Пасивните компоненти од ибеј (отпорници, кондензатори...) се со пристоен квалитет и сосема употребливи. Активните (ИК, транзистори...) скоро секогаш се фалсификати, ама па не се ништо поразлични од тие што ги има по нашите продавници, а се двојно или повеќе поефтини. Сум нарачувал операциски засилувачи, логички кола (CD..., SN... серии) и до сега не сум имал проблеми. Ако сакате оригинални делови се знае, Маузер, Фарнел и сл. За Тајда имам читано дека продаваат исти делови како од ибеј, т.е. кинески копии...