Author Topic: Проблем околу скретници за вискотонци  (Read 1822 times)

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Проблем околу скретници за вискотонци
« Opened on 20.09.2014, Saturday, 22:53:12 (Edited 08.09.2019, Sunday, 21:04:39) »
Имам проблем ми изгореа старите вискотонци и ги заменив со нови појаки, ама се изгорени и отпорниците на скретниците. Дали може да ги користам истите скретници или ми требаат други вредности за овие вискотонци?
Старите ми беа со јачина околу 60w 8ома, а овие сега и пишува max.power:75/300w 8ома.






Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Замени ги со иста вредност отпорници. Дали има некаде ознака SPL и која вредност пишува? Истото се однесува да провериш и на изгорениот високотонец.

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Одг: Проблем околу скретници за вискотонц
« Reply #2 on 21.09.2014, Sunday, 12:28:03 (Edited 21.09.2014, Sunday, 12:30:12) »
стариот вискотонец ми беше со неодиниум магнет и не пишуваше ништо на него освен 8ома

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Ги провери отпорниците со унимер дека се изгорени? Осигурачот е исправен така?

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
изгорени се отпорниците а осигурачот не е мене ми ова случи поради лош контакт со аудио кабелот во лап топот и дојде некој силен звук на бучење и тогаш ми изгореа и вискотонците и отпорниците

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не разбрав- директно на излезот за слушалици ги врза звучниците или преку појачувач??? За кои звучници се работи ( евентуален засилувач??) ?? Точниот поим е неодиумски магнет,а не неодиниум  магнет.

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Па да секако дека иде преку миксета и снагаш звукот нормално и ми беше прилично јако пуштен гласот и го мрднав некако кабелот и почна да дава таков звук како да бучи ама веке тоа го средив џекот за влез на аудио кабелот и сега ми е проблем околу скретницата дали да ги ставам истите отпорници како што беше или да се заменат со други вредности за да ги користам добро вискотонците да свират како што треба.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Смени ги истите, немаш никакви други информации за звучките.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па да секако дека иде преку миксета и снагаш звукот нормално и ми беше прилично јако пуштен гласот и го мрднав некако кабелот и почна да дава таков звук како да бучи ама веке тоа го средив џекот за влез на аудио кабелот и сега ми е проблем околу скретницата дали да ги ставам истите отпорници како што беше или да се заменат со други вредности за да ги користам добро вискотонците да свират како што треба.


Па ти ништо не пиша за тоа,а претпоставувам што се случило и зошто прегореле високотонците.Имаше сега еден пост за раздвојување на масите на два уреда ( РС и  засилувач),па не е лошо да побараш малку.Јас врзувањето на лап топот го правам исклучиво на тој начин.Ако батеријата држи ,при озвучување со лап топ работи го на батерија.

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Не е проблемот во тоа да работи на батерија или пунач сега ме интересира дали да ги средам како што биле исто скретниците или да ставам други отпорници бидејки овие се појаки од старите што беа вискотонци...

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Стави исти отпорници иако се појаки високотонците бидеќи сигурно немаш клио (професионален уред за тестирање звучки) па на уво нема ништо да направиш,ова на сликава од скретницава ламба ли е или осигурувач,јас мислам дека е ламба за заштита на високотонците, а не осигурувач како што спомна во некој претходен пост,а батка ти спомна можна причина за нивно прегорување и не го занемарувај ова со масава од лаптопт бидеќи и мене заради таа маса ми имаат летнато ::) двата високотонци.позз
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Да ламба е ама и таа беше изгорена заедно со отпорниците и ја заменив и ја се мислам да ги ставам истите отпорници па ваљда ако доаѓа појак тон би требало да свети ламбата 

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
од кај најде ламба ваква што вати пишува на неа и колку волти
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline dek4e91

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Не сум нашол уште имав една и ја заменив таа а другата не е заменета иначе и пишува 12v 25w сигурно ѓи има по железарите не сум проверил