Изработувам печатени плочки со тонер-трансфер техника, може од готов предлог во некоја од програмите наменети за тоа (Sprint Layout, Eagle...), а по договор може и од скенирана слика, фотографија и сл., цената е 4,5ден. од cm2 на пертинакс, плочката ја добивате избушена и премачкана со калафониум. Ако не е поинаку нагласено сите дупчиња ќе бидат избушени со бургија 0,8mm (освен дупките за монтажa 3,2mm), а ако треба може да бидат и со некоја друга димензија (од 0,5mm па нагоре), исто така ако треба на плочката може да се направи отвор, лежиште и сл. со било каква форма, а исто така и целата плочка може да биде во било која форма - правоаголна, кружна, елипсеста, некоја специјална форма итн., се тоа е влезено во цената. По договор плочките може да бидат и калаисани наместо премачкани со калафониум.
Напоменувам дека не мора да се нарачува поголема количина, изработувам и само една плочка ако е потребно
.
За се што треба пишете ми на ПП.
Еве неколку примери на готови плочки:
Еве уште еден пример на готов комплет плочки, избушени со 0,8mm и 1mm соодветно, со посебен отвор за монтажа на конектор на помалата плочка, со монтирани подножја и премачкани со калафониум: