Author Topic: Проблем со засилувач Grundig SV 2000  (Read 1527 times)

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Проблем со засилувач Grundig SV 2000
« Opened on 04.01.2015, Sunday, 02:01:11 (Edited 04.01.2015, Sunday, 18:02:02) »
Прво срекна нова 2015 година и поздрав до сите членови на форумов. Ми треба помош околу појачалото кое е наведено во насловот. Се работи за следното, најпрво почна да не се вклучува појачалото односно релеата не уклучуваа, тогаш најдов ладен лем околу релеата. Потоа работеше неколку месеци па ми изгоре едниот канал. Бидејќи не можев да најдам оригинални транзистори давата канала ги заменив со BDW транзистори и додека настојував да ја подесам мирната струја од невнимание направив спој, поново изгоре едниот канал а воедно престана да работи и предпојачалото и го изгубив вклучувањето на лед диодите. Од тогаш навака незнам колку време се мачам да го средам проблемот но никако не успевам, ги заменив повечето транзистори со нови и тоа во претпојачалото и во делот на заштитата како и зенерките во заштитата. На „ладно“ сум ги мерел сите отпорници, кондензатори, диоди и транзистори (во предпојачалото, заштитата и во излезниот дел) но не успеав ништо сомнително да пронајдам, во секундарниот дел отпорникот означен со R802 кој е 47 оми 1 ват беше изгорен и го заменив со нов и еден вод беше тотално изгорен - прекид каде направив мост. Значи сега  следен е проблемот: предпојачалото не уклучува, не свети ниедна лед диода, релеата двете уклучуваат. Кога вршам мерење и доколку ја земам масата од шасијата, секаде каде што допирам со црвената клема добивам напон од 61,5 волти, а доколку земам маса од претпојачалото добивам некој си вредности кој не се поклопуваат со вредностите прикажани во шемата како во претпојачалото така и во заштитата. Се надевам дека ќе добијам некоја помош и мислење а воедно сакам да кажам дека не сум професионален „школуван“електроничар па затоа ако сум згрешил некаде во поимите ве молам да ми извинете. Иначе појачалото не би сакал да го фрлам бидејќи сум презадоволен од него по квалитет на звук, имам повеќе појачала и еден ресивер но Grundig-от ми лежи. Поздрав. Шема не вметнувам бидејќи не знам како да ја вметнам  :)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Grundig SV2000
« Reply #1 on 04.01.2015, Sunday, 13:58:23 »
Среќна нова и тебе.Го прочитав неколку пати постот и би те запрашал?
-Дали замените што си ги направил, се со исти делчина или други?
-колку напон се напојува излезниот степен (појачалото),дали го имаш тој напон на кондензаторите кои се напојува излезот спрема шемата.
-дали сега ти работи излезот и заштитата
-и доколку е ова во ред и излезот ти работи,пушти малку музика на влезот од појачалото да се увериш дека е ок.
-е сега провери колку напон треба за предпојачалото и од каде зема? Имаш очигледно прекин на напојувањето на предпојачалото а со тој напон се напојува и ву метарот лед диодите и т.н.
-ако мериш + према шасија маса,и не е исто спрема ако измериш на кондензатори очигледно шасијата е поврзана преку диода кондензатор и т.н.

Оди дел по дел најлесно е така,напојување,излез,заштита.предпојачало.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Grundig SV2000
« Reply #2 on 04.01.2015, Sunday, 14:34:21 »
Ако ја имаш шемата постирај ја. За почеток: провери си го прво исправувачот- од трафото,грец,стабилизација,Види по шема дали ги добиваш потребните напони.Ако е можно одвој го исравувачот и стабилизаторот од излезите и препојачувачот  и така мери ги напоните.Да ја видиме шемата и означи на кои точки ,какви напони добиваш.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Одг: Grundig SV2000
« Reply #3 on 04.01.2015, Sunday, 15:21:05 »
Ова појачало нема заштита при вклучување, директно е на прекидач. исправувачи нема, посебно е за секој канал. Затоа препорачувам да ги провери прво излезните степените со тоа што ке пушти сигнал преку жиците што доаѓаат од тонската контрола, доколку се е во ред со излезните степени, провери ги тонските контроли па предпојачалото и на крај провери ги влезните селектори. она што не светат диодите е најверојатно проблем кај селекторот.  исто на излез тие релеата мн. греат види дали се исправни.

lux

Транзисторите во излезниот степен се некои германски копја на Бд не се секавам точно на ознаките. во секој случај тоа не би требало да биде проблем.
Напонот е некаде околу +30 и -30 значи е симетричен.
се секавам дека на излезот имаше и некој штос, нешто што ја стаблизира струјата или така, може и тоа да прави проблем.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не разбирам како нема исправувачи,кога гледам има толкав трансформатор и по два големи електролити на секој канал.Подобро кажи има посебен исправува за секој канал(така ми стои),од кој се напојуваат и секој предпојаувач  посебно.

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Одг: Проблем со засилувач Grundig SV 2000
« Reply #5 on 05.01.2015, Monday, 03:18:13 (Edited 02.03.2015, Monday, 01:35:30) »
На електролитите имам напон од +30 и -30 волти, а претпојачалото работи на 60волти кој ги добива од секунданата плоча на трафото. Значи тој дел е ок, а ок се и излезните степени. Транзисторите се GP140 и GP145 - дарлингтон, заменети се со BDW83C и BDW84C. Сега додека ги правев сликите, приметив дека околу релеата има диода која е означена со D3 со ознаки BZ102 3v4 и BZX75C3v6, па гледајќи на врт-2009 тоа се si-di stab, јас ја заменив со зенерка 3v6. Можеби ова е грешката бидејќи на шемата не е означена како зенер а јас ја заменив со зенерка?


Сега и едно прашање, кое за Вас поискусните може ќе ви биде смешно но за мене пошто незнам не ми е срам да прашам. Дали масата на претпојачалото (според шемата која ќе биде во прилог) е исто што и шасијата на појачалото или претпојачалото користи некоја друга маса? Ова го прашувам од причини што ако ја користам шасијата како маса во мерењето, секаде во претпојачалото добивам напон од 60 волти а доколку земам маса од некој елемент во претпојачалото кој е со маса врзан не добивам никаков напон, па ми дава сомнение како да има прекид во маса.
еве ја и шемата во pdf па ако некој сака да ја разгледа и да ми објасни ќе бидам благодарен.
Code: [Select]
http://elektrotanya.com/grundig_sv-2000_gb_u.pdf/download.html

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Од приложениве шеми немошам ама баш нито да видам.
-Ако работи на +30 и-30 волти симетрично ок што си ставил BDW83c /84c ок,
-сеуште не одговори па се бркаме во темница,дали излезниот степен работи,па после оди на степенот пред него т.е. предпојачалото,остави тоа кое од кај зема маса,ако не ти работи излезот,нагласив оди степен по степен.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
батка мислев дека нема исправувчка плочка како на "модерните" појачала, туку дека за секој степен има посебно исправувач.....

фрост како што се секавам масата е поврзана на шасијата и не би требало да покажува 60в при мерење.
има две жички кои го носат сигналот од тонските контроли до излезниот степен, пушти сигнал преку нив и мери на излез дали има нешто. btw, мери на излез за еднонасочна, ама не преку релињата туку пред нив директно на плочата мислам дека имаше и калем мери на него.  ;)

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Се извинувам што подолго време ме немаше но поради празниците не можев да проверам ништо. Денес со сигнал инјектор ги проверив излезните степени и тие се ОК, на звучник добивам сигнал. Извршив мерење на претпојачалото и тоа, кога масата ја користам од C84  на R84(3к6) имам напон од 61в (овој напон го добивам на секоја точка каде што ќе допрам со црвената клема, зборувам за претпојачалото), но ако масата ја користам од C44 во тој случај на претпојачало не добивам никаков напон, на ниедна точка. Ги заменив сите транзистори со ознака BC560, не сменети ми останаа само три транзистори BC550(сум немал но ги нарачав и ќе ги заменам). Претходно мислам кажав дека сите електролити ги проверив со капацитет метар и ЕСР метар, добри се. Искрено незнам што понатака, помагајте  :(.

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Каде сте бре луѓе. Зарем толку од помошта!?

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Проблемот е решен - прекид на масата на плочката со дин конекторите. Во секој случај благодарам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Каде сте бре луѓе. Зарем толку од помошта!?

Е,па не сме бре видовити да видиме дека масата била во прекид.Вакви грешки не се одстрануваат со гледање или совети,ами со инструмент во рака!