Повод за изработка на овој уред е што во комерцијалните продолжителни кабли за напојување на осетливи електронски уреди, имаат само еден варистор и ништо повеќе.
Од старо напојување искомбинирав филтрација со П филтри да се намалат пиковите на пренапоните, има и варистор, и пак филтрација со индуктивитет и кондензатори.
А во продолжниот успеав освен варистор да вметнам индуктивен филтер и кондензатор.
Калсичните кинески напојувања за компјутери обично имаат краткоспојници кај овие елементи, додека новите ЛЕД телевизори овој дел е посебно среден со двојна филтрација и битен елемент е во серија ПТЦ отпорник.
Дали ќе биде функционално ќе видиме,секако е подобро одколку без него.
Мотивот за ова е што во Велес се крадат делови од трафостаници,конкретно нулти спроводник- флекс бакарна шина и доаѓа до сите потрошувачи по 380В, и голема матријална штета.
варистор + LC филтер