Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: ZAPCE on 26.04.2014, Saturday, 19:36:07
-
Поздрав ми треба некој од вас на форумов кој мозе да ми го направи ова:
Ми треба уред кој вграден во кутија ќе изговори "благодарам" одкако некој пуштил паричка во неа.
Значи со пуштање на паричката се притиска микро прекидач и тој го активира уредот да изговори "благодарам". Ако има некој од вас на форумов што би можел ова да го изработи нека ми се јави на телефонот 078219782,па ќе ви појаснам поточно за што се рабори.Ви благодарам
-
Колкав ти е буџетот, затоа што најчесто во многу прилики електроничарите (глобално зборувано) се искористени и сега во последно време гледам дека доколку некој нешто прави повеќе тоа не го прави од ентузијазам и љубов (заборавете, нема повеќе љубов) него се прави за пари, ОК не мора пари да се може и со нешто друго да се договорите, оти „фала куќа не храни“
Понуди нешто мислам дека ќе има луѓе кој ќе се нафатат
-
Го направивте вистинскиот избор Макперол ви благодари за соработката- Најверојатно нешто такво сакаш... Хмм во право е девил, може најарно е и да се обратиш на макпетрол да ги прашаш кој им го изработил тоа или во некоја позбилна фирма за автоматика ваљда....
-
И тука ќе му го изработаат тоа не е тоа проблем. Проблемот е во тоа што некој (не го познавам човекот не можам за него да зборвам) ќе побара вака проект ќе го направи ќе го искомерцијализира и на крај онај кој го правел не добива ништо
-
Нека си плати 3-4000 денари и ке се нафати некои да ја изработи. Мислам дека од прилика толку би фатило.
-
мој предлог би било да го адаптира ова привезоче и ќе заврши работа.
http://www.ebay.com/itm/Digital-Voice-Recorder-Keychain-/261357030350
-
Вие изгледа непрочитавте добро оставив телефон за да се договориме а не за фала и да ви појаснам поточно сто сакам
И истото вие да го изработите бидејќи треба да се изработи и да функционира од права.јавете се казете цена и да го направиме.
Споено мислење: [time]27 Април 2014, 12:40:45[/time]
Кутијата јас ќе си ја направам вие само уредот да го направите тс.кога ќе се притисне микро прекидац да почне да зборува текстот ќе ви го кажеме и да пестанеоткако ќе го изговори.
Споено мислење: 27.04.2014, Sunday, 13:42:52
Didy тоа добро ресение и ние купивме таков уред но што се деси одкако ќе го казе текстот повторно почнува да збори одпочеток,а нас ни треба да прекине и да чека наредната паричка кога ќе се вметне.
-
Можам да ти изработам, исконтактирајме по приватна да ти објаснам некои работи и да си разјасниме :)