Да да, знам каков тип на мотор е, како оние од грамофони или вентилатори. Не знам како ја изведуваат контролата со три нивоа на вентилаторите. Мислам дека имаат посебни намотки за сите три нивоа, мислам дека така е изведено.
Би требало да функционира и со обичен димер (килаво, ама би требало да работи, особено ако има оптеретување на моторот, ако нема, може и да не функционира, или да не се забележува дека функционира), иако најисправно би било да има променлива фреквенција напонот од кој се напојува, но тоа е скоро неизводливо, односно премногу скапо.