Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Malecko on 17.09.2010, Friday, 16:39:53
-
Па како што кажав дека ќе направам мини туторијал за генератор на висок напон па еве го. :D
Потребни елементи:
1.Сплит трансформатор од телевизор или од монитор не е битно но битно е да има вградена каскада од тие поновите црни.По добро е да имате од телевизор бидејќи тој трансформатор нема излезен кондензатор и со тоа ќе добиете по голема должина на искрата а и по моќна. :)
2.Електронска пригушница најмалку 20W извадена од неонка со навој или пак посебна за тие долгите неонки цилиндрични.
3.Леткум некои жици алат
4.ВНИМАВАЊЕ И ТОА МНОГУ !!!
Изглед на сплит трансформатор(изваден од монитор)
(http://pic.mk/thumbs/sdc11535.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11535.jpg)
Вака откако ќе ја извадите електронската пригушница на излезните пинови ќе залемите четири жици по можност со различни бои за да ги разликувате тоа би требало да изгледа вака:
(http://pic.mk/thumbs/sdc11528.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11528.jpg)
Откако ќе ги залемите жиците ќе го земете трансформаторот и ќе го свртете на опаку така што пиновите да гледаат накај вас:
(http://pic.mk/thumbs/sdc11534.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11534.jpg)
Откако го направивте тоа редоследот на пиновите е следниов:
(http://pic.mk/thumbs/sdc1151284733262.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc1151284733262.jpg)
Сега е време да почнете со лемење на жиците од електронската пригушница со трансформаторот
Жиците ќе ги залемите вака според мојата слика од електронската пригушница:
1.Белата жица на излез од пригушницата ќе ја залемите со пин 1 од трансформаторот
2.Сината жица ќе ја залемите со пин 3 од трансформаторот
3.Жолтата жица ќе ја залемите со пин 4 од трансформаторот
4.Црната жица ќе ја залемите со пин 6 од трансформаторот
Штом ќе завршите тоа би требало да изгледа вака:
(http://pic.mk/thumbs/sdc11541.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11541.jpg)
Ете при крај сте сега само останува да ја приклучите пригушницата во струја и да видите дали ќе има искра.Искрата ќе биде помеѓу анодата од трансформаторот и негативниот пин или пинот 7.Само внимавајте ако ја допрете анодата со било која жица од пригушницата таа одма ќе прегори.Исто така не правете многу искри 2-3 секунди со одмор бидејќи ако сте го направиле ова со трансформатор од монитор ќе го прибушите излезниот кондензатор и со тоа искрата ќе се намали за 50%.Не е задолжително ама не е лошо и да ставите една сијалица сериски со пригушницата.
Еве каде треба да бидат залемени жиците за 220V на пригушницата:
(http://pic.mk/thumbs/sdc11533.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11533.jpg)
Еве слика од фрлање на искра со трансформатор од монитор со прибушен кондензатор од многу играње ;D :D.
(http://pic.mk/thumbs/sdc11542.jpg) (http://pic.mk/?v=sdc11542.jpg)
Извинете за матната слика ама се утепав од сликање и никако нејќеше апаратот да направи подобра слика :)
Превземете сигурносни мерки
Ако ја пипнете анодата ќе добиете доста добар шок (испробано и тоа 100 пати ;D)
Ако ја пипнте анодата со едната рака а со другата пипнете нешто метално или земја има шанси да ве утепа струја (не испорабно ;D ама и тоа ќе биде)
Ако ја пипнете анодата со едната рака,а со другата негативниот пин верувајте подобро земете лопата и копајте си гроб дека нема 2 шанса ;D!
Instant Death!!!!
Се надевам дека не беше досаден туторијалов поздрав :)
-
Туторијал за самоубици ! :D :D :D Ама имаш + од мене ,ако лично ја допреш анодата ! ::) ::) ;) Во ред немој ! Млад си :) :) :D Само кажи како да ја испробаме конструкцијава дали работи ! (Јас имам жена :D :D :D :D ! ) (Абе,отпорна е на струја!! ;D ;D ;D
-
Ако ја пипнете анодата со едната рака,а со другата негативниот пин верувајте подобро земете лопата и копајте си гроб дека нема 2 шанса ;D!
Instant Death!!!!
Туторијал за самоубици ! :D :D :D Ама имаш + од мене ,ако лично ја допреш анодата ! ::) ::) ;)
Само кажи како да ја испробаме конструкцијава дали работи ! (Јас имам жена :D :D :D :D ! ) (Абе,отпорна е на струја!! ;D ;D ;D
ХАХАХАХАХХАХААХ ;D ;D ;D... не сте здрави... ХАХАХХАХАХАХАХА ;D ;D ;D
Како и да е, интересно проектче, и супер туториал, и верувај далеку од досаден беше ;D. И од мене имаш +rep ;) ;D. Само што сликите с емалку преголеми (јас сега се жалам дека сум на лимит ;D).
За да не ти бидат матни сликите, употреби ја macro опцијата на фото апаратот, така ќе можеш да сликаш објекти од блиску и нема да излегуваат матни ;).
-
За да не ти бидат матни сликите, употреби ја macro опцијата на фото апаратот, така ќе можеш да сликаш објекти од блиску и нема да излегуваат матни ;).
Thanks GigaWatt for the tip! ;D
-
одличен туторијал!!! :o
-
одличен туторијал!!! :o
Благодарам SKOLS да направиш подобар ;D ;D :D.
-
Првин да се осигруам на школо па тогаш ќе правам!! ;D ;D
-
Вие по искусните што викате може да се направи некој драјвер за сплит трафо со PIC? :)
-
можи само со 1 транзистор и некој елемент плус :)
зошто да се комплицира со пик :)
-
Да знам со 2N3055 ама за поголема искра и по моќна дали ќе може да се изведе со PIC. :)
-
ќе ти отидат парите за микроконтролерот(ако погрешно го поврзеш!)!! ;D ;D
-
без да се додаде после транзистор/ фет
директно на пик не
-
малечко,но ти како мислиш да го поврзеш,што функција да има микроконтролерот??
-
Jас сум дрво за микроконтролери затоа ве прашувам вас ;D
еве линк од wikipedia за сплит трафо:
http://en.wikipedia.org/wiki/Flyback_transformer
Пишува дека работи на фрекфренција од 15Кhz до 50Кhz.А може ли да се испрограмира микроконтролерот да осцилира на фрекфренција од 50Кhz sawtooth па да може да го ''драјвува''сплит трансформаторот? :)
-
Браво Малечко, +реп и од мене за трудот ;), само да знаат сите што ќе го прават ова дека нема зезање со високи напони :P!!!
-
Благодарам LordZi.Инаку LordZi e во право многу внимавање ако го изработите овој проект НА НАЈ ВИСОК ПРИОРИТЕТ ДА ВИ БИДЕ ПРЕТПАЗЛИВОСТА И ВНИМАНИЕТО бидеќи како што пишав погоре може да ве здрма добро но и да ве убие високиот напон.Си се цитирам ;D
Ако ја пипнете анодата со едната рака,а со другата негативниот пин верувајте подобро земете лопата и копајте си гроб дека нема 2 шанса ;D!
Instant Death!!!!
-
Пишува дека работи на фрекфренција од 15Кhz до 50Кhz.А може ли да се испрограмира микроконтролерот да осцилира на фрекфренција од 50Кhz sawtooth па да може да го ''драјвува''сплит трансформаторот? :)
Тоа можеш да го изведеш и со 555 и некој интегратор ;). Или со некое коло кое е интегриран функциски генератор ;).
-
Имам пробано со NE555 и транзистор ама не сум задоволен сакам нешто по моќно нешто како mazzili драјверот. :)
-
Епа тогаш ќе трега да искористиш и некој трансфоматор после излезот до генераторот на пилест сигнал ;).
А што е тоа mazzili драјвер?
-
Eве шема од тој драјвер,ама бара многу снага за да работи правилно негде 30V 300W
http://sites.google.com/site/uzzors2k/mazzilli_zvs.png
а и транзисторите се доста скапи
Еве видео од него како работи:
Mazzilli ZVS Flyback Driver (http://www.youtube.com/watch?v=1Lcdkf6XBw8#ws)
-
Без коментари од мене,само една шема за 13,5 Кв(на овој напон мојава е отпорна! :D :) :-*)
-
Super Woman ;D :D :).Инаку каков е тој аудио трансформатор за шемата 13,5KV?Eве една шема за електричен парализатор ама никаде не можам да го најдам тој трансформаторот,пишуваше на една WEB страница дека е некој LT44 аудио трансформатор :).
http://www.personalarms.com/images/schematics/stun_gun2.gif
Инаку знам за правилата Теми:4.5 :).
-
не е лошо во насловот да додадеш (ОПАСНО ПО ЖИВОТ)
-
не е лошо во насловот да додадеш (ОПАСНО ПО ЖИВОТ)
Средено администраторе ;D ;)
-
Супер. Целта е оној што сака да се занимава со ова да му се потенцира дека постои и опасност а добро е што е со големи букви бидејки така неможе да каже не видов дека е опасно :D
-
Eве шема од тој драјвер,ама бара многу снага за да работи правилно негде 30V 300W
А што е разликата меѓу ова и Теслин трансформатор?
-
ова ќе те убие а Теслин трансформатор ќе те раздрма или ако си успан (рано насабајле ) теслиниот трансформатор ќе те расони!! ;D ;D
-
хаха куллл ;D ;D како може да ставам реп??? :'(
-
Трансформаторот е раздвоен,ама јас би пробал со некој импулсен или можеби излезен трафо од некој транзистор(приемник).Иначе ,приложувам една трафо-каскада од стариот мој ТВ апарат ( кој го баталив одамна!),а од кој ми остана само резервна нова трафо-каскада.Ја приложувам за развој на науката во Државава.Кој сака да работи вакво нешто мора лично да ја подигне! :D ;) :)
-
Еве од wikipedia да не ви брбљам јас ;D
http://en.wikipedia.org/wiki/Tesla_coil
Инаку и теслиниот трансформатор знае да те утепа ако е направен со 2 NST трансформатори или PolePig трансформатор.Еве линк на доста моќен теслин трансформатор:
Playing with tesla coil (http://www.youtube.com/watch?v=bJ0OPhHYEeM#)
човеков сака да биде испечен мене така ми се чини ;) ;D
Споено мислење: 18.09.2010, Saturday, 13:45:11
Инаку може да се направи и со каскади од стари телевизори тие правоаголни зелени.Ако споиш 4 такви каскади сериски преку кондензатори ќе добиеш доста добар извор на 100KV таман за теслино трафо ;) :)
-
неможе да биде испечен(да умре) дека теслиниот трансформатор има нискафреквенција!!Само ќе биде малку попржен!! :o ;D ;D
Инаку во гаража имам еден ТВ па си мислам да му го извадам сплит трафото!!!
-
Епа види ако е таков трансформаторот од поновите можеш да направиш генератор за висок напон. :) Инаку јас давам такви електронски пригушници FREE кој сака да проба да направи нека ми пише ќе му дадам. ;D :D
-
аморе само што бев до ГАЦ можеше да се сретнеме и да ми дадеш една!!Ама ај батали сега!!Инаку јас имам сплит трафо од Самсунг ТВ,стар е многу ТВ-то!!! :P
-
Ништо не праиме треба да е од поновите со вградена каскада вака ќе ти изгори пригушницата(испробано ;D)и плус старите сплит трансформатори немаат таков негативен пин за да има искра. ;D
-
а од компјутерски монитор!!??Ќе користи!! ???
-
Да ама помала е искрата прочитај го туторијалот. :)
-
епа и овој е црн!!!Од стариот ТВ ај ќе пробам па ќе пишам!! :P
-
хаха куллл ;D ;D како може да ставам реп??? :'(
Имаш кај секој user под неговото име пишува „Репутација“, епа под тој текст има две копчиња, „Така е“ и „Не е така“, ако кликнеш „Така е“ се додава +rep на user-от, ако кликнеш „Не е така“ му се додава -rep на user-от ;).
неможе да биде испечен(да умре) дека теслиниот трансформатор има нискафреквенција!!Само ќе биде малку попржен!! :o ;D ;D
Мислам дека е обратно, висок напон, висока фреквенција а многу мала јачина на струја, поради тоа мислам дека не може да те „убие“ (реално гледано здрма) сртујата што ја вади Теслиниот трансформатор бидејќи моќноста која протекува низ тебе е од редот на миливати (струјата има јачина од редот на микроампери, па ако ја помножиш со вредноста на напонот кој е изразн во киловолти, ќе добиеш некоја моќност од редот на стотици миливати ;)).
-
Јас мислам дека од 25KHz до 2МHz не е малце според мене еве цитирано од wikipedia:
The early Tesla coil transformer design employs a medium- to high-voltage power source, one or more high voltage capacitor(s), and a spark gap to excite a multiple-layer primary inductor with periodic bursts of high frequency current. The multiple-layer Tesla coil transformer secondary is excited by resonant inductive coupling, the primary and secondary circuits both being tuned so they resonate at the same frequency (typically, between 25 kHz and 2 MHz). The later and higher-power coil design has a single-layer primary and secondary. These Tesla coils are often used by hobbyists and at venues such as science museums to produce long sparks.
ЕДИТ:Теслнините трансформатори работат со струја од 50mAh до 300mAh
-
да сакав да речам висока фреквенција (со висок отпор) а мала струја!!
-
Теслините трансформатори работат на висока фреквенција и таквата ВФ струја се смета за релативно безопасна бидејќи тече по површината на кожата поради скин ефектот и не навлегува во организмот.
-
од сега темава ке биде во Високонапонска техника доколку има уште теми кои треба да се преместат тука пишете ЛП кај било кој администратор или модератор.
-
Теслините трансформатори работат на висока фреквенција и таквата ВФ струја се смета за релативно безопасна бидејќи тече по површината на кожата поради скин ефектот и не навлегува во организмот.
гррррр Господару ме претрка...и јас ке го пишев тоа...изгледа дека некои бегале од часовите по електротехника кога се учело за скин ефектот ;D...и заради тој скин ефект далноводите се прават со алуминиумско-челична плетенка, на средината има челично јаже заради механичка цврстина а околу тоа има испреплетено алуминиум зашто има мал отпор....
-
несака да пишам плус реп!!??зашто? :'(
-
несака да пишам плус реп!!??зашто? :'(
Ако ти вика ''се случи грешка бла бла бла'' тогаш значи ти си му дал репутација на тој член и во следните 24 часа не можеш да му дадеш ни + ни - репутација :).
-
Браво Malecko за туторијалот реп+ и од мене за трудот :), кратко но јасно туторијалче ;).
-
Ок е све, само можело нешто на 12 волти шо ке работи, колку толку побезбедно е :) Иначе и ова е супер.
-
Ок е све, само можело нешто на 12 волти шо ке работи, колку толку побезбедно е :) Иначе и ова е супер.
Moре и тие се опасни,ако е на 12V ;) ;D.Поарно ти е на 220V,ако ти дошол судниот ден порано тогаш а 220V,а 12V исти к*р ;D.Плус на 220V кога е,не ти треба трансформатор,грец,кондензатори...
-
дали може ова да се изведе со трасформатор од нишки телевизор,имам дома едно па сакам да си направам ;D
-
дали може ова да се изведе со трасформатор од нишки телевизор,имам дома едно па сакам да си направам ;D
Мислам дека нема до може :(,бидејќи трафото треба да има вградена каскада во него,а не „надворешна“,како што се тие зелените...А можно е и да проработе,ама не за долго ;D,ај ако можеш стави некоја сликица да го видам. ;) :D
-
Без коментари од мене,само една шема за 13,5 Кв(на овој напон мојава е отпорна! :D :) :-*)
леле ако те разбере, па тебе додека спиеш ти го приклучи!!!
а има шанси да разбере :)
-
А дали оваа склопка би послужила за изработка на електрична ограда?
-
А дали оваа склопка би послужила за изработка на електрична ограда?
Па би требало да може,врзи ја анодата од трафото на оградата и ете ти ел. ограда ;D
-
А дали оваа склопка би послужила за изработка на електрична ограда?
Па би требало да може,врзи ја анодата од трафото на оградата и ете ти ел. ограда ;D
Дали тој напон од каскадата е опасен по човечки живот? Јас сум серизен за да го направам ама првин треба да се информирам за последиците. И мора ли да биде ко тоа на сликата? Дали може од неонките од долгите пошто и тие имаат електроника.

Па не е опасен,освен ако нема некој пејсмејкер или проблеми со срцето...Мене лично ме има здрмано и болно е,но не ме утепало ;D.Ај дај некоја слика за тие неонки.Ако имаат ваква електроника,може ама гледај да е над 23W електронската пригушница :)
-
Па не е опасен,освен ако нема некој пејсмејкер или проблеми со срцето...Мене лично ме има здрмано и болно е,но не ме утепало
тебе не те има отепано оти си навинкат редовно да те дрма струја од разни напони а и веке струјата кренала раце од тебе ;D. За сите други, пазете ова не е играчка, и при било какви штетни последици по вас форумот не e одговoрен
-
Па не е опасен,освен ако нема некој пејсмејкер или проблеми со срцето...Мене лично ме има здрмано и болно е,но не ме утепало
тебе не те има отепано оти си навинкат редовно да те дрма струја од разни напони а и веке струјата кренала раце од тебе ;D. За сите други, пазете ова не е играчка :o
Ха ха ха,ништо чудно,изгледа сум се исчеличил ;D
-
А дали оваа склопка би послужила за изработка на електрична ограда?
Па би требало да може,врзи ја анодата од трафото на оградата и ете ти ел. ограда ;D
Дали тој напон од каскадата е опасен по човечки живот? Јас сум серизен за да го направам ама првин треба да се информирам за последиците. И мора ли да биде ко тоа на сликата? Дали може од неонките од долгите пошто и тие имаат електроника.
Па не е опасен,освен ако нема некој пејсмејкер или проблеми со срцето...Мене лично ме има здрмано и болно е,но не ме утепало ;D.Ај дај некоја слика за тие неонки.Ако имаат ваква електроника,може ама гледај да е над 23W електронската пригушница :)
Најдов таква преигушница како на сликата е сега за каскада му се мислам дали ке бидаат исти од Црт монитори на десктоп пц или стриктно само од поновите ТВ бидеќи имам од тие нишките ТВ каскади и не знам дали ке функционира? Не ми треба мене јак напон за оградата барем нека дрма по малце колку да се уплаше крадецот;D
-
Да знам со 2N3055 ама за поголема искра и по моќна дали ќе може да се изведе со PIC. :)
Јас тој драјвер го испробав, но затоа што читав по некои форуми дека бил слаб овој 2Н3055-ката, одлучив да го заменам со многу појак транзистор што веќе го имав, изваден од стар телевизор..2Н6253.
Грееше малку па му ставив неонско индикаторче помеѓу колекторот и емитерот, и сега ич не грее... крепи и до 15 ампери, но само 45, волти. (сигурно нема до толку да го форсирам...)
Иначе јас најдов ептен старо сплит трафо, без каскада беше скроз, телевизорот од 1943 година беше. Со еден наставник го извадовме, беше заборавен во училишниот подрум, а ова ти што викаш со каскадата како што е поврзано сигурно ќе работи, само не го расклопувај целиот телевизор, само извади ја смукалката надвор од куќиштето и поврзи ја директно на ограда, погрижи се никој метален дел од оградата да не ја допира земјата, оти џабе ти е се. поврзи го в штекер и имаш do it yourself електрична ограда!