Здаво,
Како прво дали демонтираниот греачот 3000 вати беше чист или имаше бигор на него?
Сите нови електрични уреди за домаќинство имаат тенденција за намалување на потрошувачката, односно да одат во класа на ефикасност А. Дури и со закон се забрани да се произведуваат правосмукалки појаки од 1600 вати. математички гледано потрошувачката треба да е иста,има мали нијанси на потрошувачката во однос на местоположбата на бојлерот, ако местото зимно време е ладно побргу ќе ја “губи“ топлината, но тоа е занемарливо. потребно е еден стар струјомер да се поврзе преку него да се напојува бојлерот и да се провери електричната потрошувачка, но ќе мора да се спореди и со ист таков со греач на 3000 вати.
Ако броилото ти е достапно измери за 10сек колку импулси односно трепкања ќе направи лед диодата, па истите помножи ги со 6 за да добиеш вредност од минута време, па добиениот резултат повторно помножи го со 60 за да видиш колку трепкања има за еден час.
1000 трепкања се 1kWh. ти би требало за еден час да имаш 1500 трепкања.
Оваа математика важи за другите уреди да не влијаат на пресметката да се исклучени, светилки, ТВ, фрижидери др. Исто имај во предвид дека ниеден греач ја нема идеално таа снага, сите имаат отстапување +- 5%, зависи која смена е правен
поздрав