Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: aldu on 08.04.2014, Tuesday, 16:06:17

Title: Мерење на должина на кабел
Post by: aldu on 08.04.2014, Tuesday, 16:06:17
Имате ли некоја идеа како да направам некој уред за мерење на должина на кабел?
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: GigaWatt on 08.04.2014, Tuesday, 16:20:14
Мене најдобар уред ми е подлактица ;D. Еден круг околу подлактицата, барем на мојата подлактица, е околу 1m. Не знам дали е ова некое правило, јас сосема случајно го забележав ова ;D.

И не знам што точно подразбираш под уред кој ќе мери должина на кабел ???. Мислиш на некој уред кој механички ќе го влече кабелот и ќе мери колку извлекол од него? Ако мислиш на ова, ова е малку комплицирано без помош на човек. Можно е кабелот некаде да се уврти, да се заплетка и да се укочи машината или погрешно да премери. Се разбира, тука влијае и самата структура на кабелот. На пример, ако е лицнаст, поотпорен е на увртување. Ако станува збор за Ethernet кабел, особено CAT5e (Gigabit) кој е наменет за поставување на инсталација (не patch кабелчиња), тие кабли се крути и полни, понекогаш е тешко човек да ги одмота или исправи, а камо ли машина.

Зависи кои ти се потребите. Ако е за лицнасти кабли наменет уредот, можеби и може нешто да се направи. Ако е наменет за полни кабли... тешко.
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: aldu on 08.04.2014, Tuesday, 16:27:38
Не мислев на механичко мерење. Мислев на уред како што има на пазарот за да ја мери инсталираната должина. Треба да работи на принцип на рефлектометрија. Во принцип овде игра улога само пропагацијата на сигналот низ медиумот ама тоа е спецификација на материјал т.е нема врска дали е ethernet или RG кабел или енергетски.
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: MarkoMK on 08.04.2014, Tuesday, 17:18:54
Мерењето на тој начин не е баш едностнавна работа.. а и пошто не е нешто комерцијално, туку наменски е (го користат фирми како ЕВН, Телеком, кабловски оператори, за откривање на дефекти на подземен кабел,.. (продавачите на кабел си имаат метро :) ), изгледа заради тоа нема нешто голем избор на шеми за самоградба по интернет.

Еве една едноставна шема со 555 ама ќе ти треба и осцилоскоп на подрачје од us (микросекунди)

(http://www.mouthmusic.com/TEMP/aa6dd/Time_Domain_Reflectometer.jpg)

Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: aldu on 08.04.2014, Tuesday, 21:19:10
Благодарам за одговорите ама на шемата е претставена сонда за генерирање на импулс а резултатот се гледа на осцилоскоп. Вакви генератори има бајаги на интернет ама поентата е место осцилоскоп да има дисплеј кој рефлектираниот сигнал ке го измери и врз база на разликата од времето на повратниот импулс и пропагацијата на сигналот во кабелот ќе го даде растојанието (поделено на пола) кое ја претставува должината на кабелот.
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: GigaWatt on 08.04.2014, Tuesday, 22:11:48
Како што пиша MarkoMK, ова веќе спаѓа во домен на комерцијални уреди и не верувам дека ќе најдеш некоја шема за комерцијална употреба. Некои од уредите на LanTEK серијата мислам дека имаат ваква опција за мерење на должина на Ethernet кабли, ама овие уреди воопшто не се евтини. А освен тоа, овие уреди работат само со Ethernet кабли, не и со други типови на кабли.
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: Trolko on 08.04.2014, Tuesday, 22:32:21
Имаше една серија чипчиња од TI за мерење на рефлексии и ствари на кабли од TexasInstruments, можеа да ја мерат и должината, пробарај кај нив на каталог
Title: Одг: Мерење на должина на кабел
Post by: aldu on 09.04.2014, Wednesday, 01:59:14
Да, мислам дека со TI ќе се заврши работа.