Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: GigaWatt on 27.03.2012, Tuesday, 03:25:44
-
Тука можете да поставувате прашања за трансформатори и различни типови на напојувања, од класични (линеарни), до PWM и некои хибридни типови на напојувања ;).
Но, да се разбереме, тоа не значи дека целата дискусија за напојувања треба да се префрли тука. Ако имате некое прашање за некое напојување за кое веќе има отворено тема во оваа скеција од форумот, ќе си прашате во таа тема!
-
Прашање.
Имам трансформатор кој е изваден од засилувач, на влез има 220в/240в/110в, а на излез треба да дава 48в.
Но на излез трансформаторот вади:
91в помеѓу сина и бела жица.
29в помеѓу зелено/жолта (маса) и сина
60в помеѓу зелено/жолта (маса) и бела
сината и белата жица беа приклучени на грец од 3,3а и 2 кондензатори по 2200мф 63в, кога го извадив од засилувачот, марка bouyer
Зошто се однесува така чудото
Не е премотуван, нема физички оштетувања, не се загрева или да чади :)
(http://img35.imageshack.us/img35/6080/20120329014917.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/35/20120329014917.jpg/)
-
Пробај врзи отпорник (некој моќен) со вередност од околу 10-тина ohm-и и пак мери ги напоните.
Кога мереше, да не мереше на подрачје на еднонасочен напон?
-
па може има сепарирани напони, т.е. различни напони за одредени делови од појачалото, како на пример, башка за релеи башка за претпојачало резервен напон... од око, дебелината на жицата на трите изводи иста е?
-
Гледам примарот има опција за 120 и 220волти, да не си го врзал на 120 па да ги дуплира сите напони, 91волт е дупло од 48 колку што треба да дава.
-
Со отпорник ке пробам.
Мерев на наизменично, со три различни мултиметри,
Белата и сината жица се ставани од мене, за пред појачалото има друга плочка со стабилизатор
Приклуцено е на како што го извадив од засилувачот, на кокопчето за 110/220, се гледат 110 мислам дека е приклучено на 220.
Ако го приклучам на 220 а е поврзано за 110, ке изгори влезот или сум грешка?
-
Ќе изгори, можда не од одма, ама ќе изгори. Провери отпорност на примарот, би требало да има две намотки со ист отпор за 120волти, со нивно сериско врзување се добива дупло поголем отпор за на 220волти. Ако не знаеш која е која намотка, најди ја комбинацијата помеѓу нив која дава најголема отпорност, приклучи ја на 220 и мери дали ќе добиеш 48волти на секундар.
-
помеѓу сивата 120в и е2 дава 12,7 оми, помегју црната 120б и е1 дава 11,7оми помегју другите не дава ништо.
поврзани 220в дирекно на 120в и е2 или 120в ио е1 на излез нема ништо (се прошета малку бројките на мултиметрот и се вракја на нула )
пробав и 120в и 100в/220 и нема ништо на излез
-
Ми треба феритен торус од комп напојување. дали ова е тоа? и ако е тоа како да намотам 18 намотки примар и 3 намотки секундар?
(http://pic.mk/images/8Wl5u.jpg)
(http://pic.mk/images/iao8D.jpg)
-
Ова е железо, а не ферит ;D. Еве како изгледа феритното јадро:
(http://www.westfloridacomponents.com/mm5/graphics/00000001/2643806402.jpg)
-
тоа што ти го имаш мене повеќе на макара ми личи него на феритно торусче :)
-
Тоа навистина не е феритно јадро ,туку само железен прстен.Феритното јадро е направено од феромагнетен материјал ( железна прашина која е обработена со посебна технологија ).Еве слики на феритни прстени.Како се мота - бидејки има мал број намотки,мотај на рака во еден смер(најчесто од лево на десно ,кон себе.Фиксирај ги намотките (едно до друго ) со некој леплив материјал- трака,брз лепак,изолирбан и слично.Еве и една скица -како изгледа фабричка моталка за овој вид на трансформатори.
(http://pic.mk/images/Jel9g.jpg)
[датотека избришана од администраторот]
-
Имам трансформатор кој е изваден од засилувач, на влез има 220в/240в/110в, а на излез треба да дава 48в.
Хмммм... малку чудно засилувач да нема симетрично напојување, особено купечки, а тие се обично транзисторски.
Пробај вака. Провери дали обележаните два изводи се поврзани, со омметар (колкава отпорност дава меѓу тие два).
(http://img84.imageshack.us/img84/5669/28180273.jpg)
Ако не дава скоро никакв отпорност (и 100-тина Kohm-и се смета за никаква), краткоспои ги и врзи мрежен напон меѓу следните два пина (преку сијалица редно врзана на колото).
(http://img62.imageshack.us/img62/3817/16185427.jpg)
-
колку само би сакал да знам сам да си ги мотам трансформаторите...се ке беше толку полесно и МНОГУ поефтино...
-
Појачалото беше транзисторско со 2н3055 30w, нема симетрично напојување, жиците од исправувачот одат на појачалото, едната оди и до друг трансформатор кој е за на звучникот, појачалото има излез од 2,4,6,8,16 или 32 оми.
Кога има напон на е1 и е2 нема ништо на излез.
Кога има напон на 120в и 120в или 120в и 100/220в нема ништо на излез.
на излез дава напон само кога се споени е1/е2 и 120в/120в и приклучени на 220в,
или е1/е2 и едната од 120в.
Но ги дава пак истите напони на излез.
Како и да го поврзав на излез или нема ништо или напон кој не треба да го има.
Отпор покажува само помеѓу е1 и 120в и е2 и 120в, отпорот е 11-12 оми.
-
на излез дава напон само кога се споени е1/е2 и 120в/120в и приклучени на 220в,
или е1/е2 и едната од 120в.
Отпор покажува само помеѓу е1 и 120в и е2 и 120в, отпорот е 11-12 оми.
Сега пак не ми е јасно. Јас вака ти викам да направиш. Вака имаш направено?
(http://img824.imageshack.us/img824/9260/01sud.jpg)
-
да да еден од начините кои ги пробував е и така да приклучам, но вади 91+в и 61+в на излез а не 48в како што треба.
Трансформаторот како и да го приклучам на 220в, не дава напон на излез или дава напон кој е дупло поголем од тој што треба да го дава на излез.
Ги пробав сите можни комбинации на поврзување но чудото пак по негово.
-
А зошто не си внимавал кога си го вадел од засилувачот која жица каде е поврзана? Или веќе беше изваден од некој друг па ти беше даден на тебе?
-
да да еден од начините кои ги пробував е и така да приклучам, но вади 91+в и 61+в на излез а не 48в како што треба.
Трансформаторот како и да го приклучам на 220в, не дава напон на излез или дава напон кој е дупло поголем од тој што треба да го дава на излез.
Ги пробав сите можни комбинации на поврзување но чудото пак по негово.
Овој трансформатор 100% бил со преклопник за 220V/110V, а кои жици треба да се преклопат за да работи, тоа е веќе нагаѓање. Можеби некоја комбинација и ќе запали, кој знае...
-
Кога го извадив од засилувачот го вадев со преклопникот.
Жиците што се гледаат на сликата се од преклопникот и од конекторот за 220в, проблемот е што кога ке го приклучам наместо 48в како што пишува, дава околу 91в и 60в
Го приклучувам како што го извадив - како што беше поврзан во засилувачот.
Не е проблем приклучувањето, проблем е излезот.
-
Кога го извадив од засилувачот го вадев со преклопникот.
Жиците што се гледаат на сликата се од преклопникот и од конекторот за 220в, проблемот е што кога ке го приклучам наместо 48в како што пишува, дава околу 91в и 60в
Го приклучувам како што го извадив - како што беше поврзан во засилувачот.
Не е проблем приклучувањето, проблем е излезот.
Ај пробај вака. Земи друг трансформатор, препорачливо е да има вредност на излезниот напон која е пропорционална на излезниот напон од овој трансформатор (да има 48V, 24V, 36V или 12V секундарни напони), пресметај го односот на излезниот напон на овој трансформатор и на другиот. Потоа, врзи го другиот трансформатор на мрежен напон. Секундарот на мрежно врзаниот трансформатор врзи го за секундарот од овој трансформатор (тој на кој не му ги знаеш примарите кои му се) и врз база на односот на напоните (пропорционалноста), дознај кои се примарните намотки за 220V на овој трансформатор ;). На пример, мрежно врзаниот трансформатор има секундарн напон од 24V, ако секундарот од мрежно врзаниот трансформатор е врзан за секундарот од оној на кој не му ја знаеш примарната намотка, примарот го бараш со мерење, но притоа гледаш меѓу кои изводи трансформаторот ќе даде 110V или 115V ;) (зависи од мрежниот напон). Станува збор за проста пропорционалност ;).
Не знам дали ме разбра што сакам да кажам ;D.
-
Охо Гига кај отиде ;D.
dr-mr пробај да го вратиш трафото назад во засилувачот како што било и потоа мери ги напоните кои ги дава на излезот од секундарот и напиши што ќе добиеш тука ;).
-
Трансформаторот го приклучив како што треба (како што беше во засилувачот ) но пак неговата вади дупла напон на излез.
Засилувачот го немам, неможам да го вратам пак трансформаторот, кога го вадев извадив комплетно се, копчето за 115/230 осигурачо и кабело за 220в, поврзано е се како што беше во засилувачот
Кога го приклучувам вади дупла напон, проблем е излезот, кога има 220в на влезот на излезот не ги вади 48в како што пишува туку 90в
-
На излезите кои што ги сметаш (мислиш) за 48V прикачи сијалица од 100W/220V и притоа мери го напонот на тие два изводи. Треба да добиеш некој пад на напон и колкав е тој?
Патем да прашам - каков инструмент користиш? Дали се исправни(а) батериите во него? Да не случајно инструментот ти прави “утка“?
-
Пробав нема пад на напонот на излезот, исто е со сијалица и без сијалица, вади 92.2в.
Мерев со три различни инструменти, со сите покажува исти вредности, би требало да се исправни.
утре ке пробам и со друг инструмент, ако е пак исто ке оди во канта, ако не е ке одат инструментите во канта ;D ;D ;D
-
утре ке пробам и со друг инструмент, ако е пак исто ке оди во канта, ако не е ке одат инструментите во канта ;D ;D ;D
Не го фрлај за џабе ;). Пробај, можеби ќе го продадеш на форумов или размениш за некои други делови ;). Не е многу моќен трансформаторот, ама сигурно има барем 100VA моќност ;).
-
Имам трафо со 17 пина за што може да служи тоа нешто? :)
-
Стави некоја слика од него, вака одкаде ќе знаеме за што трафо се работи :).
-
(http://pic.mk/images/oDmd0.jpg)
(http://pic.mk/images/qU023.jpg)
-
тоа ти е феритно трафо, се користи со дополнителна електроника за да си ја врши функцијата...
-
тоа служи за тоа од што е извадено, претпоставувам телевизор, ова е некое трафо од напојувачката секција, ако го премоташ можеби ќе може да го користиш во некое импулсно напојување
-
исто е со сијалица и без сијалица, вади 92.2в.
Уште една проба- на местото каде ја беше закачил сијалицата, сега измери го отпорот во Ω и напиши колкав е?
ПС-Трансформаторот не е вклучен на 230V
-
Таму дава 2 оми
Фала за помошта на сите.
Не вреди да се губи повеке време по него.
-
Секогаш може да се премота... ;)
-
Кога ке имам повеке време може да се учам на него, како се мота трансформатор
:) :)
-
Како одат цените на трансформатори од 50 вати, примар 220в, секундар:1,3,6,7,11,14,20,35 итн.
И трафо 100 вати, примар 220в, секундар, 1.7;6,7;25;45;220 итн.
Прашвам за половни трафоа
Фала на информацијата
-
Aj јас да прашам нешто за трансформаториве,просто,а ме буни ;D.Пример имам трансформатор 500W 50V,значи 10А,е сега после грецот нели напонот ќе се подигне и ќе биде 50*1,41=70,5,еве 70 ќе земеме.Е сега струјата колкава ќе биде после грецовиот спој,дали иста ќе биде како и пред него или ќе се намали?Дали ќе биде 10А или пак 500/70=~7А?
-
Струјата ќе биде 10А, односно колку што пишува на трафото, а иначе тој напон од 70V ќе биде во празен од, при оптеретување ќе падне.
-
кога мериш со унимер го мериш тоа RMS, тоа *1,414 (корен од 2) ти е приближна вредност на максималниот напон, peak voltage на сликата...
(http://www.kpsec.freeuk.com/images/rms.gif)
-
Build a transformer (DIY) (http://www.youtube.com/watch?v=s6NyTprQCBI#ws)
-
инглишот му е многу добар :) а и тоа со 42/ површината на јадрото не сум го знаел...иначе добро видено :)
-
Јас никаде не видов пресметки за дебелината на жицата за примарот и секундарот ???, или да не пропуштив нешто во видеово ???.
ПС: Стварно многу добро шпреха инглиш, едвај го разбрав ;D.
-
Јас никаде не видов пресметки за дебелината на жицата за примарот и секундарот ???, или да не пропуштив нешто во видеово ???.
ПС: Стварно многу добро шпреха инглиш, едвај го разбрав ;D.
e da, toa fali...ne primetiv deka toa go nema...
od tel sum
-
e da, toa fali...ne primetiv deka toa go nema...
Па тоа е најбитниот дел, особено за примарот, можеби на мрежен напон од 115V нема да има големи проблеми и со подебела жица, но на 230V и те како може да се јават проблеми.
-
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор ???
-
Teшко...Жица ќе најдеш,ама ова касетката и само лимови топки.Можеш на старо да земеш некое изгорено трафо,да го расклопиш и да го премоташ.А можеби и има негде да ти исечат неколку парчиња лим во таа форма па така да се снајдеш,а вака неверувам да има по продавнициве веќе готови касетки и лимови стокмени.
-
За жица знам дека има ама за лимови и касетка :-\ мислам дека потешка работа е да се најде овде
-
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор ???
Да ги има секако, гледам според никот дека си од Штип, распрашај се по некој мајстори, сигурно ќе ти кажат дека во Штип има човек кој ги има сите овие материјали. И јас сум набавувал вакви материјали, само не преку него, туку преку еден пријател винклер од Свети Николе и тој ми кажа дека ги купувал материјалите од некој човек од Штип. Каде се наоѓа тој човек незнам, но можам да дознаам и да ти кажам, бидејќи скоро секој ден сум во Штип на факултет и кога ќе имам време ќе се распрашам и ќе ти кажам, ако во меѓувреме не дознаеш ти ;).
-
па ако го најдите известете ме и мене и јас сум заинтересиран :)
-
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор ???
Да ги има секако, гледам според никот дека си од Штип, распрашај се по некој мајстори, сигурно ќе ти кажат дека во Штип има човек кој ги има сите овие материјали. И јас сум набавувал вакви материјали, само не преку него, туку преку еден пријател винклер од Свети Николе и тој ми кажа дека ги купувал материјалите од некој човек од Штип. Каде се наоѓа тој човек незнам, но можам да дознаам и да ти кажам, бидејќи скоро секој ден сум во Штип на факултет и кога ќе имам време ќе се распрашам и ќе ти кажам, ако во меѓувреме не дознаеш ти ;).
Не ми се брза така да кога ќе дознаеш може да ме известиш, а ако дознаам во меѓувреме ќе ја споделам информацијата
-
Значи сакам да ми кажите како да го поврзам овај трансформатор на него има
42в 24в Нв (1) 220в 240в Нв (2)
мене ми требаат 24в е сега дали треба вака да го поврзам:
на мрежа 220в и Нв (2) а на склопот 24в и Нв (1)
(http://img831.imageshack.us/img831/2789/sdc10809w.jpg)
-
Едно прашање до поискусните:Дали ги има сите овие материјали кај нас да се купат за да се изгради таков трансформатор ???
Да ги има секако, гледам според никот дека си од Штип, распрашај се по некој мајстори, сигурно ќе ти кажат дека во Штип има човек кој ги има сите овие материјали. И јас сум набавувал вакви материјали, само не преку него, туку преку еден пријател винклер од Свети Николе и тој ми кажа дека ги купувал материјалите од некој човек од Штип. Каде се наоѓа тој човек незнам, но можам да дознаам и да ти кажам, бидејќи скоро секој ден сум во Штип на факултет и кога ќе имам време ќе се распрашам и ќе ти кажам, ако во меѓувреме не дознаеш ти ;).
И јас сум Многу заинтересиран околу ова...
-
Па најверојатно. Кога ќе го зврзуваш за мрежен напон, врзи го преку сијалица и мери колкав е напонот меѓу Нв (2) (што и да ти значи тоа Нв, јас никаде не видов оснака Нв на трафото но ОК ;D) и 24V-ниот излез ;).
-
Нв значи нула волти (ваљда) иначе незнам дали да го врзам од мрежа на 220 или 240 тоа да ми кажиш ако можи :)
-
Нв значи нула волти (ваљда) иначе незнам дали да го врзам од мрежа на 220 или 240 тоа да ми кажиш ако можи :)
И на двете нема да има проблем, но ако сакаш малку (за нијанса) поголем напон да дава, врзи го на 220V-ниот влез (но, задолжително врзи во во серија сијалица ако не си сигурен дали изводите се сигурно тие), сега мрежниот напон не е како порано што беше, 220V, туку е 230V, така да, ако е врзан за 220V-ниот влез, на излез, ќе дава малку поголем напон ;).
-
Фала многу :)
-
Што мислите за DIY компјутерско напојување,дома склопено?
-
Што мислите за DIY компјутерско напојување,дома склопено?
Не се исплати, за 600 денари имаш нови, а за уште 500 денари ќе го преправиш да биде супер ;). А ако имаш дома делови на лагер, може и за без ич пари плус да го направиш напојувањето „скоро верчно“ (ќе ставиш заштита од превисок напон, поквалитетни кондензатори, подобри ладилни тела од некои други напојувања, поквалитетен кулер/кулери, итн.) ;). И онака не е проблемот самото напојување, туку повеќе е изработката и квалитетот на деловите (пред се мислам на кондензаторите), инаку, истите делови ги има во сите ;).
-
Знам дека има нови за таа цена само што имаат мали трансформатори внатре,така да не се 500W ;D.Тие од по профи фирми се многу поскапи од 500-600W се над 100-150eu...Земав јас едно напојување од циган пазар со два трансформатори огромни,едниот е за тие 12 и 5в,а другиот е со некои чудни напони 115в,75,28 незнам од што е,а се гледа дека е добро правено...Пишува на него alpine power supply.Па се мислам да ги искористам деловите од ова и да склопам некое ново со двата трансформатори пример на едниот 12 и 5в,на другиот тие -12,-5 и 3.3в.
-
Компјутерско напојување за 600 денари? Првпат слушам да има толку евтини. Во која продавница ги има за таа цена ?
-
Не баш 600,али тука некаде,накај 700-800ден.Еве некои,разгледај
http://anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=388&pid=31110
http://set.com.mk/Grupa.php?vrednost=10&grupa=66
Само пази над 500W се овие,нема зае*анција :D.Внатре отвараш тоа трафото колку паричка и што сакаш,џабе ти е после ти да го преправаш како што кажа гига.Да му ставиш други кондензатори,транзистори,поголеми ладилници...Што ќе ти тоа ако нема моќност,што ќе ти го 200W...
-
Компјутерско напојување за 600 денари?
Добро, да, требаше да напоменам дека за мене се толку на некои места ;D.
Само пази над 500W се овие,нема зае*анција :D.Внатре отвараш тоа трафото колку паричка и што сакаш,џабе ти е после ти да го преправаш како што кажа гига.Да му ставиш други кондензатори,транзистори,поголеми ладилници...Што ќе ти тоа ако нема моќност,што ќе ти го 200W...
Ако е трафото од оние поголемките (не од тие ситните, мислам дека знаете за кои зборувам ;)), нема да имате никаков проблем ;). Тие издржуваат до кај 350, 400W, немаат проблем ;). На нив напонот им паѓа поради поддимензионираните кондензатори, а лошото ладење и малите ладилни тела придонесуваат за брзо греeње на полупроводничките компоненти :S. Инаку, технички гледано, ако ова напојување на го оптеретуваш повеќе од 150 или 200W (колку што типично трошат office машините), овие напојувања може прилично добро да се покажат ;). Ќе треба да се репарираат по едно 3 или 4 години работа (и тоа зависи колку работела машината, ако била пуштена нон стоп, може и по 2 години да треба да се репарира напојувањето, но ако работела два, три саати дневно, најверојатно напојувањето ќе треба да се репарира дури по 5 или 6 години работа ;)), но тоа не е ништо сериозно ;), најчесто е во прашање само промена на кондензатори, зачистување, подмачкување на кулери, некои такви работи ;).
Поентата ми е дека купување на скапо (бренд) напојување е оправдано (барем според мене) само ако имате гејмерска машина, имата над 2 HDD-иња или голема матична плоча која знаете дека многу струја влече ;). За office машини, неоправдано е купувањето на скапо напојување ;). Доволно е да се преправа (репарира) постоечкото на неколку години и толку ;).
Што се однесува до идејата за домашно изведено напојување, не би ти препорачал да го правиш тоа :S. Подобро купи си некое поскапо. Не се исплати времето и трудот вложен :S. За 2000 денари имаш прилично солидни напојувања ;).
-
Што се однесува до идејата за домашно изведено напојување, не би ти препорачал да го правиш тоа :S. Подобро купи си некое поскапо. Не се исплати времето и трудот вложен :S. За 2000 денари имаш прилично солидни напојувања ;).
Дап,ама па ова ако го правам ќе биде некое од 1-1.5KW,со два трансформатори,пола моќност на едниот,пола на другиот.Е сега мене ми е дали добро ќе се однесува со системот,бидејќи нели фабричкиве атх имаат триста тракатанци на нив тие power ok,psu оn и уште некое што имаше за 5в за усб ли не ми текнува...Башка дали ќе успеам да ги начукам сите делови во атх кутијата,ќе треба пола SMD пола TH.
-
Дап,ама па ова ако го правам ќе биде некое од 1-1.5KW,со два трансформатори,пола моќност на едниот,пола на другиот.Е сега мене ми е дали добро ќе се однесува со системот,бидејќи нели фабричкиве атх имаат триста тракатанци на нив тие power ok,psu оn и уште некое што имаше за 5в за усб ли не ми текнува...Башка дали ќе успеам да ги начукам сите делови во атх кутијата,ќе треба пола SMD пола TH.
Ако добро ја дизајнираш плочката, да, има шанси да ти собере се во една ATX кутија ;). Но не гледам поента, што ќе ти е 1.5KW ATX напојување ???.
-
Но не гледам поента, што ќе ти е 1.5KW ATX напојување ???.
За оверклок ќе го биде :D.А можно е и понатака да склопувам некоја појака машина па да не купувам...
-
За оверклок ќе го биде :D.А можно е и понатака да склопувам некоја појака машина па да не купувам...
За overclock не ти треба повеќе од 500W real power, освен ако не планираш му ставаш некои insane clock-ови и да го ладиш со течен азот ;D.
-
За оверклок ќе го биде :D.А можно е и понатака да склопувам некоја појака машина па да не купувам...
За overclock не ти треба повеќе од 500W real power, освен ако не планираш му ставаш некои insane clock-ови и да го ладиш со течен азот ;D.
Па ако најдам течен азот ништо чудно :D.Него да не има некој формули или програма за пресметка на моќност за SMPS трансформатори?
-
Па ако најдам течен азот ништо чудно :D.Него да не има некој формули или програма за пресметка на моќност за SMPS трансформатори?
Еве цела книга, колку што знам посебни програми за тоа нема ;D.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4547.0
-
Провери тука
Програма за смпс.
http://www.diysmps.com/forums/showthread.php?275-SMPS-transformer-design-tool&p=4828&viewfull=1#post4828
-
да прашам, имам полнач од штекер 220v = едната жица оди до грец, на другата поврзав паралелно кондезатори па до грец, од грецот на DC пиновите имам некој 4,5A до потрошувач. Сега колово треба час да работи 15min. да не работи ОК ли е да му ставам на штекерот тајмер па преку него да го вклучам колото? Дали тајмерот е реле? зашто кога рачно го исклучувам морам да ги празнам кондезаторите зашто инаку пука.
-
да не работи ОК ли е да му ставам на штекерот тајмер па преку него да го вклучам колото?
Нема проблем, може да му ставиш ;). Има евтини дигитални тајмери со дисплеј во Меркур (300 денари, истите во Бриколаж се 500 и нешто, само логото на производителот се разликува, инкау, пластичните кутии се исти ::)).
Дали тајмерот е реле?
Не, тајмерот не е реле, но најчесто, една од компонентите кои тајмерите ги содржат се релиња ;).
зашто кога рачно го исклучувам морам да ги празнам кондезаторите зашто инаку пука.
Зошто не се испразнети кондензаторите. Треба да ги испразниш пред да го исклучиш од струја напојувањето. Наједноставно е ако не го гасиш од напојување уредот при вадење на напојувањето од штекер. На овој начин, самиот уред кој го напојуваш ќе си ги испразни кондензаторите и нема да има проблем ;). Вака, нема да мораш рачно да ги празниш кондензаторите, а и ќе напоменам дека рачното празнење на кондензаторите (најчесто со краткоспојување на изводите на кондензаторите) значително го скратува работниот век на кондензаторите ;). Ако веќе мораш рачно да ги празниш, прави го тоа со некој моќен отпорник (на пример, 10W, 10ohm-и или некоја слична вредност, 22ohm, 27ohm, само гледај да не биде помала отпорноста од 10-тина ohm-и).
-
АТХ напојување од 1KW колку треба струја да даде по rail,на 3.3V колку (пр. 5А),на 12V колку (пр.10А) ?Ама реални,не на peak...
-
АТХ напојување од 1KW колку треба струја да даде по rail,на 3.3V колку (пр. 5А),на 12V колку (пр.10А) ?Ама реални,не на peak...
Тоа треба ти сам да си го пресметаш ;). Колку од струјата треба да оди на 12V-ниот rail, колку на 3.3V-ниот, колку на 5V-ниот ;). На пример, сакаш да може да даде 200W на 5V-ниот rail, 200W/5V = 40A ;). Вкупната моќност на сите треба да биде 1KW ;).
-
Знам дека ќе треба да пресметувам,ама еве пример имам конфигурација што влече 800-900W по колку струја да дава на гранка напојувањето?Дека не може на 12V 1W,a на 5V 999W
-
Знам дека ќе треба да пресметувам,ама еве пример имам конфигурација што влече 800-900W по колку струја да дава на гранка напојувањето?Дека не може на 12V 1W,a на 5V 999W
Направи пропорции, земи едно напојување од 500W, види по колку ампери дава на секој од излезите и направи го твоето да дава дупло повеќе ;).
-
Знам дека ќе треба да пресметувам,ама еве пример имам конфигурација што влече 800-900W по колку струја да дава на гранка напојувањето?Дека не може на 12V 1W,a на 5V 999W
Направи пропорции, земи едно напојување од 500W, види по колку ампери дава на секој од излезите и направи го твоето да дава дупло повеќе ;).
Eпа тоа барам,на напојувањата ставаат peak струја,не колку што може да дава цело време...
-
Eпа тоа барам,на напојувањата ставаат peak струја,не колку што може да дава цело време...
На скапите ја пишуваат континуираната струја ;). Побарај на интернет слики или спецификации од некои скапи напојувања ;). Би требало да пишува ;).
-
Eпа тоа барам,на напојувањата ставаат peak струја,не колку што може да дава цело време...
На скапите ја пишуваат континуираната струја ;). Побарај на интернет слики или спецификации од некои скапи напојувања ;). Би требало да пишува ;).
Oк тоа најдов...Друга работа се користи ли уште тој -5V напон,или не?
-
Oк тоа најдов...Друга работа се користи ли уште тој -5V напон,или не?
Да, колку што знам, сеуште се користи ;). Ама тој можеш да го изведеш со еден 7905 ;). Најчесто е и така изведен во напојувањата ;).
-
Во SMPS напојувањата,кај трансформаторите подобро е да се мотани со повеќе жици или со една подебела?Пример две жици од 0.5мм смотани како една од 1мм,или една од 1мм жица?
-
Колеги дали овој инвертор DC-AC 12-220V може да даде мојќност од 100W?
http://teaelectronics.wordpress.com/2012/01/12/simple-12v-to-220v-dc-ac-inverter-using-4047/
http://2.bp.blogspot.com/-DqSCIF70ppg/TrPbXBELCGI/AAAAAAAABPQ/YmMlLIyBCA4/s1600/SIMPLE+100w+INVERTER.jpg
-
Ке даде и повеке од 100 вати ако ставиш појако трафо.Прашањето е само за која намена ке биде напонот.Ова е сепак не многу стабилен систем со 4049 и 4 транзистора.Има и подобри(поскапи),ама и постабилни решенија.
-
Нема да се користи за којзнае какви потрошувачи би требало да биде за штедливите сијалици, можеби и нешто друго ќе се постави како потрошувач но не верувам дека неговата мојќност би била поболема од 70-тина W
Споено мислење: 22.09.2012, Saturday, 18:00:33
И само уште нешто во врска со трансформаторот, тој треба да биде 2X5V или 2X10V?
-
Трафото е 2X10V ,а ако е 150 ватно,истава шема ке го тера за сијалиците,а проблем е ако врзеш некој поголем мотор,кој на стартот влече напон поголем и за 30% поголем од номиналниот.
-
Нема да го користам за мотори или поголеми потрошувачи ;D само за сијалици и некој помал поторшувач евентуално некој полнач за телефони.
-
Сосема е доволно и 100W.
-
дали ке може некој да ми објасни како да направам симетрично трафо и дали ке се исплати (да биде +50в -50в околу 150,200 вати) ми треба за појачало :)
-
Прво мери го јадрото и направи пресметки ( ги има и на Форум неколку пати ставени!). Намотај го примарот ,па потоа заеми две жици (лак,со исти карактеристики) и мотај ги напоредно.Потоа врзи ги наизменично почеток на една со крај на друга намотка и тоа е среден извод,а другите два краја се краевите на едната и другата намотка.Ако имаш материјал и јадро се исплати и тоа како!
-
Колеги дали на оваа шема каде што е обележано на влезот да се поврзи трансформатор од 24V~ може да се стави трансформатор од 27,2V~ и ако не може вака дали ке може со некоја модификација на шемата без да се премотува трансформаторот. Трансформаторот е торусен. ;D
(http://imageshack.us/a/img822/2830/12880565.jpg)
-
Може, иначе на шемата не се гледа добро, ама гледај електролитот после грецот да е барем за 50V.
-
ќе внимаваш многу на максималниот напон со кој се напојуваат ОЗ, мислам дека нив ќе треба да ги промениш со други некој кој се за поголем напон
-
Devil ти викаш дека треба да внимавам на напонот со кој се напојуваат ОЗ тоа во ред. Јас во каталогот за TL081 гледам дека пишува Vcc=+/-18V, еве го каталогот
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/25383/STMICROELECTRONICS/TL081.html
па сега тоа ме буни овде на шемата ОЗ на пин 7 што е +VCC би требало ако не грешам да иама напон од околу 24V, а на пинот 4 -VCC напон од -5,6V никаде нема напон од 18V. Ако може ова да ми го појасниш ова. Незнам можеби и јас нешто грешам :)
И за LorzdZi кондензаотор е 50V ;)
-
JovanOH, прати што пишува ;).
(http://imageshack.us/a/img203/9775/shot0210f.jpg)
-
36V мерено према + и - повеќе од тоа не смее да се подигне напонот, тоа според даташит, ама најчесто овај напон може и да биде помал па пак да се оштети интегралецот :D
-
Аха ок фалa ви, денес професорот го прашав тој ми рече дека може со овој напон исто и некој друг го имал направено слопов и работел со напон од 27V. :)
-
Колеги дали на оваа шема каде што е обележано на влезот да се поврзи трансформатор од 24V~ може да се стави трансформатор од 27,2V~ ...
Ти пиша 27.2V~, а тоа е 27.2 X 1.41 = 38.352V. На граница, си :S. Ај ќе одземам 1.4V поради падот на напонот на диодите, со што ја добиваме вредност 36.952V ~ 37V, ама пак си блиску до границата :S. Јас не би го правел така. Пробај најди некои операциски засилувачи кои имаат максимален работен напон од барем 45V.
Пробај со OPA445, OPA452, OPA551, OPA552. Тие имаат висок напон на напојување, на дел од нив максимален работен напон им е 80V, на некои е 60V, ама пак ги задоволува овие критериуми ;).
-
Дали знае некој како и дали може да се „надгледуваат“(monitor) три напони во исто време од еден пин на PWM регулатор(oд feedback пинот)?Пример имам интегралец UC3842,и после трафото имам три напони 3.3V,5V и 12V е сега како да ги надгледувам сите три т.е да има повратна врска oд сите три напони?
-
не, незнам дали ќе успееш така, ама направи го трафото со додатна намотка само за фидбекот
или земи од 5V-от напон за фидбек назад, пак ќе добиеш некоја горе долу прецизна регулација
-
па тој како што ги надгледува преку галванското одвојување(PC817-оптокаплерот) и ти некако да одвоиш проводник,па на некој микроконтролер да ги чита
-
Добар ден на сите.
Јас сум ви релативно нов/стар член. Одамна сум зачленет ама ве читам само. Сега решив да ви пишам затоа што ми треба вашата помош.
Сакам да си се занимавам за празнициве нешто ама ми треба помош. Земав 2 мини појачалца што ги имам направено со TDA2003 и сакав да им направам засебно напојување ( досега работеа на компјутерско ). Имам трансформатор кој декларирано треба да дава на излез 2 х 12v/0.8a, и 2 x 9v/0.8a. Читав некаде по странски сајт и направив вака :
(http://fotografija.com.mk/images/2012/12/23/trafo.png)
напоните на сликата не се тие кои ги измерив. Напоните на самиот секундар на трафото, се ~22 волти наизменичен , и после диодите и конензаторите се пак ~22 волти еднонасочен напон ( додека работи појачалото, значи под оптеретување дава ~22 волти ). Дали и каде грешам?
Засилувачот сега за сега работи но мислам дека тој напон е малце преголем за тој интегралец и ми е страв дека ќе го изгори. Како можам да го направам ова да се смали напонот за некој волт? Дали ми е добро направено претворањето од наизменичен во еднонасочен напон ?
Фала ви.
-
Најпрво,провери дали инструментот е исправен или пробај со некој друг! Ако трансформаторот дава навистина 22В наизменичен напон,тогаш по исправувањето и пеглањето со 2 х 2200 mF не може да имаш пак 22В едносмерен напон( треба некаде околу 27В да добиеш).Тој напон би бил превисок за TDA 2003.Значи.првен најди друг инструмент,провери си ги мерењата,а потоа ако напонот во секундарот е навистина 22В наизменичен,направи си стабилизатор за 12 В со LM 317 или 7812 + појак транзистор.Такви шеми има веке на Форумов,а ако не можеш да се снајдеш пиши па ке видиме.
-
Засилувачот сега за сега работи но мислам дека тој напон е малце преголем за тој интегралец и ми е страв дека ќе го изгори. Како можам да го направам ова да се смали напонот за некој волт? Дали ми е добро направено претворањето од наизменичен во еднонасочен напон ?
Подобро е ако направиш целобранов исправувач, а не полубранов. Целобрановиот исправувач (грецов спој) се прави со 4 диоди, а полубрановиот со една, како што имаш направено ти.
Можеш да ги искористиш 2 X 9V излезите од трафото за напојување на TDA2003, бидејќи по исправувањето и пеглањето на напонот, ќе имаш излезен напон од околу 11.5V. Може да ги искористиш и 12V-ните излези, под услов навистина да даваат излезен напон од 12V~, а по исправувањето и пеглањето, треба да добиеш напон од околу 15.5V.
-
Дали греењето е поголемо или не? Доколку греењето на 2003 е нормално ( не претерано зголемено),тогаш можеби грешно мериш! Сепак ,побарај шема на некој стабилизатор кој би дал барем 1,5 А.
-
Погрешно сум напишал дечки. Вака :
На самиот секундар, напоните се одприлика 17 волти, а после исправање со диода и со пеглање со 2х2200 mf стигнува напонот до кај 24 волти. Уствари сега не е со 2 кондензатори од 2200 mf туку е со еден од 2200 mf и плус еден од 3300 mf ( подобро е со поголемиот кондензатор или да ги вратам да бидат 2-та исти ? )
Ова мерење е без оптеретување, а со оптеретување паѓа за некои си 2 до 3 волти односно со оптеретување успевам да измерам 22 или 21 волт. Сепак склопот работи но кога ќе го оставам да свири едно пола саат одприлика трансформаторот се загрева, многу малку но се загрева.
Имате некои предлози или сугестии ?
@batka
TDA2003 не грее воопшто ( закачен ми е за голем дебел хладњак од АМ2 процесор )
-
Погрешно сум напишал дечки. Вака :
На самиот секундар, напоните се одприлика 17 волти, а после исправање со диода и со пеглање со 2х2200 mf стигнува напонот до кај 24 волти. Уствари сега не е со 2 кондензатори од 2200 mf туку е со еден од 2200 mf и плус еден од 3300 mf ( подобро е со поголемиот кондензатор или да ги вратам да бидат 2-та исти ? )
Ова мерење е без оптеретување, а со оптеретување паѓа за некои си 2 до 3 волти односно со оптеретување успевам да измерам 22 или 21 волт. Сепак склопот работи но кога ќе го оставам да свири едно пола саат одприлика трансформаторот се загрева, многу малку но се загрева.
Имате некои предлози или сугестии ?
Нема да има проблем и со 2200uF и 3300uF врзани во паралела, баш напротив, колку е поголема капацитивноста во напојувачката секција, толку е подобро. Условно кажано, не може да се претера со кондензатори во напојувачка секција ;D.
Напонот паѓа толку бидејќи имаш ставено полубранов исправувач. Ако ставиш целобранов, нема толку да паѓа напонот.
Јас сепак би ти препорачал да ги користиш 9V-ните излези од трафото. Максимален работен напон (absolute maximum rating) на TDA2003 мислам дека е 28V, а 24V е многу блиску до овој максимум. Со 9V-ните излези ќе имаш малку поголема потрошувачка на струја, ама затоа па ризикот од горење на TDA2003 ќе биде значително намален ;). Најлошо што може да се случи е напонот да падне под минималниот работен напон на TDA2003 и колото да престане да работи ;).
-
Последната работа која не ја напоменав е дека на трансформаторот ознаките се следниве,
12V x 2 - 0.8A
9V x 2 - 0.8A
дали тоа значи дека имам 4 пати по 0.8 ампери?
Дали тоа значи дека имам 2 х 0.8 ампери на 12 волтните излези, и 2 х 0.8 ампери на 9 волтните излези ??
Или тоа значи дека имам 2 пати по 0.8 ампери се на се - односно на 12 волтните излези имам 0.8 ампери вкупно и на 9 волтните излези имам 0.8 ампери вкупно??
-
Тоа значи дека сите секундари ти се мотани со иста жица и даваат по 0,8А.Имаш по два дупли секундари и можеш да ги комбинираш и да добиеш 18V ( 2x9V) 24 V ( 2x12V) ..42V ( 24 + 18V)....
-
дали тоа значи дека имам 4 пати по 0.8 ампери?
Тоа значи дека од секој од излезите можеш засебно да добиеш по 0.8A. Паралелно врзување на излезите не се препорачува.
-
Подобро е ако направиш целобранов исправувач, а не полубранов. Целобрановиот исправувач (грецов спој) се прави со 4 диоди, а полубрановиот со една, како што имаш направено ти.
Како да направам на овој трансформатор 2 целобранови исправувачи за да добијам 2 пати по 12 волти еднонасочен напон, за да напојувам 2 TDA2003 ??
Како да ги поставам диодите ( имам дома диоди повеќе па ќе направам со диоди наместо со грец )???
Ќе сака некој да нацрта шема ( макар и во пеинт ) за да видам како да го одработам тоа ??
-
Ќе сака некој да нацрта шема ( макар и во пеинт ) за да видам како да го одработам тоа ??
Еве, вака ќе направиш, како на сликава подолу ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/RectifierWithCapactitor.gif)
Вакви две ќе направиш, за секој од излезите посебно и гледај диодите да можат да издржат барем 1A струја, а препорачливо е и повеќе да можат да издржат ;). Максималниот работен напон на диодите не е екстремно критичен, бидејќи и онака и онака повеќето исправувачки диоди немаат проблем со напон до 100V, а напонот на напојување е и онака значително помал од овој ;). Притоа сите диоди се исти (да може да издржат иста јачина на струја, а не една да може 1A, а друга да може 1.5A или 2A). Кондензаторот C1 може да има и поголема вредност, вредноста не е критична, во принцип, во напојувачка секција (барем кај засилувачи), условно речено, никогаш не се доволно кондензатори ;D. Вредноста може да биде и 3300uF и 4700uF, не е проблем. Само работниот напон да не биде помал или на граница од максималниот напон кој го има на краевите меѓу кои се поставува ;). Во овој случај, тоа би била максималната вредност на наизменичниот напон која може да се добие ако вредноста измерена со унимер поставен на подрачје за мерење на наизменичен напон, се помножи со 1.41 и од добиената врендост се одземе околу 1.4V (падот на напонот на диодите ;)).
-
GigaWatt фала ти на одговорот, јас знам за ова но тоа што мене ме буни е дали ќе можам да го искористам мојот трансформатор кој има 3 жици на секундарот и како да ги поврзам жиците од трансформаторот со диодите ???
(http://fotografija.com.mk/images/2012/12/28/trafo.png)
-
тебе ти треба симетрично напојување или 2 напојувања 0-12V
-
@Devil сакам да имам 2 пати по 12 волти за да можам да напојувам 2 TDA 2003
-
шемата на Gigawatt од погоре
правиш две такви исти, едното го поврзуваш на 12V и нулата, другото на другите 12V и нулата
како на сликава, само што трафото на сликава е некое друго, на местото негово ти ќе си го поставиш твоето, и нема да ги ставаш деловите C3, C4, C5,C6, нема да ги ставаш тоа 7812 и 7805, него ќе ја користиш шемата од погоре (на GigaWatt)
(http://2.bp.blogspot.com/_mMLx8EnYoWo/TFw9VNITpjI/AAAAAAAAABc/kdRoHBqP9HQ/s1600/Graphic1.jpg)
-
GigaWatt фала ти на одговорот, јас знам за ова но тоа што мене ме буни е дали ќе можам да го искористам мојот трансформатор кој има 3 жици на секундарот и како да ги поврзам жиците од трансформаторот со диодите ???
На Devil решението е одлично ;). Истото може да се направи и со само еден исправувач, како шема за симетрично напојување, како на сликата подолу. Во принцип, истата функција ја вршат, со таа разлика што овие диоди ќе треба да имаат дупло поголем максимален работен напон, што во конкретниов случај не е проблем, бидејќи и онака излезниот напон од трансформаторот е далеку од висок ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SymetricPowerSupply.gif)
Шемата на Devil е подобра бидејќи ќе добиеш напојување со засебни изводи за секој од засилувачите, односно напојувачките секции ќе им бидат независни (ако откаже едната, другата може да продолжи да работи), што е недостаток на оваа шема (напојувачката секција е заедничка и за двата засилувачи). Освен тоа, тоа што за едниот канал ќе биде GND, за другиот ќе биде +Vcc, така да, и тука се јавува неусогласеност :S. Сите компоненти од едниот и од другиот канал ќе бидат на различни потенцијали едни во однос на други, така да, ќе треба добро да ги изолираш каналите еден од друг, да не случајно се допрат ладилниците. А ако имаш заеднички ладилник за двата засилувачи, ќе треба да ги изолираш TDA2003 еден од друг преку лискунска подлошка од ладилното тело (не знам дали им се N/C куќиштата, ама дури и да се, не е лошо ова да се направи ;), можно е куќиштата да се спојат со некој пин ако случајно изгорат, па тек тогаш да настане хаварија ;D).
Кога ќе размислам подобро, користи ја шемата на Devil ;D.
-
GigaWatt, твојава шема не е добра за таа намена. Што ќе се случи кога ќе се поврзат масите за влезниот сигнал од двата засилувачи на една заедничка маса, на пример на DVD плеер? boom :)
-
GigaWatt, твојава шема не е добра за таа намена. Што ќе се случи кога ќе се поврзат масите за влезниот сигнал од двата засилувачи на една заедничка маса, на пример на DVD плеер? boom :)
Е и тоа ми текна ;D. Ама подоцна ;D. Во право си ;). Затоа на крајот од post-от пишав дека подобро е да ја користи шемата од Devil ;). Со оваа јас што ја post-рав, може нема да има бум, ама дефинитивно ќе има спрж ;D.
-
Се надевам вечерва ќе имам малкуцка барем време да ја направам на прото-плочка шемата од Devil, само ме плаши тоа што кога го користев едниот излез од трансформаторот за едното појачалце трансформаторчето се загреваше ( многу млако, но се загреваше ). Дали тоа значи дека неговата снага е премногу мала за тоа интегралче???
Исто така да спомнам дека моментално имам за тест само 6 омски звучник. Дали тоа може да претставува проблем ???
Шемата која ја користам за изградба е оваа :
(http://fotografija.com.mk/images/2012/12/28/tda2003oN62L.gif)
-
Се надевам вечерва ќе имам малкуцка барем време да ја направам на прото-плочка шемата од Devil, само ме плаши тоа што кога го користев едниот излез од трансформаторот за едното појачалце трансформаторчето се загреваше ( многу млако, но се загреваше ). Дали тоа значи дека неговата снага е премногу мала за тоа интегралче???
Ако е само млако, нема проблем ;). Ќе издржи ;). Допри го кај жиците, каде што се намотките на трансформаторот. Ако не се жешки жиците, нема да има проблем ;).
Исто така да спомнам дека моментално имам за тест само 6 омски звучник. Дали тоа може да претставува проблем ???
Барем од моето досегашно искуство, во принцип, засилувачите со интегрирани кола се неуништливи ;D. Пред се бидејќи имаат заштити од еден куп работи (прегревање, преголем влезен напон, краток спој на излез, итн.). Е сега, со TDA2003 немам работено (може и имам, ама не ми текнува ;D), така да, со конкретно овој модел на интегрирани засилувачи, немам искуство, ама од моето досегашно искусво, барем за интегрираниве засилувачи имам изведено едно мое лично правило (не значи дека сум 100% во право, ама до сега барем ми функционирало ;D): ако работи кога прв пат ќе го пуштиш, најверојатно ќе работи засекогаш ;D. Ми се случило да ми изгорат и интегрирани засилувачи, ама најчесто по моја вина (сум направил спој некаде или не сум врзал некој пин или сум го врзал на погрешно место...). На пример, не ми се случило да ми изгори интегриран засилувач од прегревање. Но, затоа ми се има случено да ми изгори од погрешно врзано напојување ;D. Е сега, иако повеќето од овие интегрирани засилувачи имаат заштита од краток спој на излезите, не е препорачливо „да си играш“ и да ги краткоспојуваш (како што јас знаев да правам ;D) бидејќи, можеби нема да изгори по првиот краток спој, ама по 5, 6, 7 по ред краткоспојувања, ќе изгори ;D. Така да, не се плаши, иако можеби е декларирано колото за работа со 8ohm-ски звучници (не знам, не сум го прочитал datasheet-от на TDA2003, барем не во последно време ;D), најверојатно нема да има проблем ни со 6, а ни со 4ohm-ски звучници ;).
Шемата која ја користам за изградба е оваа :
(http://fotografija.com.mk/images/2012/12/28/tda2003oN62L.gif)
Нели со TDA2003 ќе го правиш... односно, јас барем колку што разбрав, засилувачите се веќе готови ???.
-
Значи колку интелигенција има на форумов чудо некое... ( ќе ве давам почесто со прашања мои интелигентни е-другарчиња ;D ;D)
TDA 2002 и TDA2003 работат на таа шема што ја постирав. Досега немав употребено напон на 2-те електрични кола кои ги направив со TDA2003 заедно, односно ги пробував едно по едно :). Ги приклучив на компјутерско напојување но сакав да направам целосно независен уред. Викендов ќе се поиграм со трансформаторов и диодите и ќе ви кажам како испаднало. Треба да ја направам и тонската контрола од оваа тема:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6829.msg85594#new (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6829.msg85594#new)
Фала ви на сите.
Среќни празници !!!
-
Колеги ми треба Ваш совет. Едем мој комшија сака да купи DC-AC инвертор 12VDC-220VAC. Тој се реши да купи 500W инвертор па се двоуми измеѓу следните два инвертори
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=2316&category_id=823&category_on=Invertori
Еве вој инвертор е 600W што не му игра важна улога дали ќе биде 600W или 500W исто така нема да му биде потребен полначот за акомулатори кој е вграден во самиот инверор неговата цена е 7900 ден.
http://www.ecutool.com/Power-Inverter-for-DY8109-12V-500W220V_2754.html#5
Овој инверот е 500W како што кажав мојќноста од +/- 100W не му игра важна улога само тука е пресудна цената која што е 2500 ден.
Е сега ако некој има искуство со двата инвертори нека каже дали вториот инвертор е со послаб квалитет од првиот гледано на цените или пак тука игра важна улога разликата во мојќноста и вградениот полнач во првиот инвертор. Искрено јас прв пат слушам за и двете марки на инвертори немам воопшто никакво искуство со инвертори. :-\
Ако може совет од Вас. ;D
-
Дали ке може на трафо од 100 - 150 Вати да се приклучат:
- Лемило Соломон со моќност од 48 Вати
- Исправувач 24В/2А што според мои пресметки ке биди U*I=P, 24*2=48W
А Моќноста на двата уреди ке биди 96W
И уште едно прашање бидејќи трафото има секундарни напони 24В и 48В ке ми требаат: 24 волти за лемилото и 24 за исправувачот дали може со некој склоп со транзистори или што и да е напонот од 48 волти да падни на 24 волти, или пак да барам некој исправувач што ке бара влезен напон 48В или нај едноставно да го однесам да ми го премотаат но тоа ке ме чини 500 - 600 денари со што би купил два посебни трафоа.
Споено мислење: 15.01.2013, Tuesday, 23:01:22
сега гледав некои кола и го најдов 7824 но максимален влезен напон му е 40В а и незнам дали го има во мк, секундарот на трафото е 42В така да кога ке се исправи и испегла напонот треба да се добие 42*1,6 (мислам дека со 1,6 се множеше ако не е така поправетеме) се добива напон од 67,2 така да и оваа опција отпаѓа некој со некаква помош ?
-
7824 има во македонија ( и не е скап 10-20 денари е) ама максимална струја му е 1,5А ама ке се загрева многу, и за да пресметаш колкав напон ке имаш кога од АC претвараш во DC, напонот од AC се множи со корен од 2 (1,414) и ете ти го максималниот напон што можеш да го добиеш (само намален за падот на напонот од грецот). а за како да добиеш две напојувања од по 24V сликни го трафото и стај го тука па колку можеме ке ти помогнеме :)
-
Колеги ми треба Ваш совет. Едем мој комшија сака да купи DC-AC инвертор 12VDC-220VAC. Тој се реши да купи 500W инвертор па се двоуми измеѓу следните два инвертори
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=2316&category_id=823&category_on=Invertori
Еве вој инвертор е 600W што не му игра важна улога дали ќе биде 600W или 500W исто така нема да му биде потребен полначот за акомулатори кој е вграден во самиот инверор неговата цена е 7900 ден.
http://www.ecutool.com/Power-Inverter-for-DY8109-12V-500W220V_2754.html#5
Овој инверот е 500W како што кажав мојќноста од +/- 100W не му игра важна улога само тука е пресудна цената која што е 2500 ден.
Е сега ако некој има искуство со двата инвертори нека каже дали вториот инвертор е со послаб квалитет од првиот гледано на цените или пак тука игра важна улога разликата во мојќноста и вградениот полнач во првиот инвертор. Искрено јас прв пат слушам за и двете марки на инвертори немам воопшто никакво искуство со инвертори. :-\
Ако може совет од Вас. ;D
Во фирмата каде што одев на пракса тие ги увезуваа овие инвертори HQ (првиот линк) и инверторите се солидни за приклучување на светилки или некои помали уреди, но во сервисот се дискутираше за тоа како не се добри за импулсни напојувања (switch power supply) (конкретно се развиваше дискусија за полнначи за лап-топ).
-
7824 има во македонија ( и не е скап 10-20 денари е) ама максимална струја му е 1,5А ама ке се загрева многу, и за да пресметаш колкав напон ке имаш кога од АC претвараш во DC, напонот од AC се множи со корен од 2 (1,414) и ете ти го максималниот напон што можеш да го добиеш (само намален за падот на напонот од грецот). а за како да добиеш две напојувања од по 24V сликни го трафото и стај го тука па колку можеме ке ти помогнеме :)
Пак ко ке го помножиш со 1,41 и одземен падот на напонот доаѓа 56,5 волти а тоа е за 16,5 волти повисоко од работниот напон на 7824. Со отпорници не ми се верува да може да се предизвика пад на напон, премногу ке загреат (за еден со отпорник ке ми треба отпорник од 113 вати при максимално оптеретување). Што друго би ми препорачале?
-
Пак ко ке го помножиш со 1,41 и одземен падот на напонот доаѓа 56,5 волти а тоа е за 16,5 волти повисоко од работниот напон на 7824. Со отпорници не ми се верува да може да се предизвика пад на напон, премногу ке загреат (за еден со отпорник ке ми треба отпорник од 113 вати при максимално оптеретување). Што друго би ми препорачале?
Имаш некоја грешка направено при множењето ;D, не е 56V туку околу 34V без падот на напонот од диодите од грецот ;). И при одземање на падот на напонот на диодите од вкупниот напон, не се одзема по 0.7V од секоја диода, туку се одзема вкупно 1.4V (како за две, а не како за четири диоди) ;).
-
гига ват мене ми треба пад на напон за секундарот од 42волти а не од 24 така да кога ке ги помножиш 42 и 1,41 = 59,22 - 1,4 = 57,82 е сега да го паднам напонот за 18 волти не ми се верува така да ке треба да земам или ново трафо или да го премотам старото ама најверојатно ке земам ново сега гледав лордзи има добри понуди.
-
гига ват мене ми треба пад на напон за секундарот од 42волти а не од 24 така да кога ке ги помножиш 42 и 1,41 = 59,22 - 1,4 = 57,82 е сега да го паднам напонот за 18 волти не ми се верува така да ке треба да земам или ново трафо или да го премотам старото ама најверојатно ке земам ново сега гледав лордзи има добри понуди.
Ааааааа, сега сватив ;). Јас мислев дека имаш секундар која дава наизменичен напон од 24V ;).
Е да, во твојов случај, ќе мораш да го премотуваш трафото :S... или да најдеш друго.
-
Здраво, имам една плочка со pic16f877A и дополнителна електроника со околу 150-200mA струја заедно. Ме интересира дали како напојување можам да користам USB, сакам да го искористам полначот од мобилен како влез во мрежа, а од другата страна 5 волти USB B-type?
Дали ќе имам стабилни 5 волти или сепак да работам со 7805 на пример?
Поздрав!
-
Здраво, имам една плочка со pic16f877A и дополнителна електроника со околу 150-200mA струја заедно. Ме интересира дали како напојување можам да користам USB, сакам да го искористам полначот од мобилен како влез во мрежа, а од другата страна 5 волти USB B-type?
Дали ќе имам стабилни 5 волти или сепак да работам со 7805 на пример?
Поздрав!
Тој е стабилен напон 5 волти, нема да има потреба од ништо друго
-
Здраво, имам една плочка со pic16f877A и дополнителна електроника со околу 150-200mA струја заедно. Ме интересира дали како напојување можам да користам USB, сакам да го искористам полначот од мобилен како влез во мрежа, а од другата страна 5 волти USB B-type?
Дали ќе имам стабилни 5 волти или сепак да работам со 7805 на пример?
Поздрав!
Зависи каков полнач. Ако е од оние лесните, тие кога не се оптеретени со потрошувач (мобилен телефон кој се полни), даваат и значително повисок напон од 5V, на пример 8, 9V. Барем така е кај мојот Nokia полнач, а и кај некои други кои ги имам измерено (Alcatel, Siemens). Така да, ако планираш да го користиш полначот како извор за стабилен еднонасочен напон од 5V, задолжително додади и интегриран стабилизатор 7805. Ако напонот по 7805 е нешто помал од 5V (на пример, 4.5V или 4V), значи дека излезниот напон од полначот е повисок од 5V, но не доволно висок за да може стабилизаторот да стабилизира на точно 5V. Најчесто, за овие интегрирани стабилизатори потребен е напон кој е минимнум 2V (или 2.5V можеби беше, не ми текнува, прочитај во datasheet) повисок од напонот кој треба да го даде на својот излез. На пример, ако користиш 7805, минималниот напон кој треба да го има 7805 на својот влез за да на својот излез даде 5V, е 7V. Има и интегрирани стабилизатори кај кои оваа напонска разлика (voltage drop) е значително пониска, околу 0.5V, што значи дека за да може стабилизаторот да даде на излез 5V, доволно е влезниот напон да биде 5.5V ;).
-
Фала ви многу за одговорите.
Баш заради таа дополнителната електроника не сакав да се замарам, иначе би го направил со трансформаторче, грец и 3-4 кондензатори... Барав поедноставен начин, па затоа ми текна на полначот.
Сакам да користам полнач од HTC. Баш сега проверив на интернет (моментално немам можност да измерам со мултиметар), дека излезниот напон е 5V и 1A.
http://www.htcdepot.com/htc-micro-usb-1a-travel-charger/5AA7825.htm
Мислам дека не би требало да има разлика поради тоа што ќе користам друг кабел (една страна тип-А, а друга страна тип-Б).
-
Мислам дека не би требало да има разлика поради тоа што ќе користам друг кабел (една страна тип-А, а друга страна тип-Б).
Не, нема да има ников проблем ;). Тоа не влијае, особено при вакви ниски напони ;). На крајот на краиштата, има и такви фабрички USB кабли ;). Ако се дизајнирани така да работат, нема да има проблем ни со оваа конфигурација ;).
-
Дали може трансформаторите кои ги има во некои звучни кутии (порано ги имаше во некои школи за разглас) да се премота да се користи како трансформатор за намалување на струја.
Дали може трансформатор од излез на лампашко појачало (аудио трансформатор) да се премота да се користи за намалуванје на струја.
-
подобро тоа трафото од излез од лампашко појачало продај го или трампај го за некое друго трафо (какво што ти треба) одколку да го растураш и да го премотуваш...
-
Добро ти кажува Bojan,немој да ги растураш тие трансформатори,вредни се, повеќе ти се исплати да ги продадеш и да си купиш мрежно трафо какво ти треба.
-
Дали може трансформаторите кои ги има во некои звучни кутии (порано ги имаше во некои школи за разглас) да се премота да се користи како трансформатор за намалување на струја.
Дали може трансформатор од излез на лампашко појачало (аудио трансформатор) да се премота да се користи за намалуванје на струја.
Прво,струја не се намалува- се намалува напон! Второ овие трансформатори можеш само да ги растуриш и премоташ,друго не ни помислувај(поготово не да ги врзеш на 220V)!!
-
Прашањето ми беше дали можам EI лимовите од тие трансформатори да ги искористам и да намотам трансформатори кои ке го намалат напонот.
Да мотам наново и примар и секундар а не така да ги бутнам во 220
Дали има разлика помегу лимовите од класичен трансформатор за намалување на напон и од лимовите за аудио трансформатори.
-
Прашањето ми беше дали можам EI лимовите од тие трансформатори да ги искористам и да намотам трансформатори кои ке го намалат напонот.
Да мотам наново и примар и секундар а не така да ги бутнам во 220
Дали има разлика помегу лимовите од класичен трансформатор за намалување на напон и од лимовите за аудио трансформатори.
Ако се направени од обични EI лимови, се разбира дека може (а околу металната содржина на лимовите... искрено не знам, но не верувам дека се некои посебни EI лимови, тие звучници се наменети пред се за пренос на говор, не се бараат од нив супериорни Hi-End перформанси), ама не ти се исплати. Зошто? Од причините кои ги имаат пишано Bojan и Maki. Прво пробај трампај ги или продади ги. Ако гледаш дека не се продаваат, тогаш одлучи се на тој чекор (премотување на трафото).
-
И јас ќе ти кажам дека е штета да ги растураш, подобро продај ги.
Иначе излезните трафа од лампашите обично имаат потенки лимови и се со поинаков состав на железото од оние на мрежните трафа, плус редени се сите E и I сегменти заедно, не наизменично како кај мрежно трафо, а имаат и ;)зазор на спојот помеѓу нив (обично тенка лента од некој изолациски материјал), ако сепак се решиш да ги премотуваш ќе треба да ги прередиш лимовите.
-
Кога ке ми ги дадат ке видам што и како со нив.
Дали доколку ги премотувам ке важат истите правила и пресметки како кај мрежните трансформатори
-
Да,само ако има зазор помеѓу пакетите лимови треба да направиш разместување. Но,обично кај повекето одат наизменично редење Е и I лимови,па немада биде тешко.Мери самоколку е површина на пресек и пресметувај според формулите кои повекепати се дадени на Форумов.
-
Дали доколку ги премотувам ке важат истите правила и пресметки како кај мрежните трансформатори
Да, би требало, зависи од тоа дали лимовите се направени од ист или сличен материјал од кои се направени лимовите кај обичните трансформатори. Во секој случај, ако веќе си решил да ги размотуваш, води се по класичните пресметки, па види дали ќе се поклопуваат со измерените вредности од премотаниот трансформатор ;).
-
Сакам да вбе прашам каде може да се најдат вакви трафа кај нас, а доколку нема кај нас да не знаете како да ги барам на ebay или некои такви страни? Друго прашање ми беше дали ова трафо може да се користи за некое појачалце, пошто многу е мало, ама според серискиот број што го има на него и на нет што најдов испаѓа дека е 120 вати на 19 волти? Овие ми се извадени од некои уреди што се сликани изгорени се, за да видите за што станува збор :D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/DSC_0558_1.jpg)
-
Измери пресек (плоштина) на јадрото, ќе дознаеш колкава е моќноста ;).
-
Ова се феритни трафа за SMPS напојувања, не може да ги користиш туку-така како што си замислил.
-
Ова се феритни трафа за SMPS напојувања, не може да ги користиш туку-така како што си замислил.
Ау, да, сега и јас забележав, во право LordZi, феритни трафа се, не можеш да ги користиш на мрежен напон.
-
во даташит пишуваше дека може да се приклучат на напон од 100 до 265 ацволти :(
-
во даташит пишуваше дека може да се приклучат на напон од 100 до 265 ацволти :(
А погледна која беше фрекфенцијата? Cигурно била голема фрекфенција (поголема од 50Hz)
-
Па пишува и тоа не баш мала фрекфенција, пишува 140kHz
-
Па пишува и тоа не баш мала фрекфенција, пишува 140kHz
Епа SMPS трансформаторчиња се ;). Овие не се наменети да работат во линеарен режим, како обично трафо, овие се наменти да работат во импулсен режим ;).
-
За нешто интересно да можам да ги искористам ???
-
da, za SMPS napojuvanje ;D
od tel
-
За нешто интересно да можам да ги искористам ???
Како што пиша Bojan, ако се разбираш од дизајн на SMPS напојувања, можеш да ги искористиш за SMPS напојување. Освен тоа, не се наменети за некоја друга намена.
-
Може некоја шема да видам како што се прави, па ќе проценам јас дали сум доволно стручен за да ја направам.
-
Мислам дека не се работи за стручност туку се работи за тоа дали се знаат карактеристиките на самиот трансформатор кој извод за што служи и.т.н, па на основа на тие параметри да се бара шема. Мислам дека останатото е губење на време и е неисплатливо!
-
Toma е во право. Не е до шемата. Потребно е големо знаење од феромагнетни материјали, switching кола, високонапонски полупроводнички компоненти и што уште не за да може некој да дизајнира SMPS напојување. Не е работава „плукни-залепи“. Ти требаат пресметки, формули, спецификации, итн.
Ако веќе се интересираш околу дизајн на SMPS напојувања, побарај низ секција за книги, таму има барем три книги на тематика SMPS напојувања. Еве една од нив ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10403.0
-
Дали може некој да ми помогне да ми каже колку е моќен овој трансформатор, и како од почеток скрос и примар и секундар со која дебелина на жица колку кругови да намотам , на излез на секундар да дава 24волти 3ампери. Ми треба за оваа работа:
http://www.electronics-lab.com/projects/power/001/index.html
Ќе почнам да ја правам деновиве.
Еве слика од трансформаторот јас го мотав за апарат за заварување на лимови и при првиот директен спој почна да чади. :D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/uqLJhNt.jpg)
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5213.0
-
pomos za napojuvajne na zasiluvac 2x70v DC zedov kondenzatori od alfa 3x10000/80v bidejci nemeja 4 i 2x4700/100v sprema slikata kako da gi iskoristam za napojuvajne na zasiluvac od 2x400w.kako prvata zaradi estetika vo kutijata ili kako vtorata i dali ke ima nekakva razlika vo grankite pozitivna sprema negativna i kolku po 1A obicno stavate mFaradi.od mobilen
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/napojuvanje_sema.png)
-
Обично оди 1А - 1000 мФ. Мора парен број да ти бидат исти електролити во двете гранки,иначе ке има разлика во + и - гранката.Не брзај, најди четири исти,бар 100V да бидат.
-
znaci kako prvata varijanta 2x10000/80v i 2x4700mF100v moze da brka rabota pa koga ke dobijat vo alfa da zemam uste eden od 10000mF80v i vkupno ke ima 2x24700mF.od mobil
-
Вака гледано можеш слободно да работиш со по два пара елко со различни вредности на гранка и не мора да ставаш уште еден пар - доволно е и ова!
-
ok
-
како да ја пресметам максималната струја (max output) што може да ја даде некој DC/AC трансформатор (на трансформатор на кој што не пишува спецификации на него) :)?
i=u/r (како да одредам колку може да биде максимално r при што трансформаторот ке даде максимална струја и колку е истата)
-
знаеш најверојатно дека P=U*I, ако знаеш моќност, знаеш напон и знаеш делење ке завршиш работа :D
-
знаеш најверојатно дека P=U*I, ако знаеш моќност, знаеш напон и знаеш делење ке завршиш работа :D
ако не е позната ни моќноста? :)
-
ке побараш поназад во темава ;D
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5213.0
-
Има на Форумов туторијали на ова тема ,само ако сакаш малку да побараш....
-
најдов еден голем трансформатор, потребна ми е ваша помош како правилно да го врзам на AC напон и да мерам колкав(и) напони дава на излез, кој водови се влез (т.е 220V) а кој му се излези?
каков е овој трансформатор AC-AC или AC-DC ?
од туторијалите за мерења што ги читав на форумов измерив дека јадрото има димензии a=8cm b=8cm т.е трансформаторов има голема моќност од околу P=4kW :)
еве слика од истиот:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/CAM00176.jpg)
се надевам дека ке ми помогнете
-
Прво,така слики не се ставаат на Форум ,туку научи се да ги прикачуваш некаде за да не мора админите и тоа да го средуваат.Оние зелени жици ,со црвено заокружени доле се веројатно примар 220V.Земи со омметар мери и види колкава вредност има меѓу нив.Потоа мери ги оние на клемата и спореди- примарот има најголема омска вредност.Провери и да не е некаде пробиен кон масата.односно јадрото или кон секундарните намотки.Ако има некаква вредност омска помеѓу примар/секундар или кон кадрото,не го вклучувај ,бидејки има некој краток спој внатре.
-
Мене ми изгледа на трафо за некоја посебна намена. Од EI лимови изгледа како да е направен, така да, можно е да е мрежно трафо.
Во серија со оние водови кои мислиш дека се примар, врзи сијалица и види дали ќе свети. Ако свети, си згрешил, ако не свети, си го подгодил примарот ;).
-
трафото било извадено од апаратче за правење на најлонски кеси :) (најверојатно рачно правено)
го измерив отпорот помегу најизменични водови и тоа е следниот според сликата во претходниот пост:
1 и 2=1.2omh
1 и 3=1.2omh
2 и 3=1.2ohm
4 и 5=2.1ohm
4 и 6=3.7ohm
5 и 6=2.7ohm
7 и 8=1ohm
а униметорот кога е за одредување дали има куса врска:
1,2,3 = кусо споени
4,5,6= кусо споени
6,7= кусо споени
најизменичен ли е овој трансформатор?
-
Трансформатори има само за наизменичен напон ,за прав за жал нема! Треба значи да се исправи наизменичниот напон! Ова што го мереше го мереше,ама оние две зелени жици доле,не ги видовме во мерените.
-
грешно сум пишал,значи вака
1,2,3 = кусо споени
4,5,6= кусо споени
7,8=кусо споени
7,8= 1ohm
7 и 8 се тие доле.
-
Ако е така како што напиша,единствено нешто добро за ова трафо е премотување!
-
Најверојатно е за трансформација на импеданси или за повишување или снижување на некој напон со ниска амплитуда. А можно е и примарот да му одмотан (ако втор бил мотан, ништо чудно, гледам има простор на касетката).
Како и да е, пробај ја таа финтата со сијалицата што ти ја пишав ;).
-
Трафово надворешно ми делуваше многу мало (според тоа што имам други трансформатори а се со помала моќност а се приближна големина), според мојти пресметки јас го истерав точно 143 вати. Јас го мерев според касетата колкава е, сега кажете да не грешам со меркиве, зашто ептен ми е чудно со трафово.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/DSC_0308.jpg)
-
Не грешиш, според дадените димензии, точна ти е пресметката.
-
А има ли шанси некако да се измери дали е прегорен примарот кога тој е изваден од имовите и се седи во касетата?
-
Може само да го измериш отпорот на жицата на примарот. За оваа моќност на трафото, опторот би бил некаде околу 60-120 ома (само нагаѓам). Сепак со ова мерење не може да дознаеш дали некаде внатре во намотката има краток спој.
-
Постојат посебни уреди кои овозможуваат со мерење да се види дали намотката е вократок спој или не е.Такви уреди ( мерачи на индуктивност) имаат подобро опремените сервиси инекои фирми кои работат со трансформатори.
-
А да не знае некој како се пресметува моќност на торус?
-
1 http://www.elektronika.ba/forum/viewtopic.php?p=119907#p119907
2 http://www.elitesecurity.org/t152555-Izrada-transformatora
-
Еден мој другар има апарат за варење .. Нема име на него .. Само некој селектор .. копче за вртење .. на наизменичен напон вари .. :) Секундарите од трафото директно се на излез за клемите за варење .. Прашањето ми беше , трафото е со U-I лимови , долго е 25 cm , широко 15 cm a високо 5 cm , па сакам да го купам , и да го премотам секундарот , со потенка жица и да си направам трафо за некое јако појачало ;D По димензиите колку W би му дале на јадрото ? ;D 1-2kW ? И дали би можел да го искористам за појачало , но само да го премотам секундарот , не и примарот .. Примарот е мотан со жица дебела околу 1-1.5mm .. Иначе до тоа копчето , што е како селектор за напонот изгледа .. од него жиците идат до намотките на трафото .. Апаратот е монофазен , но селекторoт ме буни .. Дали ако го премотам и примарот ке добијам на простор и поголемо искористување ? :) И дали се исплати ? Иначе секундарот е мотан со жица дебела 9 mm :)
-
Даниел тука требаше да си прашаш што имаше да си прашаш
-
најдов еден голем трансформатор, потребна ми е ваша помош како правилно да го врзам на AC напон и да мерам колкав(и) напони дава на излез, кој водови се влез (т.е 220V) а кој му се излези?
каков е овој трансформатор AC-AC или AC-DC ?
од туторијалите за мерења што ги читав на форумов измерив дека јадрото има димензии a=8cm b=8cm т.е трансформаторов има голема моќност од околу P=4000W =4kW :)
еве слика од истиот:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/CAM00176.jpg)
се надевам дека ке ми помогнете
трафото било извадено од апаратче за правење на најлонски кеси :) (најверојатно рачно правено)
го измерив отпорот помегу најизменични водови и тоа е следниот според сликата во претходниот пост:
1 и 2=1.2omh
1 и 3=1.2omh
2 и 3=1.2ohm
4 и 5=2.1ohm
4 и 6=3.7ohm
5 и 6=2.7ohm
7 и 8=1ohm
а униметорот кога е за одредување дали има куса врска:
1,2,3 = кусо споени
4,5,6= кусо споени
6,7= кусо споени
најизменичен ли е овој трансформатор?
Има ли некој што знае да премотува трафо/а. ми треба за горенаведеното трафо нека ми пише ПП за цена ке се договориме. :)
-
Ова треба да оди во *Понуди*,во дел за Огласите,а не тука.
-
Трансформатор од батеорија за компјутер што е, од оние со акомултор внатре, дали може да се искористи за нешто друго или мора да работи преку плочката во утредот, дали може да го пуштам на 220В и да си работи?
-
ај пак објасни се жити мене...
-
Значи имам вакво уредче и во него има трафо, ама не е трафото дирекно на 220В туку иде преку некоја електроника и релиња, дали некој знае дали може трафото од ова да се искористи без електрониката?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/CALL-KARACHI-0213-7656883-PECHS.jpg)
-
мозеш,стави сериски една сијалица и наоѓај ги напоните.
-
Имам дома една плочка од UPS како сликата од претходните постови, само што сега ова е само плочка, иначе за претходните прашања го испитав со помош на сијалица, сега за оваа на сликата имам обележано на сликата каде кој напон треба да го има, на влез доаѓа 230 волти 10 ампери, е сеа проблемот е што кога на приклучокот за мрежен напон ќе донесам 230 волти, на приклучокот кај што е за транформатор не доаѓа никаков напон, доаѓа само до релињата и после нив не излага, има две релиња за регулирање на наонот за трансформаторт, а релињата ги испитав со донесување на еднонасочен напон од 12 волти на шпулната и си “шкљоцаат“ или чукаат како сакате нормално, не се залепени прво што помислив. Потоа измерив на излезот на едното реле и имаше само 80-90 волти. Дали некој може да знаеш до што е проблемот?
(http://s22.postimg.cc/3kcwu740h/DSC_0004.jpg) (http://postimage.org/)
(http://s22.postimg.cc/yon2xiyvl/DSC_0003.jpg) (http://postimage.org/)
-
Како прво поздрав до сите форумџии.Имам една молба до Вас, ако можи да ми отрилика кажите колкава снага има трафото на сликата содадените објаснувања.Благодарам(http://www.4shared.com/download/aiCzYyomce/IMG_0077__1_.JPG)
Веќе пронајдов,како и дае благодарам
-
@Hahahaha: Отвори си посебна тема во секцијата за сервисирање на уреди и детално опиши го проблемот.
-
Во СМПС нема шанси брум да чуеш, но ке имаш големи ЕМИ и посилен шум. Кај полошо филтрираните СМПС најчесто се слуша работната фреквенција на свичинг, па е малку непријатно. Сите посилни појачала за разгласи се со СМПС, лесно е, многу ефикасно, има јако контролиран излез (не мрда ни волт). Е сеа стварно прави сметњи во мрежата.
епа и јас го зборам тоа цело време дека се слуша работната фрекфенција на свичингот, и дека за разглас е поефтино решение со SMPS бидејки освен што цената е помала, и самиот засилувач е полесен, нема во него 10кила трансформатор.
можеби се избегнуваат како што велиш поради цената, но напојувањата со класичен трансформатор се постабилни 8)
кај класичен транформатор секундарниот напон варира правопропорционално од напонот на примарот, и ако не се користи стабилизатор на излезот ке варира целиот напон, а додека кај напојувањата со свичинг секундарниот напон се регулира со времетраењето на состојбите на транзисторот (off и on) така да може многу прецизно да се регулира секундарниот напон со помош на повратна врска дури и при варирања на примарниот напон.
E,па тоа е професионална техника?? Треба ли да се ностат пр.6 снагаши и 6 SMPS како резерва?? Оти во моментот ке нема транзистори во МК? Кај класичен трафо ( тороид) би ми прегорел осигурач (евентуално),а поради сите заштити тешко нешто друго во исправувачот.SMPS кои досега ми прегорувале (мени или на колеги) гореле тотално и калеми и транзистори и трафоа се топеле и експлодирале.Особено се осетливи при поголемо оптоварување на мрежата,нестабилност на фреквенцијата на мрежниот напон,осцилирање на степените.Не е секој излез во класа D. 8)
Ма горат и обичните трансформатори, не треба премногу да сметаме на заштитите. Инаку да и јас имам сретнато да горат транзистори, диоди и трафа, ама калемите да горат, тоа првпат слушам, ама се е можно...
За вуферот можеш да ја употребиш класичната техника -трафо и пар електролити и крај.
трафо,пар и 20кила вуфер, замисли си сега да го носиш тој вуфер на забави.
Мана на СМПС е дека се многу нежни (мала грешка и одма гори) како и дека не се баш добри за аудио техниката, прават многу шумови и зуења во сигналот. Поготово кога треба да се снима во студио.
за во студио исклучиво обичен трансформатор.
-
Врвни појачалка прат со смпс.. еве едно правам сега па ќе видиме што ќе излези...
-
Да не знае некој во Прилеп каде прават трансформатори ?
-
во Микрон ако сеуште работат.
Врвни појачалка прат со смпс.. еве едно правам сега па ќе видиме што ќе излези...
На технома дури имаше и швајц апарат со SMPS. ;D
-
Металика,очигледно не се разбираме - разговорот беше за професионални појачувачи.Не ми кажувај приказни од модата,дека СМПС се вакви или такви,лесни... ;D Тоа е за некои други намени. Очигледно дека не си имал судир со *класика*.Остави помодарство и тренд да се прават класа*D* појачувачи кои даваат големи јачини,ама се безбојни ,*напукани* ,и без тон.За нив се прават СМПС .Но,сами рековте ,во самоградба токму напојувањето е најслабата карика во системот.Тоа ти е исто кога некој вели * за мене закон се ламбите*.ОК! Ама не со делови вадени од ТВ и радио апарати.Исто е и за СМПС - со делови од АТХ?? За самоградба на вакво напојување во аматерски услови треба многу знаење ,инструменти за подесување,делови.Јас сепак се држам до трансформаторот.Досега во профи излез трафо не ми прегорело.За заштитите не треба да зборувам,бидејќи гледам дека не ги познаваш и признаваш.Практично,профи појачувач не можеш да изгориш,освен ако не си идиот.
-
Очигледно дека не си имал судир со *класика*.Остави помодарство и тренд да се прават класа*D* појачувачи кои даваат големи јачини,ама се безбојни ,*напукани* ,и без тон.За нив се прават СМПС
јас никогаш не споменав засилувач од Д-класа, батка ти го рече тоа и сега ми велиш дека јас сум зборувал за д-класа и смпс....
Но,сами рековте ,во самоградба токму напојувањето е најслабата карика во системот.Тоа ти е исто кога некој вели * за мене закон се ламбите*.ОК! Ама не со делови вадени од ТВ и радио апарати.Исто е и за СМПС - со делови од АТХ?
па може и за тебе класичните трансформатори се закон, ама не верувам дека би купил трафо од фабрика доколку го имаш истото дома извадено од некој уред, со потполно исти спецификации.
За заштитите не треба да зборувам,бидејќи гледам дека не ги познаваш и признаваш
и најдобата заштита може да откаже, присети се дека не живееме во идеален свет.
Практично,профи појачувач не можеш да изгориш,освен ако не си идиот.
Дали по идиотство спага и неисправна компонента која може да го изгори целиот засилувач?? поготов ако е дел од заштитата ?
-
Под *идиотство* признавам да не знаеш каде и како да ги поврзеш звучниците,напонот, далечинските команди...Сум го видел и тоа 8) За другиве работи гледам дека е бесцелна полемиката ;D
-
Заштитата е пасивна 99,9% од времето, така да многу помалце старее од другите компоненти. Да не зборуваме дека грешки при работа на заштитата може да се јават една на неколку милиони пати, секако ако не е заштитата изведена со еден топлив осигурувач.
Тие екстра лесни и екстра снажни засилувачи мислам дека се со тиристори или тријаци, немаат ни трафо ни бакрач...
Во зависност од работната фрекфенција има доста солидни засилувачи и во Д-класа, работат претежно на фрекфенција од 125кхз до крај десетина мегахерци. Звукот што го слушате на компјутер е многу идентичен на оној од д-класа засилувачите, па и на врвен лампаш ќе добиете звук сличен на тој од Д-класа. Иако многу мина мислат дека Д-класа засилувачите се дигитални, тие сепак се аналогни.
Еве неколку слики кои е прикажан методот на Д-класа и на семплирање. Од сликите може да се воочи сличноста и да се разбери причината зошто Д-класата се помешува со дигитална работа.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Signal_Sampling.png)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/1_2_3.png)
Исто како кај сите засилувачи и смпс-а, има квалитетни и неквалитетни, а смпс може да се користи за различни видови засилувачи како на пример следниот:
http://www.halcro.com/productsDM88.php
И на крај накратко, од лонгплејка и добар мосвет/биполар засилувач, на исти звучнициќе се добие неспоредливо подобар звук одколку на врвен лампашки засилувач со мп3 репродукција.
Мислам дека повозрасните чченови ќе се сложат со мојата констатација, за жал младинава немаме многу прилика да ги слушаме Лед Цепелин на лонгплејки...
-
Соодветно дизајниран трансформатор, кој што се употребува во адекватни услови, ќе работи минимум 100 години без никаво одржување. Досега нема направено SMPS напојување што го исполнува овој услов.
-
Се сложувам, но за 100 години ништо нема да остане освен трансформаторот :)
-
Се сложувам за лонг плејките и цевните појачувачи,тоа е посебен период на развој на аудио-техниката.За *D* класата би рекол дека самиот звук е доста близок со * дигиталниот*-спрема мене безличен,линиски,нема хармоници ( условно) ;D.За мене тоа се ладни и суви појачувачи,бар повеќето. 8)
Ги прифаќам сите мислења,секој има право да дава предност на трафоили СМПС.Очигледна е тенденцијата за евтини,а јаки и моќни засилувачи,но јас немам верба во осигурувачи во вид на мос фет транзистори.Зборуваме дека немало заштити,дека не биле добри,но едно обично тезгагошко Динакорд разгласче има толку добри заштити,што само со сила и без памет може да го *средиш*.Поинаку -не.
Има една стара изрека ,која некој ја сваќаат шеговито,ама сепак има смисла:
Прашувал некој почетник- каков појачувач да купи? А стручњакот му одговорил - гледај да е што потешко!Е,па тоанека биде и крај на моето размислување - трафо си е трафо,макар било 20 кг!
-
И јас се сложувам со Zan. И јас кога работам нешто, сакам да тера долго време. SMPS напојувањата се добри за кратки стази, не и како долготрајно решение.
Проблемот е што во денешно време, во потрага по минијатуризација на се, се очекува и напојувањата да го следат тој тренд. SMPS беше решение на многу проблеми со кои се соочуваше индустријата, од скапото железо за лимовите од обичните трансформатори, па се до нивната тежина, а со падот на цените на производство на switching MOSFET-и и општо, полупроводнички компоненти, се поисплатливо беше да се направат моќни SMPS напојувања.
Може да се направи и издржливо и трајно SMPS напојување. Доказ за тоа се SMPS напојувањата од ерата на PI и PII. Сеуште имам дома две такви напојувања кои работат беспрекорно. Се разбира, квалитетот на компонентите не е ист како на денешниве ATX напојувања од 500 денари. Не можеш да споредиш кондензатор Made in Japan или Made in Germany пред 20 години со кондензатор Made in China. Дури и сега, по 20 години работа да ги ставиш на тест, овие од Јапонија и Германија пак ќе бидат подобри од овие ганц новиве Кинески ;). Но, тоа е тоа. Колку пари, толку музика ;). Затоа тогаш еден компјутер чинеше 2000 марки, па и повеќе, а сега се по 200 евра ;D.
Споено мислење: [time]21 Март 2014, 22:48:36[/time]
Има една стара изрека ,која некој ја сваќаат шеговито,ама сепак има смисла:
Прашувал некој почетник- каков појачувач да купи? А стручњакот му одговорил - гледај да е што потешко!Е,па тоанека биде и крај на моето размислување - трафо си е трафо,макар било 20 кг!
Скратена верзија на она што сакав јас да го кажам ;). Нека е и 200 кила, само да работи како што треба и на +50 и на -20 ;) ;D.
-
ако гледаме така на работите, и обичните трансформатори не се трајни, по некој период од топлина и од самиот период ке попушти изолацијата на жиците, ке направат спој и ке чурне трафото. инаку за тоа со тежината имам да кажам само дека ако се што е потешко е подобро, тогаш ракетите ке ги правеа што е можно потешки. од олово. ама не е така се гледа се да се оди кој полесни легури. а во врска со засилувачите, може секој да стави внатре железо за да биде потешко, ама не е тоа финтата. за Д-класата сметам дека тоа е избор на преференција, патем нели е тоа што се бара од аудио ланецот, беспрекорно јасен и чист звук, а не засилувач со парни хармоници. :D
-
Металика,очигледно сакаш да одиш контра,ама нека ти биде 8).Во ред,трансформаторите се електромеханички направи * од минатото* и спрема тебе не се трајни.А ,што е потрајно од нив? Имам да речеме радио од пред 100 години,ламби се менувани,ама трафо не! И само еднаш има осигурувач сменето! Е,сега ,ако земеш многу љубители на звукот прават *лампаши*,прават,преправаат и тоа е интересно за нив- точно заради тие парни хармоници.Некому D-класата не му е прифатлива зошто дава * перфекција*-сув и стерилен звук,безбоен. Е,значи тоа е се ствар на вкус.И не секој става железо и цигли во појачувачите.Една * Hiraga* од 25 кг е во врв на аудио-техниката,сите признаваат дека токму исправувачкиот дел го носи квалитетот.Ако ја намалиме * килажата* веројатно нема да биде *тоа* што е.
-
D класите претежно ги прават за басови и за журки, за овучувања. Кога ќе прегори смпс-то ќе мениш транзистори, исто како што менуваш и во појачалото. Кога ќе дојде ред за кондензаторите на трансформаторот, е богами ќе се чешаш кај што не те јадит, додека кај смпс-то со песна ќе мениш 3 кондензатори :)
-
Мене лично ако ме прашате старите се подобри.Но еве сега гледам сите одат на таа дигитална класа Д полека ја забораваат АБ класата и во новиот број на емитер сега гледам пак засилувач во Д класа.Старото е подобро нормално по топол звук вади по хармоничен.И ако сакаме убаво и јако домашно појачало.Треба да си собереме пари за вакво нешто.Бидејки Old Is Gold. што би рекле американцине барем јас такво мислење имам за ова. ;D
-
Пред се зависи намената која им е..
-
Што мислите кој се крие зад овој напис?? :D
http://www.hi-files.com/forum/index.php?/topic/21451-300w-smps-za-pojacalo-sa-tda7294/
-
еве го и на Diyaudio ;D
http://www.diyaudio.com/forums/tubes-valves/71300-photo-gallery-455.html
-
Види само каде му е *замислената* локација. ;D Човекот е крајно забеган 8)
-
Што мислите кој се крие зад овој напис?? :D
http://www.hi-files.com/forum/index.php?/topic/21451-300w-smps-za-pojacalo-sa-tda7294/
Според стилов, Делија ќе да е.. ;)
-
Здраво сакам да ве прашам нешто во врска со напојување за компјутер во скоро време имав проблем со напојувањето го однесов на сервис бидејќи премногу загреваше компјутерот ми сменаа кулер на напојувањето и кога се вратив од сервис компјутерот не сакаше да се приклучи повторно го вратив и ми рекоа дека има изгорено нешто во напојувањето кое треба да се смени го оставив и денес кога појдов да го земам видов дека го смениле цело напојување и си го задржале кулерот кој претходно го сменаа е сега сакав да ве прашам дали новото напојување е подобро или да барам да ми го поправат старото моделите се:
На старото напојување Model:ATX -600W P4
А новото напојување е Model ATX 700 W
-
Тоа не е моделот, тоа е моќноста и типот на напојување... како и да е, второто е подобро (според твоите исцрпни информации ;D). Треба и марката да се запази, како и земјата на производство... ;)
-
Наједноставно ... кое е потешко ... тоа.
Инаку, според информациите, колегата ти одговори.
-
Треба и марката да се запази, како и земјата на производство... ;)
Земјата на производство се знае која е ;D. Од серверски до 5 парачни, се знае, сите се произведени во Кина ;D. Разликата е само во квалитетот ;).
-
Пиши марка и модел и колку си го платил па ке ти кажам колку вреди. 8)
-
Ова последново беше аууучччч :-X
Сега нема да пише повеќе.
-
Ми треба помош околу торус, имам дома еден торус и сега на него е само примарот, исправен и целосно намотан, јас сакам на него да домотам уште само секундари, два по 12 волти или некој друг напон, сега ме интересира дали некој знае како се пресметува моќност на торусен транформатор и како да пресметам која дебелина на жица ми треба и со која должина?
-
за моќ мислам квадратот од плоштината на пресекот на јадрото, за дебелина на жица, зависи директрно од јачината на струјата, за напонот најлесно е експериментално, да намоташ 10 намотки и да мериш колку напон дава со 10 намотки, па пропорционално ќе видиш колку треба за 12 волти...
http://www.powerstream.com/Wire_Size.htm
ете ти табела колкава жица трееба за одредена струја...
-
Еве и од мене една табела
Споено мислење: 10.08.2014, Sunday, 23:13:01
Да додадам само - пресметите за ЕИ трафо и тороид се скоро идентични,освен начинот на пресметување на пресекот.Мотањето е друга работа,тешко се мота,ама во краен случај може парцијално да се мота секундарот ако е примарот во ред.Значи,пресметај за 1V или како рече колегава- намотај одреден број намотки , па мери напон.Еве споредба на формулите за пресметка на ЕИ и тороид.
-
@batka во тие фајловите што ми ги стави мислам дека делот за моќност не ти е точен, бидејќе според тоа мојот торус треба да дава моќност од 100 вати, а кога јас го најдов на него имаше ливче дека имал напони два по 6 волти и на двата по 16.5 ампери, што му доаѓа некаде 180-тина вати, што значи можноста не се пресметува најверојатно така :-\
-
Во пресметките за обичен трафо се зема обично како подарок за јадрото вредноста 1Т ,а за тороидите зависи од типот на јадрото ( обично е 0,5-0,6Т).Тука се јавува разлика во пресметките.
-
ами ако пишува колку е моќноста што сде тупиш ;D другите пресметки се тие- дебелина на жица и број на намотки...
-
Јас ќе ја искористам моќност што ја пресметав со претходниот примар, односно 12 волти 16.5 ампери што е околу 200 вати некаде, а за напонот намотав 18 намотки, толку испадна од едно парче жица и испаднаа 5 волти, сега само ми треба да купам подебела жица и да си намотам 2х12 волти ;D
-
Пред некој ден го намотав торусното трафо и според пресметките добив точен напон со точност од 100 посто, ни волт помалку ни повеке. Еве неколку слики од мотањето и средувањето на трафото. За мотање искрено кажано е многу тешко зашто мора да се префрла жицата цело време, не е како кај обичните трафа да можеш да си кружиш цело време, тука мора да ја префрлиш цела жица што треба да ја намоташ преку еден круг, било тоа да е 10 метри, 100 метри или било колку, затоа треба однапред да се знае колку метри жица се потребни. Јас ова трафо го мотав бифиларно, имам две намотки истовремено мотано од по 12 волти на 5 ампери струја, тоа е некаде 1.60 мм пресеч на жица две такви исто времено ги вртев некаде околу 2 саати траеше мотањето и искрено кажано да има 10-тина да треба да ги мотам ке се направам како Рамбо ;D Еве неколку слики
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0756.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0757.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0760.jpg)
Ова се веке слики од готовиот трансформатор, тука имам ставено фолија преку целото трафо за заштита на бакарот :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0762.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0764.jpg)
-
Од каде го зема јадрото? Супер изгледа! Проба да го оптеретиш?
-
Сигурен си дека сам си го мотал трафово ;D? Мене ми изгледа како купечко ;D.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0765.jpg)
-
Епа финтата беше да го направам како купечко, да не биде некое никакво напишано со пенкало, иначе ова го направив на word го напишав се и ставив означи и такви работи од едно друго трафо што го имам дома, само сменив напоните и струите, затоа така делува. Иначе јадрото го купив од одпад од кај мене, колку што знам нема кај нас јадра да се продаваат.
-
Ова да не е истото шо сакав да ти го купам,па не се погодивме пред неколку месеци ? Ко то да е ;) :D
Понудата уште важи
-
Па и production date си му ставил ;D. Ај, со среќа да го користиш ;).
-
@otpor не е тоа трафо, иначе ова го мотав специјално за еден мој проект, стрикно ми требаше оваа моќност, иначе јадрото е некаде за околу 200-250 вати :)
@GigaWatt па мора да го средам како купечко, да делува такво, немав што да правам во превод, па тепав време да го правам како купечко ;D
-
Значи вака, започнав со правењето на пилест осцилатор со ламба 0D3, ги имам сите делови освен електролитот. :) Расклопив мало трафо, околу 7W, и сега сакам да го однесам на винклер. Арно ама, забележав дека кога ќе ја исправам и испеглам наизменичната струја, напонот се зголемува од 260VAC на 415VDC. (користев друго трафо за проба... ;)) Сега прашањето ми е, дали има некоја формула, нешто, било што да почнам од некаде, да изведам нешто, за да пресметам колкав наизменичен напон ми треба за да добијам испеглани 190VDC...
Еве ја шемата...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/psoGzBM.png)
Споено мислење: [time]01 Септември 2014, 20:51:35[/time]
Знам дека имаше нешто, U*sqrt(2), ама праксата ми покажа поинаку...
-
таа е формулата, а како си ги добил тие 415 VDC стварно незнам...
-
Е ај... Инаку користев 6 вати трафо од 230VAC на 260VAC, ставив грец RS807 и електролит 47uF, 400V како филтер кондензатор, без оптоварување ми покажа 415VDC... Да не е до тоа??? ???
-
бидејки е со обичен трансформатор ти покажало 415вдц, да приклучич потрошувач, напонот ке падне на ац напонот х 1.41, доколку потрошувачот е со помала потрошувачка од мокноста на трафото, во спротивно напонот ке опадне многу повеке и трафото ке грее.
-
Па ти си мерел без оптоварување,затоа ти е толкав напонот.Иначе како кажа колегава најлесно се пресметува добиениот напон,кога АЦ напонот се множи по 1,41 и се добива ДЦ напонот.Според потрошувачката 47 до 100 мФ 400В е доволно.
-
А нема да биде штетно тоа 414 волти помеѓу пинови на кондензатор за 400 волти?
Како и да е, сватив- дека е без оптоварување е толкав напонот.
Значи вака, U(секундар)*1,414=190; U(секундар)=190/1,414; U(секундар)=134.37V.
Сега уште да пресметам колку намотки ми требаат и со колкава жица на примар за да добијам импенданса од 9200 Оми...
-
импедансата не се добива со мотање на различни дебелини на жици, туку импедансата на едната намотка зависи правопропорционално од импедансата на другата. инаку може да се пресмета и како односнот на трасформација на квадрат, слично како кај излзните трансформатори, малце комплицирано е за објаснување.
-
Напонот се добива со множење со 1,41, меѓутим за пилест, правоаголет итн напон може да варира... исто така кондензаторот треба да е 1/3 повеќе од максималниот напон, т.е. овде негде 550-600 волти, во празен од може да рикне...
-
Cакам два од 220uF, 160V сериски да врзам, мислам дека правам голем overkill ама нема штета од повеќе... ;)
-
колку ти е напонот во слободен од ?
-
Тоа беше трафо за експериментирање, сакам друго да го премотувам за да добијам 134 волти... 190 испеглани ;)
И за трафово како да правам, да појдам на винклер и да му речам "ај намотај ми го за 7 вати со секундар 134 волти" ;D
Споено мислење: 02.09.2014, Tuesday, 20:37:22
П.С. Беќе е расклопено, ги имам лимовите и шпулната... ;)
-
Како сака нека го мота, акое 7W не може повеќе од толку да го намота. Ќе му кажеш колку намотки на примар, колку на секундар и со која дебелина т.е. која струја ќе врви. Ако е за висока фрекфенција пожелно е да го мота бифиларно и унакрст- Имаше ова посебен термин што го опишува точно принципот на мотање, али не е критично пошто фрекфенцијата ти е фиксна, така да нема да има неке влијание како е мотано.
-
Како сака нека го мота, ако е 7W не може повеќе од толку да го намота.
Како сака да го мота? Ако го намота со жица 1мм, сигурно ќе повлечи повеќе од 7 вати...
Споено мислење: 03.09.2014, Wednesday, 09:04:38
Фрекфенцијата е константна, 50Hz, трафото треба од 230VAC да дава 134VAC...
-
Ја те разбрав да не го правис со не555 затоа реков унакрст или бифиларно.. чим е 50хз обично нека го мота.. Се мислеше на начинот на мотање, не на дебелината. Речи му 7 вати излез 134 волти, претежно ги знаат винклерите пресметките.
-
имам мини трансформатор од типот, со сериски број DX EE-16 2.03-4 изваден од напојување од компјутер. сакам да го искористам во една електроника па ме интересира како да дознаам колкав е неговиот влезен напон и кои се примарна и секундарна намотка, со мултиметар и не може баш да се одредат затоа што на сите пинови има мали отпори 1-2 ома ?
трафото е нешто слично како ова на сликата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/4894080998_1.jpg)
барав на гугл по тој сериски број, но не се обидов да најдам.
имам повеќе, нивни сериски:
EE-19C1
DX EE-19
EE-16-1
-
Трансформаторите од АТХ компјутерските напојувања не се мрежни,туку импулсни трансформатори и тие не се предвидени за употреба во класични исправувачки уреди!! Прочитај малку теорија ( побарај во теми Напојувања! ) и немој случајно да го поврзеш директно на 220V !!! Тоа е опасна работа !! ;D 8)
Споено мислење: 27.01.2015, Tuesday, 21:20:38
Eве конкретно една шема на АТХ напојување па види како и каде се врзани трансформаторите.
-
Трансформаторите од АТХ компјутерските напојувања не се мрежни,туку импулсни трансформатори и тие не се предвидени за употреба во класични исправувачки уреди!! Прочитај малку теорија ( побарај во теми Напојувања! ) и немој случајно да го поврзеш директно на 220V !!! Тоа е опасна работа !! ;D 8)
Споено мислење: [time]27 Јануари 2015, 21:20:38[/time]
Eве конкретно една шема на АТХ напојување па види како и каде се врзани трансформаторите.
Што значи не можам да ги искористам овие трансфоматори на 220V. А овој трансформатор од полнач за мобилен, можам и како да го врзам трафото диреткно на 220V? Еве ја плочката мачце ме чуди онаму каде што се уклучува на 220В има грец(одлемени се од плочката), кој пинови се од примарната а кои од секунадрната намотка?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0173.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/DSC_0174.jpg)
-
И ова е SMPS напојување и овој трафо е импулсен,за жал. 8) Побарај постар адаптер само со 4 диоди и грец.Отприлика како на сликата.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/2u4ixau.jpg)
-
имам повеќе адаптери, сакав да искористам од овие да биде поминијатурно :) тешко ли можам да најдам такво ац 220В дц 6,7или12В? не можам ли горните да ги направам некако сакам да напојувам микроуправувач и реле скоцкано на една плочка :)
-
Akо ставаш трафо на плочка не може да биде толку минијатурно.Овие најмалите трафа од адаптерите имаат димензии 3х3х3 см (отприлика) за 0,3А јачина на струјата.Не знам што и со кој напон и јачина на струја ке напојуваш,ама ако е за помала јачина размисли и за безтрансформаторско напојување.Има полно уреди и шеми за таква опција,Еве една шема за 12 V 100мА напојување без трафо.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/transformerless_power_supply.png)
-
на кој начин можам да измерам колкава е капацитативноста на една батерија на која што не пишува во mAh ? :)
-
Зависи за каква батерија се работи. Ако сакаш на мобилниот да мериш и имаш Android оперативен систем,вгради ја Current Widget апликацијата и терај.Наполни го и остави го да се празни телефонот.Малку математика и ке знаеш.Само некои батерии не е пожелно под 10% да се празнат,па пази на тоа. 8)
-
за тоа знам дека има апликација, ме интеерсираше дали можам на некоја обична алкална батерија од 9V или 1,5V да се пресмета нејзината капацитативност. :) освен на некоја полна да врзам потрошувач на кој знам колку струја троши и да мерам додека да се испразни :DD
-
Алкалната батерија не се полни ( или барем е така во пракса),па не знам зошто ти е капацитетот битен.Ако толку сакаш земи мА- метар и мери за колку време полната батерија ке се испразни .Многу е битно и со каков потрошувач ке ја празниш. За другите типови батерии постојат *паметни * полначи кои даваат многу податоци ,па лесно ке дознаеш кој е капацитетот.
-
а за rechargeable батериите само со таков смарт полнач се мери нивната капацитивност?
-
Најпроста метода : испразни ги батериите и стави ги да се полнат со определена јачина ( најдобро 1/10 од капацитативноста - за 1000 мА/часа полни ги со 100 мА) па ке видиш кое е времето на полнење).Треба да биде околу 10 часа за таа батерија.
-
Така времето на полнење е 10 часа ова секогаш е така за овие батерии барем јас толку ги полнам.Јас на пример имам полнено и алкални батериии.И уште ги полнам еднаш полнам алкални батерии сони оние 50 денари што се и напонот кога се нови е 1,5 волти и добра струја даваат.Но кога ќе им помине векот више напонот паѓа на 1,2.И ги полнам со 3 волти полнач 100 120 милиампера 10 саати напонот се враќа на 1,5 волти но батеријата не она што била пак за брзо време ќе се уништи мислам не дава толкава струја.И после еден месец да речам пак ги полнам.Не фаќаат на даљинскиот како нови но секој месец ги полнам и тераат бркаат работа задоволително.Од 2010 се така веќе 5 години ги возам со дополнување.Еднаш ги оставив 13 саати па напонот се дигнал на 1,7 волти но нема врска.Еве ги сега менував канали од крајот на собата фаќа.Да напоменам многу е ризично не полнете алкални батерии можат да пукнат. 8) 8).Ми се има десено.Ги уклучувам на полнач од далеку и со претпазливост ги полнам.Но за сониво незнам што да кажам ми се погодија 8) 8).Полни полни ни да се загреаат ни ништо и оп после измери напонот дигнат е сега струјата не е нормално како кај нови но поголема е од празни нормално 8) за далечинскиот брка работа.Зборам за АА батерии.Но вие не правете го ова 8).Обожавам со некои евтини и банални работи да се бавам да експериментирам.Може не е паметно.Сега отварав една батерија од лаптоп прв пат отварам да видам што ќелии има.Да има и такви батерии кои се дополнуваат само.Не се празнат скроз до 10 проценти и до 90 се полнат.Да ја одржуваш :D
-
Јас веќе имав ставено тема за полнење на алкални батерии.Принципот кај нив е што треба да се дополнуваат со * мешавина* на прав и наизменичен напон.Кого го интересира ,побарајте во *Напојувања* ,мислам таму дека беше.Шемата е крајно едноставна и секој електроничар може да ја направи.Нема некои специјални и скапи делови.
-
Така е батка видов и мерак ми е што еден професор велеше никој неможе да полни алкални батерии му објаснив некој работи баш вака не чепкаат.Не се разбира но не ни чепка инаку да не ви се наоѓа некоја шема за регулатор на напон само со напонска регулација.Имам едно трафо 2 по 26 волти 150 ватно па дава струја од 5 ампери.Може и повише од 5 но грее више.До пет ампери супер е.Има шеми на форумов ама тие се и со струјна регулација.Ми треба обична напонска само од 0 до 30 волти оти кога ќе го исправам ќе има 30 волти па и малце поише волти тоа не е битно.Целта ми е да не труе трафото така па ако ви се наоѓа некоја шемичка.Имам купечко ама сакам сам да пробам да скоцкам нешто. ;D ;).Не сакам симетрично обично само еден секундар ќе користам две жици од четири.Торусно е трафото што е подобро.Ми треба единечен напон па како најлесно е според вас да го регулираме напонот од 0 волти до максимално исправен 30 и 30 и малку волти. 8) ;D ;)
-
Види ова тема
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4986.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4986.0)
-
Ја знам шемава од боро кој е одличен радиоаматер.Неа ја гледав а може некако да се направи само напонска регулација а не струјна да ја тргнам струјната поедноставно да биде. :).Да почнува од 0 волти до 30 волти дц на пример и некој стабилизатор да го држи напонот да не паѓа може некој волт да падне не превише при оптеретување.Само ова може да се изведе некако тешко а :).Еве нема проблем најдов баш е 5 ампери кнап.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.0
.Напонот не е од 0 волти но добро е.Практично и лесно ;D
Ме интересира уште пошто трафото ми дава 26 волти кога ќе го исправам нема ли да биде проблем пошто максималниот напон на LM338T e 32 волти.Ако е проблем а мислам дека ќе биде проблем вие што мислите.
-
да не отварам нова тема, имам едно прашање за едно напојување. т.е адаптерот од лап топот ми беше приклучен на продолжен каде што имав приклучено неонка, сега не работи адаптерот од лап топот,дали можно да одкажал поради тоа? затоа што таму има лоши хармоници кои некогаш сметаат? или не е од тоа?
-
Не би требало.Од искуство,над работната маса во сервисот имаме две неонки по 60 sm.врзани на иста дозна каде секојдневно приклучуваме адатери на лап- топите кои ги сервисираме.До сега не сум приметил квар поради тоа,
-
Вака не наидов на одговоров од претходните постови ки ми треба?
-Имам трафо од микробранова,е сега примар треба да намотам со жица од 0,9мм дебелина за примар,по пресметките-прашањето ми е?
-имам жица 0,5мм и 0,6мм,па дали може да намотам заедно од овие две жици да дојде 1,1мм за примар,но не се сметало вака,потребно била пресметка за некаква густина за жицата или незнам што,дали може вака или ?
Споено мислење: 01.05.2015, Friday, 21:40:42
или да се надоврзам ако го намотам примарот со 0,6мм колкава загуба ќе имам во ватите,сега е 550 спрема железото,ми треба за појачало 2x200 бати на 4 ома 2x40 волти наизменична.
-
Прво,дали ке имаш место бифиларно две жици да намоташ? Друго, не се практикуваат две различни дебелини на жица од повеќе причини ,а најголема е зголеменото греење. Ако моташ со 0,6 мм пресек, а треба со 1,1 мм ќе добиеш сигурно половина ампеража за ист број намотки.Најдобро е да најдеш или купиш лак жица од 1,1 мм пресек,колку е потребно според пресметките.
-
Така е не е препорачливо да се мота бифиларно и дали ќе имаш место да го изведеш тоа, незнам баш дали ќе собере трафото ти е од микробранова печка кое е високонапонско.Од него знам еден пријател го премота секундарот со многу дебела жица ама многу дебела жица не се сеќавам сега колку милиметри и заваруваше со него. ;).И за таа намена е добро но секако го користат и за друго го премотуваат.Во секој случај моќно трафо е ;) ;D
-
Lux, трафо од микробранова не е наменето за континуирана употреба, за напојување, засилувач и сл. превише се загрева.
-
Вака,пробав со 0,6мм го намотав примарот,а секундарот за проба некои 40 волти со 1,5мм жица и работи добро,без загревање додуша го оптеретив со ламба да трга до кај 2 ампери мерено,без брум,мислам зуејње, го пецнав малку со швајцапарат од по страните мислам да не објаснувам сега како каде сигурно на јутуб имате видено сите како се растура,е сега тоа беше за проба како ќе се однесува,сега ке направам котурче и малку покултурно ќе го намотам со 2x0,5мм жица бафиларно за примарот а секундарот 2x40 волти,бидејќи збира на котурчето и има доволно место.
-
Дали некој има чуено некаде во Македонија да се продаваат торусни јадра, значи само јадра? Друго нешто да прашам, дали имате слушнато некаде некој да пробувал и да успеал со статор од електро мотор да направи торусно јадро, обликот им е прилично ист, дури и составот е ист, лакиран трафо лим и во двата случаи, кај торус е мотано во круг, а кај статор круговите се редени еден врз друг па се пунктувани, со тоа што формираат јадро.
-
Батка,дали ти е јасно што е тоа торусен трансформатор и од што е направен?А во оглас пишуваш дека моташ торус(????) Мислам дека треба да прочиташ малку литература - * обликот им е прилично ист, дури и составот е ист, лакиран трафо лим и во двата случаи*!????? ;D :o Eве ти една статија да прочиташ,па да го добиеш одговорот на твоето прашање! 8)
-
Во врска со првата констатација дали знам што е торус а го работам тоа, многу во нашава државичка работат нешто прават пари а незнаат како функционира тоа што го прават, тоа и не е битно во случајов. Иначе за составот на едното и другото, се прават од потполно ист лим, за ова имам учено на факултет (може и да ме излажале таму, професорот не беше баш за да биде професор), него ајде да го баталиме тоа, сам ке си правам експирименти, за другиот дел од прашањето што го имав поставено, дали има некаде во државава да продаваат јадра?
-
Торусно јадро и статор од мотор навистина личат по форма и се од ист лим, ама јадрата се формирани различно. Кај торусен трансформатор има еден, со лак изолиран лим смотан во ролна и тоа е јадрото. Слично на челична лента -ѕидарско метро. Статорот на индукционен мотор е формиран со изолирани лимови во облик на слепени прстени, така што оваа комбинација е добра за мотање полови намотки, но не и намотка како кај торусен трасформатор. Ова јадро ќе го прегреат виорни струи и ќе се уништи намотката. Така да, не верувам дека некој нешто направил со вакво јадро. Инаку, трафо лимови едно време продаваше Светлина Куманово. Не торусни туку обични (E-I).
-
сакам да прашам нешто поврзано со solar панел. имам батерија од 3.7V , 3000mah овие од мобилен и сега дали можам да ја полнам ако земам некој мини соларен панел што дава на излез 5V и дирекно ја врзам? за колку време ќе ја наполни ако е панел со моќност (2.5W дали е доволен?) што значи 2.5/5=500mah, 5 саати ќе ја полни цела батерија или побрзо? :)
-
Не оди плукни залепи. Каков ид а е ќе треба регулатор на 4.2 волти. обавезно. Друга рабтота што полнењето не е 100% ефикасно односно имаш загуби, прво тие 0,8в пад на напон по струја, второ загуби во самата батерија, Некои батерии имаат интегриран регулатор на напон, па може да ги полниш дирекс на 5в. Инаку загубите не се ништо страшно, само ќе го успорат полнењето, т.е. зависи за колку ти треба да полни, па ќе земиш 30% појак панел
-
Здраво колеги :) Чисто онака ме интересира, дали знае некој како функционираат оние инвертори што се продаваат 12 v DC --> 220 V 50 Hz, за во кола што се. Моќноста гледам дека им се движи од 100-тина вати па до 3000 (можда и повеќе). Си мислам ај да не работат на некаков свичинг принцип,.. ама па наизменична струја даваат на излез, и тоа со 50 хз,
-
https://en.wikipedia.org/wiki/Pulse-width_modulation
Повели :-)
-
Фала, тоа ме интересираше..
:)
-
еве слика од последниот намотан торусен трансформатор, покрај мотањето многу битно кај примарто на трансформаторот е намотките да бидат многу набиени, значи кога мотав трафото на секој круг со гумен чекан мавав по намотките за да се набиваат, иначе јавува како да има некој спој помеѓу намотките и трафото многу зуи :D
(http://s32.postimg.cc/jae72l9ud/13187704_10209783852138189_673696026_n.jpg)
-
Лекот е трансформаторски лак и печење во рерна на 300 степени 1/2 саат.Проверена рецепта! ;D ;D
-
незнам каде да најдам трансформаторски лак, ама и вака врши работа, до сега немало проблем :)
-
Здраво, имам проблем со едно напојување, т.е. не е проблем нешто ептен голем ама сакам да го решам. Пред некое време почнав да правам едно напојување, е сега се си работи како што треба напонската регулација работи супер, имам проблем со струјната регулација, кога ке ја исклучам струјата (потенциметарот од 10к ќе отиде во крајна позиција) јас на излез од напојувањето сеуште имам напон, не е голем, 500mV имам напон, но кај што не тече струја не треба да има ни напон, арно ама тука има, пробав да не е до тримерот повеќеобртен не е до тоа, пробав да ставам отпорниче сериски на потенциометарот ама ни тоа не успеа. Во прилог ја поставувам шемата.
(http://s33.postimg.cc/y8mo7784v/PSU0_30_V_V3_schematic.png)
-
пробај штелувај го тримерот P4,додека потенциометарот за струја е во минимална положба.Исто така,пробај и со P3.
-
Се е пробано ништо не сака да реагира, само напонот си останува 500mV, а на другото напојување пак не сака да се спушти под 17v кога ќе ја намалам струјата до крај, јас се сомневам во зенер диодите што се на пиновите на операцискиот засилувач, ќе проверам деновие и ќе пишам што сум направил :)
-
Со што го напојуваш ? линеарно трафо ?
-
28v трафо од упс напојување извадено
-
смени иц? да не е некој кондензатор (ц8,ц10). и по краткок спој има напон ?
-
28v трафо од упс напојување извадено
Линеарно или свичинг? Поновите упс сите се со свичинг трансформатори изведени.
-
нема да работит свич на 220...без електроника додатна..
-
28 волти линеарно е :)
-
каде би можел да најдам авто-трансформатор за фенкојлер?Потребен е за регулација на брзините на вентилаторот.Трафото е 80 ватно.
-
(http://www.mediafire.com/convkey/784e/dosb6h9vm9vdbcqzg.jpg)
Еве го моето прво напојување германско сеуште го користам ;D 8)
-
Дали некој има некоја малечка плочка по можност со 7660 да работи на 7 волти како влезен напон и да дава -5 волти, доколку има некој ако сака нека сподели ;D
-
Не ти е потребна плочка за ова, треба само 7660 и два електролити 10uF, види даташит...
-
Најдов шема изведена со 7660, ама на едно место прочитав дека максимална струја на негативниот напон била 20мA, мене ми треба да е од 50мА повеќе, па затоа прашав за некоја друга изведба. Иначе во првиот пост не спомнав дека 7 волти е ДЦ напон :)
-
Разгледај даташит од LTC1046, тој е до 50mA...
-
ќе разгледам деновиве да видам што ќе направам :)