SPHE8281D = DVD Single Chip MPEG A/V Processor. Во превод, ова авто-радио има можност и за DVD Video Playback. Дали е искористена таа функција во firmware-от, тоа е веќе друго прашање. Како и да е, според блок дијаграмот, чудово треба да комуницира со некој екстерен EEPROM. Види дали во негова близина има некои чипче со 8 изводи и пиши ги ознаките. Може да е во DIP или SMD пакување.
Проблемот е што има повеќе напони за напојување, 3.3V, 1.8V за kernel, напојување за PLL, за DAC, за ова, за она... треба да провериш дали ги има сите потребни напони. Симни datasheet од колово, го има online и провери дали на сите пинови на кои пишува VDD_K1, VDD_K2, VDD_K3 и VDD_K4 има околу 1.8V напон. Овие напони се напојување за kernel-от. VDD_K1 е пин 56, VDD_K2 е пин 105, VDD_K3 е пин 121 и VDD_K4 е пин 143. Не мора да мериш директно на пиновите, може да мериш и за некоја лемна точка за која се врзани секој од пиновите. Многу веројатно е и сите да се краткоспоени едни со други. Прво провери го ова на beep-ер подрачје на унимерот. Провери и дали на главната плоча има и некој стабилизатор за 1.8V. Ако напоните ги нема, пиши, ќе видиме што да правиме потоа.
Потоа, имаш VDD_IO. Тоа се напони за влезно-излезните единици од чипот (перифериите, радио, DVD, CD, DAC, USB и се останато). Овие напони се многу. Не можам да ги набројувам сите, премногу пинови се, во datasheet-от е објаснето секој од овие напони за што е. Во секој случај, напонот на секој од нив треба да биде околу 3.3V. Исто како и претходно, веројатноста сите овие пинови да се врзани за заеднички напојувачки rail е голема, така да, провери дали на плочата има некои три пински стабилизатор за 3.3V. Исто како и тој за 1.8V, треба да биде монтиран (залемен) на самата плочка, најверојатно изведен во SMD и по форма сличен на MOSFET од матична плоча. Ако има нешто вакво, измери дали на излез дава напон од 3.3V. Ако нема, провери на beep-ер подрачје дали секој од пиновите за 3.3V-ниот напон е врзан за излезот од овој стабилизатор. Ако некој пин не е, пиши кој е, значи тој не добива напоување од 3.3V.
Во меѓувреме, ќе пробам ако може да најдам некоја шема од авто-радиово. Ова е некое Кинеско no name радио, така да... не се надевај премногу.
EDIT: Најдов некоја алатка за SunPlus процесори, ама не знам ни како се поврзува, ни како се работи со неа, на Руски е напишан софтверот, така да, ако сакаш да не читаш прашалници кога ќе го пуштиш софтверот, подеси си на PC-то да има Russian Compatibility со програмите. Еве ја темата каде го најдов софтверот.
http://monitor.net.ru/forum/topic46786-704.html
https://app.box.com/s/hsjmwcahmi8i6m8ufiv4
EDIT2: Еве, најдов и некоја шема за овој контролер. Провери дали има сличност со компонентите во твоето радио.
http://archive.espec.ws/section32/file15854.html
https://app.box.com/s/idimfbfg4p1jvm5g1xql