Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: borce on 11.06.2013, Tuesday, 23:22:25
-
Има ли можеби некој од форумов ел. шема.Инаку напојувањето е во ред излезните тр. се во ред и сите др. транзистори се во ред. а на звучник се слуша звук ( брум ) исто како да е прегорен излезот, брумот не може да се намали се појавува со самото вклучување,ако има некој некое сознание или можеби сл. или ист проблем нека сподели искуство.
-
Quadro се римува со Мадро, ама се седи Мадро за да не се носи Модро ! Шала :)
Оваа Quadro сигурно има и презиме освен име, илити модел и тип !
-
Модел HT-500
-
Бараш помош за сервисирање или само шема бараш?
-
Имам таков woofer се расипа барам и помош за да го поправам. а и шема заради подобра прегледност при поправката,секаква помош е добредојдена
-
ОК, сменето е името на темата ;).
-
Колку се измерените напони на краевите ( + и - ) од конденазаторите C801, C802, C803, C804.
-
Смени му ги 2N5401 тој стои помеѓу 2та побудни големи транзистори и 3 Комада 2N5551 тие се: првиот кај хладњакот што е залепен со бела паста тој е 2N5551 а вторите 2 се кај побудните транзистори што личат на BD243 I 244-големите таму имаш по еден 2N5551 како драјвери смени ги и нив и пали вози.Ако пак бучи имаш 2 отпорника по 68 ома едниот од нив ако има сменето вредност повеке околу 70 и некој -ом истиот дефект го прави. ако пак прави има 2 зенерки тие се на почетокот на плочата мислам беја 22 иили 24 волти смени ги и нив.тоа е веке ептен ако не го бива.Јас сум гаранциски сервис за нив.
-
Dimce фала за исцрпното објаснување утре кога ќе се вратам од работа ќе видам што ќе направам
поздрав и секое добро
-
Тука сме да си помогнеме еден на друг такви вуфери веке нема тие беа закон.Имам ми се мота една картица у гаража сосе предпојачало ако заглавиш ке видам од неја точно под кои броеви беа на плочата транзисторите.
-
Да така е тоа е суштината на живеењето да си помагаме и споделуваме искуства.
-
Има некој шема?
-
Ја има на fanzo во експерт секцијата, ама мора да си член на експерт секцијата за да можеш да ја симнеш.
Sema i service manual se nalazi u EXPERT dio i nije za javno prikazivanje
-
Некој да ми каже сервис во Скопје или број од некој што ги поправа?
Горан 072224119
-
Ја има на fanzo во експерт секцијата, ама мора да си член на експерт секцијата за да можеш да ја симнеш.
Sema i service manual se nalazi u EXPERT dio i nije za javno prikazivanje
А тоа значи треба да платиш ;)
-
Бидејќи тоа е 5.1 засилувач . дали другите 5 (TDA2030) канали се во ред , само вуферот има брум или и тие имаат проблем. Како знаеш дека излезните транзистори се во ред , послушај го DIMCE тоа што ти напишал , чекор по чекор провери ги сите транзистори и активни делови , првин тие што DIMCE ти ги посочи , и потоа пиши што си направил. Имам излезна плоча од тој модел , незнам што има на него што е извадено , ама како и да е ке го оправиме твојот. ;)
-
А тоа значи треба да платиш ;)
10 ден дневно и имаш еден „мал милион“ податоци, но само ако те примат во Expert!
-
Јас го имам истиот систем. Го купив пред некои си 15 год и до сега ме служеше одлично. Ми изгоре вуферот но тоа е друг муабет. Во врска со брумот. И јас го имав истиот проблем кога го купив. Се јавуваше силно зуење на сите 5 звучници и плус на вуферот. Го носев на неколку сервиси и не можеа да го средат. Не знам како се деси но верувал или не се среди само. Што се деси: Неприметно даљинското ми се нашло под папка една и папката притиснала на копчето горе за палење што е. Приметив дека сараундод се пали и гаси сам по себе. Мислев дека се скренал сам за да после некое време го видов даљинското. Не знам како и кое е техничкото објаснување што се случило но шумот се изгуби после ова. Претпоставувам дека се работело за некоја индукција или сл. па на овој начин се изгубила. Се надевам ќе го средиш ако веќе и не си го сторил тоа. Поздрав.
-
Cevi во ред е,ама темата е стара 1,5 година .Ако се јави оној кој ја поставил темата нека каже како го решил проблемот ( дали воопшто го решил!?? ;)