Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 18:39:01

Title: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 18:39:01
Нај првин здраво на сите членови на форумот потребна ми е помош за радио касетофон за во кола?
Проблемот се состои во тоа сто радиото е Блаупункт и си има код .. Кодот го знам али не знам како се вметнува во касетофонот инаку касетофонот е од Опел астра 2 али колата е продадена пред околу 3 години и сега имам намера касетовонот да го искористам за во работилница ( гаража)

Значи кодот треба да се активира на слепо доколку некој има веќе вакво искуство би било пожелно да ја објасни постапката за активирање на радиото
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: batka on 04.10.2013, Friday, 18:49:32
Ајде кажи за кој модел се однесува и како изгледа ( едно фото),па ке видиме. ;D
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Toma on 04.10.2013, Friday, 19:28:34
Освен Opel Astra2 гугл бара и додатни ознаки после Opel Astra2, за да покаже кое и како изгледа радиото вградено во тоа возило!
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 19:34:32
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/7nbe.jpg)

Blaupunkt CAR 300D

Го имам оригинал кодот на картичката само ми треба упатство како да го вметнам на радиото (чекор по чекор) пошто треба да се вметни на слепо да не кажам на среќа?
значи на колата си имасе дисплеј напред и таму се гледа кој код го ставаш али колата е продадена и сега немам визуелна орентација за кодот?
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 19:38:16
Малку тешко ќе оди без дисплеј.
Знаеш ли правилно да го поврзеш на напон?
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 19:41:26
за на напон го поврзав и си светнува тоаа црврната диода каде сто пишува коде кога ќе го претиснеш копчето за глас се активира целото радио светнува али не работи ни касетата не врти внатре.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 20:04:05
Пробај вака, исклучи го радиото,  притисни го копчето AS, вклучи го радиото и држи го копчето AS притиснато уште пет секунди.
Сега би требало да може да се впише кодот.
Со копчето со број 1 се внесува првата цифра од кодот
Со копчето со број 2 се внесува втората цифра од кодот
Со копчето со број 3 се внесува третата цифра од кодот
Со копчето со број 4 се внесува четвртата цифра од кодот

Со првото притискање се испишува нула, со второто единица итн.

Откако ќе ги внесеш сите 4 цифри од кодот, повторно задржи го копчето AS неколку секунди, по што радиото би требало да се вклучи.

Доколку погрешиш нешто, радиото ќе се блокира 10 минути, па потоа ќе може повторно да пробаш.
Ако погрешиш повторно, треба да го оставиш радиот вклучено повеќе од еден час, и ќе имаш уште една шанса. Ако пак погрешиш, радиото ќе се блокира засекогаш.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 20:09:48
Изгледа радиото ќе оди во канта !!!! вметнато ми е повеќе од да не речам 10 пати
тоа значи дека е блокирано за секогаш оди во кантаа за старо железо
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 20:13:47
Можеби не е за во канта, остави го вклучено повеќе од еден час, па пробај.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 20:21:38
приателе има работено со саталитски рисајвери и имав еден сличен проблем на овој па го решив со флешување на епромот незнам како оди постапката за радио касетофони дали се брише кодот од епромот со некаква си софистицирана програма која се приклучува на ком... и со неа се брише кодот али за тоа ке ми треба повеќе време?

ти благодарам за потрошеното време али мое мислење е дека е блокирано зошто 10 пати и поврќе се обидувам да го активирам

ПОЗДРАВ......
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 20:24:34
Може да се флешува ако имаш програматор за моторола MC68HC05B16 процесор.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 20:28:18
нема такво нешто а и башка за тоа ќе ми треба упатство
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 20:31:57
Ништо тогаш, не вреди, премногу е комплицирано.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: kalinkar on 04.10.2013, Friday, 20:35:02
знам од искуството со саталитската се намачив за да ја вратам во живот...
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: MarkoMK on 04.10.2013, Friday, 21:37:17
...

Со првото притискање се испишува нула, со второто единица итн.

...

Со едно притискање треба да е единица, не нула. Нека проба така (ако не пробал веќе)...
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола
Post by: Zan on 04.10.2013, Friday, 21:41:17
На дисплејот треба да има 4 цртички ( ---- ) со првото притискање се појавува нула.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: batka on 04.10.2013, Friday, 23:38:37
Без дисплеј е тешко да се среди радиото.Кога ке го уклучиш на 12V треба да стои некогаш и неколку часа за да се добијат цртичките на дисплејот,па потоа да внесуваш код.Предлог: врзи го на 12V и остави го цел ден нека се * штима* па потоа внеси код.
Пробај и тоа,не е на одмет. ;D
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: GigaWatt on 05.10.2013, Saturday, 04:30:43
Пробај преспои го пин 18 од микроконтролерот со GND. Притоа, се разбира, држи го приклучено радиото под напон. Држи го преспоен пинот 10-тина секунди. Изгаси го од напојување, остави го така едно 10-тина секунди, пак приклучи го и пробај ја постапката што ја има опишано Zan. Ако ова не функционира, истата постапка од претходно повтори ја, само држи го пинот преспоен 1 минута или малку повеќе од една минута.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: kalinkar on 05.10.2013, Saturday, 18:49:38
Готово средено го активирав кодот и сијаличката се згасна али и понатаму не функционира ништо на него само си светнува изгледа дека испуштил душа, а за микроконтролерот и во дигитална прецизна електроника сум тапа, воопште не ми е јасна. Во електрониката сум почетник и сега за сега ми е хоби(експериментална).
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: GigaWatt on 05.10.2013, Saturday, 19:37:06
...а за микроконтролерот и во дигитална прецизна електроника сум тапа, воопште не ми е јасна. Во електрониката сум почетник и сега за сега ми е хоби(експериментална).

Еве како изгледа интегрираното коло и како треба да преспоиш ;). Не мора да преспојуваш директно пин со пин, знам дека се тенки пиновите ;), може да најдеш и некоја друга лемна точка која е врзана со тој пин и да залемиш една жичка за таа лемна точка и да преспоиш со другата лемна точка (GND, Vss, односно шасија).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0730.png)
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: Zan on 05.10.2013, Saturday, 19:43:21
Информациите за кодот и за тајмерот, се запишани во внатрешниот еепром на микроконтролерот, и нема да се променат со ресетирање.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: GigaWatt on 05.10.2013, Saturday, 19:52:41
Можеби, не знам. Не се чисти меморијата на EEPROM-от од микроконтролерот со Reset? Мислам на делот за подесувањата, не на софтверот се разбира ;). Конкретно за овој микроконтролер прашувам.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: Zan on 05.10.2013, Saturday, 19:55:18
Не со ресет, само со програматор.
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: nsu on 06.10.2013, Sunday, 00:10:45
Е сега информациите за кодот кај ова радио се запишани во внатрешниот дел на микроконтролерот тоест во еепромот убаво кажа членот жан не со ресет не се чисти меморијата 8)
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: GigaWatt on 06.10.2013, Sunday, 06:02:33
Не знаев ;). Благодарам за информацијата ;).
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: SaleSk on 06.10.2013, Sunday, 14:53:12
За да работи ова радио без дисплеј потребен е емулатор...Дисплејот е поврзан со КАН комуникација со радиото, и радиото препознава дека нема конектиран дисплеј...Затоа и не можеш да го вклучиш...Поздрав
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: GigaWatt on 06.10.2013, Sunday, 18:36:53
Хмммм, ако е таква ситуацијата, можно е да има решение и за тоа ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10873.0
Во алатките побарај го Display Emulator 2.52 ;). На листата на поддржани модели стои и CAR300 ;).

- Blaupunkt CAR300
- Blaupunkt CAR2003
- Blaupunkt SC202
- Grundig CAR200
- Grundig SC303
- Delco CDR500
- Philips SC201
- Philips SC804
- Philips DC339
- Philips CAR400
Title: Одг: Помош за радио касетофон за во кола Blaupunkt CAR 300D
Post by: SaleSk on 06.10.2013, Sunday, 20:13:04
 ;)