Значи ситуацијата е следна: Пред деколку месеци купив звучник од Алфа електроник Tele 180w 12" 4 оми и имав план да направам звучни кутии ама пак пред некое време кога собрав пари за уште еден таков звучник не можев да најдам т.е. нема. Мене ми треба исклучиво 4 омски звучник е сега најдов еден сличен на Теле-то ама пак тој е 8 оми и е единствен е сега ме интересира како можам да ја паднам омажата на 4 оми за да направам две исти звучни кутии, ако некој знае нека пиши.
Звучник се репарира само ако е издуван, пробај да направиш некоја комбинација со тие звучници кои ги имаш не би ти препорачал менување на намотка ако досега не си го правел тоа!
А нема да може,да се намали отпорот на тој 8 омскиот звучник со паралелно додавање на отпорник од 8Ω 11W?
Почекај нека каже уште некој друго мислење бидејќи ова важи за повржување 2 или повеќе исти звучници. Не сум сигурен дали би било исто за звучник и хорна.
Отпорник на звучник во серија поради зголемување на омажата не смее да се додава! Во краен случај страда отпорникот,намотката и на крај излезот! Фрлај во корпа и собирај пари за други звучници,тоа е мојот совет.