Author Topic: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D  (Read 2798 times)

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
« Opened on 04.10.2013, Friday, 18:39:01 (Edited 04.10.2013, Friday, 21:46:42) »
Нај првин здраво на сите членови на форумот потребна ми е помош за радио касетофон за во кола?
Проблемот се состои во тоа сто радиото е Блаупункт и си има код .. Кодот го знам али не знам како се вметнува во касетофонот инаку касетофонот е од Опел астра 2 али колата е продадена пред околу 3 години и сега имам намера касетовонот да го искористам за во работилница ( гаража)

Значи кодот треба да се активира на слепо доколку некој има веќе вакво искуство би било пожелно да ја објасни постапката за активирање на радиото

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ајде кажи за кој модел се однесува и како изгледа ( едно фото),па ке видиме. ;D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Освен Opel Astra2 гугл бара и додатни ознаки после Opel Astra2, за да покаже кое и како изгледа радиото вградено во тоа возило!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
Одг: Помош за радио касетофон за во кола
« Reply #3 on 04.10.2013, Friday, 19:34:32 (Edited 04.10.2013, Friday, 21:47:56) »


Blaupunkt CAR 300D

Го имам оригинал кодот на картичката само ми треба упатство како да го вметнам на радиото (чекор по чекор) пошто треба да се вметни на слепо да не кажам на среќа?
значи на колата си имасе дисплеј напред и таму се гледа кој код го ставаш али колата е продадена и сега немам визуелна орентација за кодот?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Малку тешко ќе оди без дисплеј.
Знаеш ли правилно да го поврзеш на напон?
Жан

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
за на напон го поврзав и си светнува тоаа црврната диода каде сто пишува коде кога ќе го претиснеш копчето за глас се активира целото радио светнува али не работи ни касетата не врти внатре.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Пробај вака, исклучи го радиото,  притисни го копчето AS, вклучи го радиото и држи го копчето AS притиснато уште пет секунди.
Сега би требало да може да се впише кодот.
Со копчето со број 1 се внесува првата цифра од кодот
Со копчето со број 2 се внесува втората цифра од кодот
Со копчето со број 3 се внесува третата цифра од кодот
Со копчето со број 4 се внесува четвртата цифра од кодот

Со првото притискање се испишува нула, со второто единица итн.

Откако ќе ги внесеш сите 4 цифри од кодот, повторно задржи го копчето AS неколку секунди, по што радиото би требало да се вклучи.

Доколку погрешиш нешто, радиото ќе се блокира 10 минути, па потоа ќе може повторно да пробаш.
Ако погрешиш повторно, треба да го оставиш радиот вклучено повеќе од еден час, и ќе имаш уште една шанса. Ако пак погрешиш, радиото ќе се блокира засекогаш.
Жан

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
Изгледа радиото ќе оди во канта !!!! вметнато ми е повеќе од да не речам 10 пати
тоа значи дека е блокирано за секогаш оди во кантаа за старо железо

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Можеби не е за во канта, остави го вклучено повеќе од еден час, па пробај.
Жан

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
Одг: Помош за радио касетофон за во кола
« Reply #9 on 04.10.2013, Friday, 20:21:38 (Edited 04.10.2013, Friday, 20:24:26) »
приателе има работено со саталитски рисајвери и имав еден сличен проблем на овој па го решив со флешување на епромот незнам како оди постапката за радио касетофони дали се брише кодот од епромот со некаква си софистицирана програма која се приклучува на ком... и со неа се брише кодот али за тоа ке ми треба повеќе време?

ти благодарам за потрошеното време али мое мислење е дека е блокирано зошто 10 пати и поврќе се обидувам да го активирам

ПОЗДРАВ......

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Може да се флешува ако имаш програматор за моторола MC68HC05B16 процесор.
Жан

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
нема такво нешто а и башка за тоа ќе ми треба упатство

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Ништо тогаш, не вреди, премногу е комплицирано.
Жан

Offline kalinkar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 17
  • Gender: Male
знам од искуството со саталитската се намачив за да ја вратам во живот...

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
...

Со првото притискање се испишува нула, со второто единица итн.

...

Со едно притискање треба да е единица, не нула. Нека проба така (ако не пробал веќе)...
Life is too short to remove USB safely ..