мене би ми било добро да направам адаптер,еднонасочен извор кој ќе може да го користам за било што.
како да го направам адаптерот(еднонасочниот извор),што да ставам.покрај грецов спој треба ли уште нешто?какви диоди и слично?
Епа во тој случај, совршен би ти бил тој вториот
. Дури ќе можеш да го користиш и за полнење на акумулатори
(од сликата се гледа дека не е баш најдобар избор за таа функција, но ќе може да се искористи и за тоа
).
Прво, пресметај моќност на трансфомраторот, мислам дека повеќево програми немаат опција за пресметки на таков тип на трансформатор (не ме земај з збор, не сум проверил, знам само дека имаат за EI и за П лимови пресметки, можеби имаат и за тој тип, но не сум сигурен), но затоа има еден туториал на форумов, во секцијата за туториали е, побарај го, во кој е опишано детално како да се пресмета моќноста на јадорото на секакови типови на трансфомратори (мислам дека имаше за 4 или 5 типови, од EI до некои вакви „чудни“ форми на јадра
). Одкако ќе ја пресметаш моќноста, на ред доаѓа изборот на шемата за стабилизираниот извор за напојување
. Во принцип, сите шеми имаат горе-долу ист принцип на работа, но некои имаат подобар дизајн од други
. Во оваа секција повеќе може да ти помогне LordZi, он има направено повеќе стабилизирани извори за напојување, од моќни до слаби. Како и да е, има многу шеми на форумов за нив, некои се само со напонска регулација, а некои се со струјно ограничување и напонска регулација
. Прочепкај во секцијата „Напојувања“ и разгледај што „ти фаќа око“
. Прашај си и ќе ти биде одговорено
. Дури и доколку максималната излезна струја за онаа шема која си ја избрал не одговара за твоите потреби, не се разочарувај, најчесто решението на овој проблем е релативно едноставно (додавање на повеќе излезни транзистори
). Максималната излезна струја се пресметува врз база на моќноста на јадрото и излезниот напон на навивките (ова не е баш најточно, бидејќи намотките може да имаат и помал пресек од онаа струја која може на излез да ја даде трафото, но најчесто се водиме по неа
). Моја препорака е во конкретниов случај да направиш чисто транзисторски стабилизиран извор за напојување (без интегрирани кола). Да беше трафото малку послабо, можеби подобро решение ќе беше стабилизираниот извор да беше изведен со интегрирани кола (LMXXX или некое слично). Ако сакаш да додадеш и амперметар и волтметар на стабилизираниот извор за напојување, ќе ти треба и уште едно додатно мало трафо за напојување на интегрираните кола од волтметарот и амперметарот, доволно ќе биде и најслабото трафо, овие кола не трошат многу струја.
Разгледај низ форумов, за која шема се одлучиш, во таа тема пиши или прашај
.