Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 00:53:13

Title: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 00:53:13
Здраво,

На колата имам ГТ аларм стар сигурно едно 15 год. Си функионира супер само што не го користам бидејќи глупо ми е колата да ми свири на паркинг. Тоа што ме интересира е како би можел да го изгасам алармот и да го користам само далечинското заклучување? Има некој идеа каде би можел да е сместен самиот уред?
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: cekaj on 11.12.2011, Sunday, 01:39:43
Најчесто е под осигурачите, под тапацирот.
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 15:24:59
Побарав таму не ќе да има. Може како треба да изгледа, што да барам?
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: Devil on 11.12.2011, Sunday, 15:28:07
за каква кола се работи ?
дали алармот е од фабрика ставан или накнадно е ставеан ?
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 15:38:08
Накнадно е ставан. ГТ аларм е. Иначе колата е тојота карина.
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: Devil on 11.12.2011, Sunday, 15:56:38
наједноставен начин за да бараш за џабе што е кае е сл. најди ја кај е сирената и следи ги жиците кај одат, одприлика ќе најдеш каде е се сместено :)
пошто зависи кој го местел на различно место може да се наоѓа
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 16:03:34
Епа тоа е фората. Кај да ја најдам сирената :)
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: GigaWatt on 11.12.2011, Sunday, 16:43:24
Епа тоа е фората. Кај да ја најдам сирената :)

Па активирај го алармот, отвори ја хаубата и види од каде доаѓа звукот ;).
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 16:47:23
:) Така и ќе биде. На некој паркинг отворен ќе идам и ќе барам. Не бива пред зграда. Иначе само ако го изгасам звучникот ќе нема никаков проблем алармот така?
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: GigaWatt on 11.12.2011, Sunday, 16:53:30
:) Така и ќе биде. На некој паркинг отворен ќе идам и ќе барам. Не бива пред зграда. Иначе само ако го изгасам звучникот ќе нема никаков проблем алармот така?

Искрено, не знам дали звучниците за алармот и за сирената на колата се исти, не сум се интересирал за вакви работи (плус немам кола ;D), ама има многу едноставен начин за да провериш ;), одкако ќе го лоцираш звучникот од алармот, свирни на свирката од колата и види дали од исто место доаѓа звукот ;). Ако не доаѓа, значи дека две посебни свирки има ;). Само ќе ја исклучиш таа од алармот и нема да имаш проблеми ;). Само гледај да ги изолираш каблите убаво за да не допрат на маса ;).
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: batka on 11.12.2011, Sunday, 16:57:37
Алармот си има посебна сирена,освен ако не е поврзан со сирената на колата.Звучниците од радиото се посебна приказна.Ако немаш радио,а имаш аларм од каде тој ке свири?? :D :D
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: stefan_mkd on 11.12.2011, Sunday, 16:57:54
не не, сигурен сум дека не се исти :) Прво свирката од колата е монотона, а на оваа „компонирал“ некој :)
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: GigaWatt on 11.12.2011, Sunday, 17:30:54
не не, сигурен сум дека не се исти :) Прво свирката од колата е монотона, а на оваа „компонирал“ некој :)

Па не е ставена „композицијата“ во свирката ;D. Некој микроконтролер ги генерира тие звуци, па се засилуваат и на крај дури одат кон свирката ;). Така да, тие звуци сигурно може да ги свири и свирката од колата, не мора да има посебна свирка за нив ;).
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: batka on 11.12.2011, Sunday, 17:40:12
Ај,батка не чепкај,најди си некој мајстор! :D
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: *JOVE* on 25.12.2011, Sunday, 19:48:42
За алармот имаш посебна сирена !

Најдобро ке се снајдеш,да ја зивадиш масата од сензорот за алармот,така што ке си работи далечинското за заклучување или пак активирајго алармот и види од кај доаѓа звукот па исечиги жиците на сирената и добро изолирајги !

 ;D
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: batka on 25.12.2011, Sunday, 22:16:44
Имам еден пријател со *Тојота*.Ако нешто ти значи кај него (ама фабрички!) е вграден аларм,а пристапот до него е под патосникот пред совозачкото седиште . :D Ме чуди како не можеш да одредиш од каде иде звукот!? ;D
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: kiredelcevo on 31.03.2012, Saturday, 00:44:44
Алармите како ГТ се многу скапи,затоа не го унистувај!
Најди некоја сема од него и ке разберес се за него,функција и поставки на истиот!
Во него има опција која се вика кели ентри и мозес да ја активирас преку далецинскиот!
Незнам кој број,кој модел е ГТ за да видиме преку нет како се работи!
Пробај вклуви го контактот на возилото и наеднас притисни ги и двете копчинја на далецинскиот и дрзи ги,а црвената диода која ти го ознацува статусот на алармот треба да свети нон стоп!
Пробај!
И ако тоа не успее,најди некој кој се разбира бидејки е стета да се фрли таков квалитетен апарат!
Во запад ги вградуваат за 300 до 500 евра!

Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: LordZi on 31.03.2012, Saturday, 00:50:27
Кире, еве ти извадок од правилата за во иднина да го применуваш:

2.1 Задолжително е користењето на сите Македонски букви при пишувањето на коментарите (post-овите) и насловите на темите (topic-ите), како на пример: ж, ч, ш, ќ, ѓ.
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: borisq10 on 31.03.2012, Saturday, 11:08:51
каде што е свирката на алармот мора да има копче за уклучување и исклучување истиот проблем го имав и јас со мојата кола сега нема аларм а има далинско само за отклучување и заклучување  :) :)
Title: Одг: Помош со аларм за кола
Post by: mkfe on 25.07.2012, Wednesday, 15:45:06
Здраво,

Претпоставувам дека алармната централа сакаш понатаму да ја користиш бидејќи централно ги командува бравите од вратите, па сакаш далечинското да го користиш за таа намена.

Алармната централа, освен што е поврзана со сензори (потрес, движење, отворање на врати, отворање на хауби, и сл.), и актуатори (сирена, сјалици за жмигавци или позиција, бравите од вратите и сл.), често е поврзана на одреден начин со системот за "палење" на колата, односно има функција блокада на палење (ако се активира алармот - да неможе колата да ја запалиш, можеби само ќе верглаш).

Ако само ја исклучиш сирената, како што ти предлагаш (на било кој начин од погоре предложените решенија), сепак функцијата како аларм ќе остане да функционира. Имено, кога ќе ти е заклучена колата, алармната централа ќе биде со состајба - ARM (вооружена), и во случај на активирање (нанекој од сензорите), таа се ќе направи што и обично прави кога ќе се активира, само нели нема да свири сирената. Т.е. ќе треба да си свесен дека можеби се активирал алармот а не си го "слушнал".
Ако со ова си задоволен, тогаш тоа е тоа.

Во спротивно, мислам дека минимум ќе треба да ја "исклучиш" (да не речам одповрзиш, вратиш назад по старо како кога немала колата аларм) заштитата - блокада на палење. Или, нели, ќе треба да си свесен дека ако можеби се активирал алармот, сега прво ќе треба да го деактивираш за да можеш да ја запалиш колата.

P.S.
Генерално, јас не би те советувал буквално да ја исклучуваш сирената. Остави ја неа.
Пример, сензорот за потрес се штелува, да не биде толку осетлив, т.е. да го поставиш да биде "туп". Или, претходно некој од форумот ти предложи сензорот за потрес да го исклучиш. На тој начин, алармната централа сепак ќе те штити од провала во колата, да ако некој неовластено ти отвори врати или хауба, таа ќе реагира (ќе се активира) и ќе се појави звук на сирена и останатите функции.....

Поздрав,
mkfe.