Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: ShAdOw on 29.06.2014, Sunday, 14:42:23

Title: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: ShAdOw on 29.06.2014, Sunday, 14:42:23
Code: [Select]
http://www.py2bbs.qsl.br/freq_dl4yhf.php
Дечки го изработив овој фрекфенцметар, работи одлично, ама петиот дисплеј никако да го оправам. Пробав со други транзистори, диоди, отпорници, ама пак исто. Ја изработив верзијата со заедничка анода.

Еве видео, обратите внимание на петиот дисплеј (прв од десно) и кажете според вас во што е проблемот...

VID 20140628 191527 (http://www.youtube.com/watch?v=DjLg4Dpl4wQ#ws)
Title: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: batka on 29.06.2014, Sunday, 17:09:54
Две работи се можни - фабрички влече поголема струја од другите  или пак нешто не е во ред со елементите во неговото напојување.Бидејќи си менувал елементи,следи да го намалиш напонот само на тој дисплеј.Ја немам шемата,ама веројатно може да се направи тоа едноставно.Јас прво би ја зголемил вредноста на отпорниците за секој сегмент или ако е директно врзан за ИК би ставил додатни отпорници .Пробај само на еден сегмент да видиш дали може тоа.
Title: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: Z32AL on 29.06.2014, Sunday, 19:01:00
А можно е и да е до софтверот (најчесто) :-) Провери доколку имаш осцилоскоп колку е duty cycle-от на освежување на тој дисплеј во однос на другите
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: GigaWatt on 01.07.2014, Tuesday, 08:09:40
Пробај смени локација на проблематичниот дисплеј и некој од другите (исправен). Ако се јавува истиот проблем, дисплејот е ОК. Ако проблемот се префрли на оној дисплеј со кој си сменил локација со „неисправниот“, проблемот е во дисплејот ;).
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: dimce on 01.07.2014, Tuesday, 16:09:13
Vidi sto ke ispadne od seto toa smeni mu sovtver pa ako go upravis pisi. Pozdrav od Ohrid vi pisuvam od mobilen ;)
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: ShAdOw on 01.07.2014, Tuesday, 16:52:22
Пробав и тоа уште одма, дисплејот е исправен, наверојатно проблемот е во софтверот, да видеме што ќе кажат другите :).

Проектот првично е дизајниран со 4 дисплеи, 5-тиот е за поголема точност и посебно се побудува преку транзистор. Крај краева ќе го извадам 5-тиот дисплеј и ќе го вградам во кутија со 4 дисплеи.

Јас ја изработив верзијата со заедничка анода, ќе пробам со заедничка катода и друг hex.

Еве шема:

(http://www.py2bbs.qsl.br/projetos/freq_dl4yhf/freq5.gif)
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: GigaWatt on 01.07.2014, Tuesday, 17:38:38
Ама оваа шема е за верзијата со заедничка катода. Дај да видиме шема за верзијата со заедничка анода... бидејќи начинот на побуда на петтиот дисплеј некако не ми прави логика.
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: ShAdOw on 01.07.2014, Tuesday, 20:50:15
Истата шема е, нема друга, само наместо транзисторот BC337 се става BC327 и диодите се ставаат обратно.

Еве ја монтажната шема и pcb за верзијата со заедничка анода:

Code: [Select]
http://www.py2bbs.qsl.br/projetos/freq_dl4yhf/freq_dl4yhf_5_dig_com_an.pdf
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: GigaWatt on 02.07.2014, Wednesday, 00:42:29
Ај пробај извади ги сите дисплеи освен последниот и види дали истото ќе се случува.
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: ShAdOw on 02.07.2014, Wednesday, 15:27:53
Пробав сега, со извадени дисплеи (1, 2, 3 и 4), 5-тиот дисплеј работи одлично.
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: tesla017 on 02.07.2014, Wednesday, 20:22:53
Пробај да ги намалеш отпорниците од 220 на 180 ома можно е дека нема доволно струја за 5тио дисплеј ;)
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: GigaWatt on 03.07.2014, Thursday, 02:47:39
Пробав сега, со извадени дисплеи (1, 2, 3 и 4), 5-тиот дисплеј работи одлично.

Најверојатно си пречат еден на друг бидејќи сигналот за on на 5-тиот дисплеј се зема од другите 4 дисплеи.

Пробај намали го R9 на половина (2.2K или 2.4K). Ако се подобри ситуацијата, врати го назад R9 и смени ја D4 со било каква шотки диода (може и шотки диода за големи струи, не е проблем). Ако ситуација се влоши, пробај пак смени го R9 со некој со помала вредност и види дали ќе се подобри во однос на првата проба (само со промена на R9). Ако се подобри, на добар пат сме ;). Пробај и елиминирај ја D4 (краткоспои ја). Ако проблемот се изгуби, со среќа ;). Ако пак го има, но е многу мал, замени ја комбинацијата R9/Q1/D4 со еден N-канален MOSFET (било каков општонаменски би требало да работи) и види дали сосема ќе се изгуби проблемот ;).
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: batka on 03.07.2014, Thursday, 13:53:12
Колку што видов 5-от дисплеј свети појако од првите 4.Спрема тоа влече повеќе струја.Ајде пробај во емитерот на ВС337 стави тример отпорник од 500 оми - 1к  и види дали може да се штелува на тој начин осветлувањето на 5-от сегмент.
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: LordZi on 05.07.2014, Saturday, 11:36:06
Мислам дека е истиот фреквенцметар како овој овде:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1584.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1584.0)
Го имам направено во верзијата со пет дисплеи, кај мене работи без проблем... ???
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: ShAdOw on 05.07.2014, Saturday, 20:56:54
Да тој е LordZi само има вградено LM7805 и појачало на влезот...

GigaWatt, Batka, пробав тоа што ми пишавте, нема никаков ефект освен менување на контрастот на дисплејот, останува уште да пробам со друга шотки диода, N-канален мосфет или со други дисплеи само со заедничка катода.
Title: Одг: Проблем со LED дисплеј на фрекфенцметар
Post by: LordZi on 07.07.2014, Monday, 11:53:50
Пробај исто симни го хексот од овој другиот линк...