Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 06.06.2012, Wednesday, 10:47:25
-
Со еден или повеќе стартери од неонка може да се направи многу едноставен лајт-шоу според следните шеми, може да се стават повеќе светилки паралелно (да се внимава на вкупната моќност!) или може да се употребат готови светилки во боја за новогодишна елка (само светилките, без автоматиката):
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/starterlightshow.jpg)
-
Колку само журки имаме истерано со овакви трепкачи, невидена работа...Ме врати едно 20 години наназад.. Свака Час ;D
-
Мене ми изгоре белата сијаличка на новогодишни сијалички и ја заменив со стартер. Си работеше одлично само што пребргу трепкаше :)
-
лееееј, здравје да си отидам дома цела соба ке си ја наредам со вакви лајт шоу-а...алал да ти е шефе...
-
Хмм.. интересно е ама копи пејст е од Emagarence :D иначе го имам напраено и закон е !
-
Ај стави линк од тоа емагаренце, да видиме кој копирал и што...
-
воопшто не е копија, дизајнот и идеата се толку прости што и да сакаш да го измениш нема да е пак нешто различно
-
Хмм.. интересно е ама копи пејст е од Emagarence :D иначе го имам напраено и закон е !
Ако сакате навистина да знаете кој од кого копирал и пастирал само ке спомнам дека ова конструкција за прв пат испадна во *Техничке новине*,списание за техника во бивша ЈУ,во далечната 1976 година,а случајно уште го чувам тој број ;D. Го постави како идеја Драган Раденковиќ од Белград.
-
Јас ја видов шемата во некој стар Електор од 70 или 80-те и ја прецртав во sPlan, наместо ознаката за стартер го нацртав вака да биде поразбирливо и плус додадов објаснување на македонски, иначе побарав линк пошто ме интересираше дали тие од кај магарето ја имаат ставено баш оваа истата слика па после да викаат дека нив ги копираат.
А тоа дека шемата е стара со децении е неспорно... ;)
-
Колку бргу трепка ова, со која фрекфенција?
-
Колку бргу трепка ова, со која фрекфенција?
Брзината е random, но најверојатно не е побрзо од трепкањето при палење на неонка ;). Најверојатно може да се регулира брзината на трепкањето со менување на различни стартери од различни производители и за различни моќности на неонки ;).
-
Брзината е random, но најверојатно не е побрзо од трепкањето при палење на неонка . Најверојатно може да се регулира брзината на трепкањето со менување на различни стартери од различни производители и за различни моќности на неонки .
нема да има разлика бидејќи стартерите се универзални од 4 до 64W и еден стартер може да се користи за неонка од 18W до 60W, единствена разлика што ја има кај стртерите е дали се сингл или сериски ;)
-
Jaс вака си ги имав направено сијаличките. Ми изгоре таа плочлата за команда како да светата, и со еден стартер ги поврзав и си работен. Трепкаа како палење на неонка.