одлично :), како си ги испраксирал ова теслините трансформатори ;D.
-
супер е направено, само тоа антената горе ти е ептен профи направена :)
-
супер е направено, само тоа антената горе ти е ептен профи направена :)
;D
-
Исто ставив и еден кондензатор од 1,5 нано кој ја зголемува должината на искрите. Не сум сигурен зошто е така. :)
Тој кондензатор од 1n5 со паразитивната отпорност (реалната отпорност) на калемот формира RC коло при исклучен транзисотр и овозможува струјата *уште малку* да протече а со тоа се зголемува индуцираната emf во втората намотка.
Ме интересира за таа намотка со 3 вртежи, на сликата гледам (доколку е тоа тоа) дека е поставена баш најдоле, под главната намотка, зошто така си ја поставил ?

Па примарите се поставуваат така кај Теслините трафоа или на почеток од секундарот или малку подолу.
-
Па примарите се поставуваат така кај Теслините трафоа или на почеток од секундарот или малку подолу.
Зошто, која е причината ? Има некаде нешто документирано подобро за ова ?
Поздрав
-
Па примарите се поставуваат така кај Теслините трафоа или на почеток од секундарот или малку подолу.
Зошто, која е причината ? Има некаде нешто документирано подобро за ова ?
Поздрав
По правило кај теслините трансформатори примарот и секундарот делат само околу 20 % или помалку од вкупниот магнетен флукс, за разлика од обичните трансформатори ( 95 + %) Ова е така зошто треба секундарот слободно да осцилира на многу висока фреквенција инаку секоја осцилација на секундарот ќе се пригушува од примарот.
Поради ова примарот понекогаш се наоѓа и на неколку сантиметри под секундарот кај теслините трансформатори со голема моќност.
-
А мора да има пригушница на почетокот? Сега видов дека Теслиниве трансформатори се ужас ако не го заземјиш секундарот, па сакам да се префрлам на солид стејт колава.
Споено мислење: 25.11.2013, Monday, 11:44:42
Овој С3 со колкава вредност е?
-
10uf.
-
Да толку е од прилика.Инаку со среќа нека ти е чим си решил да ги правиш овие ;)
-
A може да се користи друг транзистор наместо ТИП31Ц (на пример 2Н6253 или 2Н3055). И дали може да поврзам Шотки диода наместо оваа брзава диода, на пример оваа, и како да ја поврзам?(затоа што има три ножиња)
-
Да шотки диодата е брза но сега како да ја поврзеш незнам некој од поискусниве членови нека ти каже.Инаку да може и да се употреби транзисторот 2н3055
-
Да шотки диодата е брза но сега како да ја поврзеш незнам некој од поискусниве членови нека ти каже.Инаку да може и да се употреби транзисторот 2н3055
Значи може и 2Н6253, скоро еквивалент му е(само со појаки вредности.). И ајде, чекам одговор како да ја врзам Шотки диодава, ако не да барам од мојата колекција диоди некоја, имам над 40 од стари плочи, сакав да правам каскада, ама кондензаторите ми беа проблем, поточно никогаш не собрав пари за да ги купам.
-
Да може со 2н6253 но за шотки диодата незнам што стварно да ти кажам. ;D
-
Ајде, ќе почекам до уре, некој може ќе пише.
-
На местото од шотки диода како на сликата што ја имаш постирано MBR3045PT - заборави ! Таа е за мал напон 45V но за „јака„ струја до 30 A. Според шемата од првиот пост D4 e UF5408 а може и BY399 BY228 и многу други со работен напон од околу 1000 V и струја од 3 A.
-
од кај ја најде ова цефката од 40мм ? кај можам да најдам таква ?
-
На местото од шотки диода како на сликата што ја имаш постирано MBR3045PT - заборави ! Таа е за мал напон 45V но за „јака„ струја до 30 A. Според шемата од првиот пост D4 e UF5408 а може и BY399 BY228 и многу други со работен напон од околу 1000 V и струја од 3 A.
Значи треба да се скапам барање за да најдам друга брза диода... :(
Споено мислење: [time]26 Ноември 2013, 09:27:07[/time]
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/17472/PHILIPS/BYM26C.html
Дали е оваа доволно добра?
макс. напон 600 волти
макс. јачина 8 А
макс. време на опоравување 30 нано секунди
И дали оваа е доволно добра за Д1 и Д2?
http://www.diodes.com/datasheets/ds28009.pdf
макс. напон 1000 волти
макс. јач. 6 А
макс. време на опоравување 150 нано секунди
-
ако знаеш на колкава фреквенција осцилира полесно ке ти биде за барање, таа што е со време на опоравување 30nS можеш да ја користиш до 300kHz, таа другата е за до 60kHz, па види која повеќе ке ти одговара...
-
ivica.s напишал дека колово работи со максимална фрекфенција од 300 кНz значи вака,
диоди за заштита, 2 х ds28009. Брза диода bym26c, транзистор 2Н6253 (до 800 кНz), бела лед диода,отпорник од еден кило ом имам, големо феритно јадро имам, жица имам, значи треба да порачам плочка( од оние без лемење ) кондензатори од 1 нано фарад, 10 микро фаради, и 1,5 нано фаради.
Толку засега. а да не знае некој со намотките како можам да ја намалам фрекфенцијата на работа на ова коло?
-
не видов негде да пишува со колава дебелина на жицата треба да се мота примарот и секундарот???
-
не видов негде да пишува со колава дебелина на жицата треба да се мота примарот и секундарот???
Отприлика со 0,23 мм жица секундарот, примарот, колку што може потанка за јачината на струјата.
-
Отприлика со 0,23 мм жица секундарот...
Од прилика 0.23mm :o ??? ;D. Ова се зезаш или озбилно ова за тебе е „од прилика“ ;D?
-
Богами.Жицата секогаш треба да е прецизирана киловолт и ова треба да се направи со големо внимание.Немој да не биде како трафото после ;) ;) ;).Се шалам но сепак треба да ја знаеш дебелината на жицата обавезно ;).А не да претпоставуваш од кутура што би се рекло народски.
-
Отприлика со 0,23 мм жица секундарот...
Од прилика 0.23mm :o ??? ;D. Ова се зезаш или озбилно ова за тебе е „од прилика“ ;D?
Не знам, јас никогаш формула немам пипнато за вакви работи, иначе сериозен бев, мислам дека неколку десетинки од милиметар не ќе да се проблем.
Богами.Жицата секогаш треба да е прецизирана киловолт и ова треба да се направи со големо внимание.Немој да не биде како трафото после ;) ;) ;).Се шалам но сепак треба да ја знаеш дебелината на жицата обавезно ;).А не да претпоставуваш од кутура што би се рекло народски.
Јас сум немал продлем до ден денеска со дебелината, освен за јака струја, каде што треба да се земе во предвид минималната дебелина на жицата. Првпат слушам дека требало толкава прецизност. Според мене би работело и со жица дебела 0,5 мм да го намоташ, а колку потанка, толку подобро.
-
Не знам, јас никогаш формула немам пипнато за вакви работи, иначе сериозен бев, мислам дека неколку десетинки од милиметар не ќе да се проблем.
Не ми е јасно како ги измери и тие 0.23mm ;D.
-
Стварно од кај дојдоја тие 0,23мм може да ми кажеш така ли си ги претпостави или имаш слушнато некаде.
-
може жицата е 0,2мм а лакот околу нејзе се тие 0,03мм (претпоставка)
-
Ама па како може да измери и жица со дебелина од 0.2mm ;D. Ај, може од прилика да се измери со шублер (со помош на онаа додатнана алатка за десеттинки од милиметар, ама и таа не е ептен прецизна). Реално, најпрецизно може да се измери со микрометарски винт, ама таква алатка, ретко кој има.
-
Е сега и вие не верувам дека мерел со милиметарски винт нема шанси не само што е редок и скап е. ;D ;D ;D ;D ;D.Така како што рече бојан и јас мислам.Која жица ја имал дома таа ја ставил што има везе ;) ;).Се шалам со постов без навреда.Мислам да не се наљути некој без врска. ;D ;D ;D ;D ;)
-
Па добро, но дури и да ставил каква и да има жица дома, не мислам дека некој „од око“ може точно да каже „жицава е дебела 0.23mm“, тоа ми беше поентата ;).
Не мислам ни јас никој да навредам, ама она „од прилика 0.23mm“ ми беше чудно ;D. Според мене, во ваква ситуација, може да се каже „од прилика 0.2, 0.3mm“, толку. Дефинирање „од прилика“ во втора децимала од милиметар не верувам дека може од око да се измери ;).
-
Имав слушнато, иначе на зафрканција додадов втора децимала ;) . Јас со таква мотав еден ваков, па оваа ми беше слична. Се двоумев дали да пишам 0,235 мм, ама се премислив... ;D ;D ;D
-
Ама ме изнасмеа. ;) :)
-
Имав слушнато, иначе на зафрканција додадов втора децимала ;) . Јас со таква мотав еден ваков, па оваа ми беше слична. Се двоумев дали да пишам 0,235 мм, ама се премислив... ;D ;D ;D
Па ти пиши дека се шегуваш ;D. Некој може зериозно да те свати, ќе оди по виклери ќе бара жица со пресек 0.23mm ;D.
-
Шала на страна, како да ја намалам фрекфенцијата на теслиниов, некако да ги намалам намотките или?
-
теслиниот трансформатор е резонатор а за да ја намалиш фрекфенцијата го зголемуваш бројот на намотки на примарот, е сега дали ке работи со повеке намотки тоа незнам ;) ;D
-
Ќе работи, гарантирам! Ко можеше мојон обичен да работи со една неполна намотка(сепак многу слабо, но работеше) ќе работи и ова. :D :D
-
Ту киловолт браво ти многу си бил сигурен во себе.Точно така за да му ја намалиш резонантната фреквенција треба да ги зголемиш намотките на примарот. ;) Само многу си ми сигурен некако.Значи само со високонапонска техника работиш а ;D ;D.Се шалам.
-
пишав и зошто сум толку сигурен. Теоретски би требало да работи, замисли, теслин тр. со неполна намотка како изгледаше.. ;D ;D
Инаку сакам да ја намалам фрекфенцијата за да и ја "олеснам" работата на диодата, да не работи со полна снага.
-
Паметно ;)
-
А овој електролитов од 10 микро фаради, на шемава плусот е обоениот или празен правоаголник?
-
аман бе, и тоа ли не го знаеш. провери според половите на напонот инаку оној празниот правоаголник е плусот оној изшрафираниот е минусот, тој и другиот од 100нф се за филтрирање на напонот.
-
аман бе, и тоа ли не го знаеш. провери според половите на напонот инаку оној празниот правоаголник е плусот оној изшрафираниот е минусот, тој и другиот од 100нф се за филтрирање на напонот.
Јас за друг симбол учев на уч. и други знам, ама овој го немав сретнато во животот. Инаку знам.
-
абе и јас учам за други симболи, ама лесно ке го препознаеш плусот ако ги има дадено половите на напонот. ;) ;D
-
Така е на училиште се учи за други симболи.Но сепак иштрафираниот дел е минусот.
-
Се направив, уште секундарот да го намотам и да го поврзам со колово, па ќе ве прашував, дали треба пригушница, јас мислам дека не мора ама барам второ мислење.
-
Не сум сигурен дека не мора нека ти каже некој поискусен член.Може и да не мора. ;)
-
Еве денеска го составив и не работеше, Лед диодата единствено светнуваше кога го допирав излезот за висок напон. ги допрев со рака колекторот и емитерот заедно и светна слабо диодата, пробав да го изменам напонот и тогаш диодата експлодираше.. :D

Излезот за ВН си го допрел со рака!?? 8) Изгледа немаловисок напон ,иначе немаше сега да пишуваш на Форумов :D :D (шега)
-
Сигурно имаш нешто згрешено.Мора на излезот да има висок напон.Сигурно
-
E не работеше. незнам што згрешив, по шема го правев сето. Сега диода да најдам, и ќе ве известам за крајниот резултат.
-
Се направив, уште секундарот да го намотам и да го поврзам со колово, па ќе ве прашував, дали треба пригушница, јас мислам дека не мора ама барам второ мислење.
Леле, леле во мојта тема се пишува јас не знам. ;D
KiloVolt, пригушница е потребна зошто без неа многу потешко ќе почне да работи трансформаторот и дури ако почне искрите се помали.
Исто внимавај со напојувањето. Потребно е прилично голем напон за да почне да работи ако ти е 12 волти, нз ни дали ќе почне да осцилира.
-
Е токму така и мене истото ми го рекле за оваа шема.Порано и јас бев заакан за високонапонската техника а што се треба да биде исполнето за да почне да осцилира ;D.Инаку Slayer Exciter-от многу убаво си го направил Ивица. ;)

Фала. :)
-
и ивица друже кажи колкава е дебелината на жицата на примарот и секундарот да не нагањаме така...
-
KiloVolt, пригушница е потребна зошто без неа многу потешко ќе почне да работи трансформаторот и дури ако почне искрите се помали.
Исто внимавај со напојувањето. Потребно е прилично голем напон за да почне да работи ако ти е 12 волти, нз ни дали ќе почне да осцилира.
Напонот е 18 волти, 2,42 ампери. Пригушница неставив, до тоа ќе е...
-
и ивица друже кажи колкава е дебелината на жицата на примарот и секундарот да не нагањаме така...
Нема многу влијание дебелината. Кај мене секундарот е околу 0.3 мм (не знам точно). Примарот е околу 1 мм и како што кажав и двете деблини не се толку критични, може слободно да се стави и друга дебелина која е блиску до овие.
Ниту бројот на намотките не е толку критичен може да се зголемат или намалат во разумни граници и трафото пак треба да работи зошто само ќе си најде резонантна фреквенција само истата ќе биде помала или поголема респективно.
Истото важи и за таа димензија од 40 мм на секундарот. Може и на друга слична димензија да се мота ако немате цевка со ваква дебелина.