Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: Jovicar on 04.08.2013, Sunday, 01:08:26
-
Дали некој знае како можам да направам апарат за заварување алумин. Сите потребни елементи што се потребни. Слушнав нешто апаратот се викал и DC Inverter ??
-
па би требало да можеш да швајцаш алуминиум и со обичен апарат со тоа што ако е од оние раде кончар ке ставиш на најмалата амеража т.е. 85 доколку може на некој друг апарат помалку, подобро, така алуминиумот нема да се топи туку ке се заварува. патем dc inverter се инвертерите од DC to AC барем јас мислам така. ;)
-
Неверувам бидејќи гледав по нет заварувањето е како со калај и лемилица. Електродата со рака ја ставаш кога си блиску со врвот. Една електрода е 50денари.
-
можно е не сум многу информиран :). инаку јас зборев за конвекционалното заварување со обични електроди, може и со нив само треба послаб швајц апарат за да не го гори алуминиумот.
-
"Mala skola zavarivanja"
http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/uradi-sam/bravarija/mala-skola-zavarivanja?page=3
-
друже не ми треба мене школа за заварување, ;) дома имам една книга само за заварување..... баш ке ја побарам и ке ви го кажам насловот. :D
-
Јас пак си мислев дека појма немаш од заварување па си реков можеби не си прочитал па не знаеш! Прости што ти ги повредив чувствата и суетата. :(
-
па и појма си неам де.... оти сега за сега не ме интересира ;D а и некогаш кога нешто ситно ке заварувам, не заварувам алуминиум така да ова го реков бидејки, сум видел кога користиш поголема ампеража , алуминиумот се топи, дури и потенко железо се топи ;) и некако ова твоево извинување, зошто ми звучи како сарказам ???
-
Па јас така го разбрав твојот одговор !
друже не ми треба мене школа за заварување...
-
ја најдов книгата на неа пишува "rade koncar, kako zavarovati" така нешто не се познава баш најдобро, изгледа е книга која што одела заедно со швајц апаратот, на српски е. можеби ја има на интернет побарај ја. :) и со ова што реков дека не ми треба школо сакав да кажам дека имам литература, и доколку ме заинтересира има од каде да учам, не ме сфакај погрешно :P
-
Не те разбирам погрешно :P Напротив многу добро те разбирам :P .
-
тогаш да сметам дека нема никаков проблем.. патем какво е ова заварување за кое зборите дека било слично како лемење?
-
TIG заварување, може лименки да швајцаш со него...
How to TIG weld aluminum beverage cans together (http://www.youtube.com/watch?v=lJksVs2QT5Q#ws)
-
Прашањето ми гласи, дали некој знае како можам да направам сам, и што е потребно да купам и да го направам.
-
Јовицар-гледам заинтересиран си по ова апаратчинава за заварување незнам до каде стигна со трафото од предходната тема со апаратот за заварување,па сега сакаш и апарат за заварување аламин,доста корисни апаратчина за едно домаќинство особено насело НО верувај еден ден ќе посакуваш никогаш да си ги немал кога ќе си го ослабиш видот,и ќе ти пречи малку појако сонце.добронамерно сватиго ова ти кажувам од искуство, а за тоа дека ќе користам маска во пракса таа помага само 70-тина %.поз.
-
Lux toj e gotov, најдов и кутија од радекончар и во кутија е ставен, работи многу добро ми помогна еден човек кој се разбира од тоа, иначе за алумин, јас не варам цел живот, варам сеа па догодина ако ми притреба нешто, а сеа ми е многу потребен, правам мини хидроцентрала па за перките би сакал да се од алумин, имам плочи алумински па да го напарвам целото тркало алуминско да биле полесно побрзо да врти.
-
или ке се врти полесно или нема, бидејки ако нема центар ке занесува на некоја страна со што ке ја оштети осовинката, подобро иди до некој отпад и најди некоја стара центрифугална пупма и од неа извади го целит ротирачки дел. :D
-
Lux toj e gotov, најдов и кутија од радекончар и во кутија е ставен, работи многу добро ми помогна еден човек кој се разбира од тоа, ...
Па пиши во темата дека си се снашол и дека си го направил ;). Па и по некоја фотографија не е на одмет, а и како си го направил ;).
-
Lux toj e gotov, најдов и кутија од радекончар и во кутија е ставен, работи многу добро ми помогна еден човек кој се разбира од тоа, иначе за алумин, јас не варам цел живот, варам сеа па догодина ако ми притреба нешто, а сеа ми е многу потребен, правам мини хидроцентрала па за перките би сакал да се од алумин, имам плочи алумински па да го напарвам целото тркало алуминско да биле полесно побрзо да врти.
Не знам како си го замислил ти се тоа, ама можеш да искористиш перки од вентилатор. Најчесто се пластични, а има и алуминиумски во некои постари вентилатори или калорифери. Да не одиме многу во оф топик.
-
Lux ваљда не швајцаш без маска?
Извивнете за оф топик... Можда е подобро да направиме друга тема за безбедносни мерки при швајцување, секако може да настанат "скраја да е" повреди и компликации поради несоодветна опрема и ракување.
-
Не другар користам маска но делови од секундата кога пецкаш додека почне електродата да се топи,светлината си го прави своето.бидеиќи не наидовме на одговор на каков начин се заварува алуминиумот во близина има човек кој се бави со ова, па досега сум немал потреба од ова но за брзо ќе пишам на кој начин го прави тоа.а за перките никогш нема да има рамнотежа и осовината и лагерчината ќе пдлежат на нивно оштетување_барај готови.