Author Topic: Идеа за електричен одвртувач  (Read 1222 times)

Offline Maxi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 49
Идеа за електричен одвртувач
« Opened on 18.11.2010, Thursday, 20:31:41 »
Сакам да прашам дали некој има идеа како може да се направи електричен одвртувач за мали штравчиња немора да има кој знае каква сила само да е што помало т.с да може да се држи во рака и да работи до 12/18 волти

Вака изгледа купечко !!  ;D


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Проблем е во преносот! Ако успееш да го решиш преносот ,кој обично е сличен на оној на бормашината - тогаш е ОК. Се зависи колку си вичен за механика.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
За да го направиш ти треба мотор кој ќе ти работи на соодветниот напон некаков вид на редуктор за да ги намалиш бројот на вртежите а воедно да добиеш на сила куќиште каде ќе го сместиш тоа плус батерии на полнење не помалку од 10 парчиња и на тоа да му додадеш електроника за полнење ајде ова последново може и надвор да биде се на се многу работа а и нема да те фати поефтино од поефтините купечки на пример од рајдер најефтиното ако не се лажам е околу 900 ден. а само една батерија ќе те чини >120 ден. Добро размисли ако имаш се може ќе ти се исплати во секој друг случај добро размисли. Ти кажувам за безжичан метод како тоа на сликата ако сакаш со кабелче а напојувањето да ти биде од акомулатор или некое независно напојување тогаш е друго .

Offline Maxi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 49
Да знам дека не вреди да се прави и дека подобро е да се купи ама имам скоро се што ми треба добар електро мотор со мал број на вртежи а е доста снажен имам и запченици (за пренос) а за батерија немора нека биде уклучен на акумулатор или на трансформатор тоа не е проблем сакам само да прашам ако знае некој како да се наместат зашчениците за да добијам на снага

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нека ти е со среќа( и со помин!) ;D

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Проблем е во преносот! Ако успееш да го решиш преносот ,кој обично е сличен на оној на бормашината - тогаш е ОК. Се зависи колку си вичен за механика.

не се исти преносите кај бормашините и кај овие одвртувачи, кај бормашините има само два запченика, едниот помал кој што обично е изрежан на оската од роторот, и друг поголем на кој што е закачен футерот. И тоа има ептен мало намалување на вртежите од моторот и со тоа моментот не се зголемува многу. А кај одвртувачите се користат планетарни преноси кои што имаат многу големо намалување на брзината на моторот, а со тоа и се зголемува моментот, односно силата која што може да ја даде тоа мало моторче...

Споено мислење: 18.11.2010, Thursday, 21:01:59
Да знам дека не вреди да се прави и дека подобро е да се купи ама имам скоро се што ми треба добар електро мотор со мал број на вртежи а е доста снажен имам и запченици (за пренос) а за батерија немора нека биде уклучен на акумулатор или на трансформатор тоа не е проблем сакам само да прашам ако знае некој како да се наместат зашчениците за да добијам на снага

ако имаш планетарен преносник кој што е многу мал, а има многу големо намалување на брзината (значи ти треба и некое брзо моторче) тогаш БИ можел да направиш такво нешто, но би ти препорачал да си купиш таков одвртувач
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
значи вака потребно ти е следново на осовинчето од моторчето постави помал запченик а на осовината каде ќе ти стои одвртувачот постави го поголемиот запченик така да ќе ти се намалат бројот на вртежите а ќе добиеш на снага на пример ако од моторот имаш пр.300 вртежи со соодветен пренос и поголем запченик ќе ги намалиш на 100 и ќе ти се знолеми силата за да го направиш ова односот на малиот и големиот запченик треба да ти биде 3/1 односно на три круга завртени од моторот да добиваш еден на одвртувачот а како куќиште за истото би ти препорачал некое старо фенерче со соодветна големина .

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Идеа за електричен одвртувач
« Reply #7 on 24.11.2010, Wednesday, 15:02:26 (Edited 24.11.2010, Wednesday, 15:04:52) »
Еве некоја идеја и од мене:

Пробај со моторче од бришачи, јас еднаш правев еден одвртувач (за една фирма, одвртуваа некакви капачиња) баш со такво моторче - мислам дека беше од бришачи од застава 101. Моторчето има редуктор, мал број обртаи и доста е јако (има голем момент).

Или евентуално пробај да најдеш на бувљак расипан готов одвртувач - еден комшија купи од бувљак 2 расипани по 200 ден. и од двата направи еден, и добро му функционира сега за сега.


Споено мислење: 24.11.2010, Wednesday, 15:04:52
Кога сме веќе кај моментот, можат ли степ мотори да се погонуваат така што да имаат голем момент? Значи чисто со електроника, не механички?
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
има power step за степ мотори, борче имаше пишано негде, ама јас само ова го имам зачувано

Моќен чекор:
Чекор:   Напон на жица:
    1            1(+), 2(-) и 3(-),  4(+)
    2            1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
    3            3(+), 4(-) и 1(-),  2(+)
    4            1(-),  2(+) и 3(-),  4(+)

тоа само го имам, зако ти заврши работа ок, ако не...тоа е се што имам... :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
има power step за степ мотори, борче имаше пишано негде, ама јас само ова го имам зачувано

Моќен чекор:
Чекор:   Напон на жица:
    1            1(+), 2(-) и 3(-),  4(+)
    2            1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
    3            3(+), 4(-) и 1(-),  2(+)
    4            1(-),  2(+) и 3(-),  4(+)

тоа само го имам, зако ти заврши работа ок, ако не...тоа е се што имам... :D

ОК, фала, само информативно се интересирав дали има такво нешто, сега за сега не планирам да правам ништо со степ   ;) :)
Life is too short to remove USB safely ..