Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Zan on 23.10.2013, Wednesday, 20:13:46
-
Ова е едноставен тајмер со PIC12F675. Предвиден е за кратки временски интервали, максимум до 100 секунди.
Нема никаков дисплеј за прикажување на времето. Се подесува така што се кликнува на тастерот SEC+,
онолку пати колку секунди сакаме да биде активен релејот. Со кликнување на копчето Start, започнува одбројувањето.
Диодата LED1, трепнува на секое притискање на тастерот SEC+, а исто така трепнува и на секоја измината секунда, кога тајмерот одбројува.
Во прилог е кодот за PIC, напишан во компајлерот mikroBasic v7.0.2, и проектот во Proteus-Isis v7.7 SP2.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/TimerPIC12F675_zpsf5b07baf.jpg)
-
Ова е добро само за учење,а во пракса може да се направи многу поевтина и посигурна (проверено) варијанта на тајмери.Во ерава на ПС може да се направи програмски,дури и мрежно да се поврзе компјутерот сонекој уред да го вклучува или исклучува за одредено време ( 24 часа).
-
Може наместо до 100 секунди, да направиш до 100 минути да одбројува. Мислам дека така би било подобро. Во секој случај браво за изработката и презентацијата на твојот труд.
-
Јас сметам дека е одличен трудот ;). Може да се изведе и скоро аналогно, ама ако е потребно навистина прецизно приклучување по, на пример, точно 34 секунди, изработка со микроконтролер е дефинитивно поточна ;). Освен тоа, остава и простор за подесување без додавање на нови екстерни компоненти ;). Се разбира дека може и со PC се ова да се изведе, ама има места на кои не може (или не смее) да се држи цело време вклучено PC или лаптоп. Освен тоа, многу повеќе струја трошат тие уреди ;). Дизајнот е едноставен и практичен, овозможува лесна монтажа и релативно добра индикација ;).
Не го разгледав кодот, затоа ќе прашам ;D. Дали има имплементирано функција да може и по определено време откако ќе се изгаси уредот, пак да се пали. На пример, се држи вклучен уредот 50 секунди, потоа има 20 секунди пауза и пак се пушта да работи 50 секунди и овој цилкус репетитивно се повторува.
-
Дали има имплементирано функција да може и по определено време откако ќе се изгаси уредот, пак да се пали. На пример, се држи вклучен уредот 50 секунди, потоа има 20 секунди пауза и пак се пушта да работи 50 секунди и овој цилкус репетитивно се повторува.
Нема никакви дополнителни опции, го направив наједноставно, како пример за учење, а истовремено може да биде и корисен уред. Даден е и кодот, па секој може да го измени и да си направи тоа што сака ;)
-
Аха, ОК ;).
-
...во пракса може да се направи многу поевтина и посигурна (проверено) варијанта на тајмери...
И со PIC може да се направи ефтина, сигурна и проверена варијанта ;)
На ebay, PIC12F675 е 35 денари.
-
Ако може некој нека ги претвори секундите во минути
-
Може, ама тоа ќе биде утре попладне :)
Споено мислење: 24.10.2013, Thursday, 18:08:52
Нова содржина за PIC12F675, тајмер до 100 минути.
-
Браво мајсторе! Прва прилика и го правам овој тајмер.