Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: LordZi on 26.05.2011, Thursday, 15:13:21
-
Многу едноставна шема, ме заинтересира пошто пред десетина години имав направено едно напојување многу слично на ова според шема од списанието САМ кое и ден-денес го користам ;). Оригиналниот проект (на француски) е овде
http://sonelec-musique.com/electronique_realisations_alim_limit_courant_ajust_001.html
Подоле се закачени шемата и текстот (ако е малце чуден тоа е бидејќи гугл така го преведе од француски ;) :)).
Иначе го направив, работи, го поврзав на едно огромно трафо од UPS и со него дава околу 6,5А при краток спој на излезот, ама така многу брзо се загреваат транзисторите и отпорникот од 1 ом. После ја намалив струјата со потенциометарот на 4,5А и немаше гајле, стоеше така во краток спој скоро минута, без некое преголемо загревање. Транзисторите обавезно треба да се на ладилник, што поголем, на BD131 (јас ставив BD137) исто така треба да му се стави некое ладилниче, а отпорникот од 1 ом треба да е барем десетина вати за да не се прегрева, јас место него ставив од 0,5 оми (паралелно два од по 1 ом/9W).
-
Денес му направив upgrade на напојувањето, двата транзистори 2N3055 ги сменив со три 2N3772, ставив поголем ладилник со 9цм вентилатор и го сменив отпорникот од 1 ом на 0,5 оми.
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/1-5.jpg)
Сега дава 10А при краток спој на излезот, го оставив така една минута без да работи вентилаторот, значи само со пасивно ладење и дури после една минута транзисторите се загреаа толку за да не може да се држат со прст. Отпорникот беше купечки што се нашол по дома, му ја одмотав жицата и дел од неа повторно намотав бифиларно за да добијам вредност 0,5 оми, еве го како изгледа
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/2-4.jpg)
Еве го комплетиран со плочката и вентилаторот, спремен за вградување во кутија
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/3-4.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/4-3.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/5-2.jpg)
Еве што ќе иде со него во кутијата - трафото е од растурен UPS, дава 16 волти (со него се добива регулација 0-20V) и којзнае колку ампери, бидејќи воошто не се загрева при работа, електролитите се по 10000uF/30V, грецот е од 35А.
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/6-2.jpg)
-
Tууууу ама добро си го стокмил,браво,браво :D ;)!А и доста добар е ладилникот-тип топ склепано ;D
-
LordZi стварно те бива да направиш нешто ем функционално ем лично за гледање :D супер си го стокмил...би работело ли на напон блиску до 50V???
-
Не знам, не сум пробал, а и да работи ќе грее повеќе па треба да се димензионираат елементите соодветно, особено отпорникот.
-
на колкав максимален напон би работело ова...ептен ми се свиѓа, ама па малце ми се 24V :/
-
Па пробај го на повисок напон, излезните транзистори ќе издржат сигурно, а овие другите ако се греат стави некои што се за повисок напон. Иначе вака како што е тие двата BC... транзистори воопшто не се загреваат. Исто така ќе треба и отпорникот да го димензионираш правилно, не е лошо да го составиш од два-три десетватни отпорници.
-
Имам дома трафо од 12волти.Скоро на излез(според мене) би дало накај 10А,па колкави кондензатори во филтерскиот дел да искористам?Ќе го правам бидејќи ги имам тие 2 транзистора 2н3055(ги најдов по дома).
-
Стави кондензатори колку имаш најголеми, според некое непишано правило на секој ампер се става 1000uF, ама може да ставиш и повеќе. Иначе, на моменти да, ама цело време тешко дека ќе го тераш на 10А со два 2N3055, или намали ја струјата или стави појаки транзистори.
-
Имам дома трафо од 12волти.Скоро на излез(според мене) би дало накај 10А,па колкави кондензатори во филтерскиот дел да искористам?Ќе го правам бидејќи ги имам тие 2 транзистора 2н3055(ги најдов по дома).
малку ти се 2 транзистори за 10А...барем 5 негде најди и стави му 5, а и па не се скапи, во БТ се по 20 денари (порано толку беа, сега незнам колку се) и кулер некој стави на ладилникот :)
-
Lordzi, мајстор си за напојувања, ама ова ептен добро си го средил. Како ти се погодил ладилникот, таман се да ти собере :D
-
Здраво на шемата отпорниците што пишува на нив само 1 и 47 и 330 тие се оми или килооми и колку вати се и тој БФ244 со лед диодата зошто слузат ако сака некој да ми казе благодарам однапред.
-
Вредноста на отпорниците е во оми, тие од 47 и 330 се обични, а тој од 1 ом треба да е појак, барем 5W. Транзисторот BF244 и лед диодата се само за индикација дека има напон на излез од исправувачот и можеш слободно да ги изоставиш.
-
тој отпорникот од 1 ом треба да биде МИНИМУМ 25W... зашто P=R*I^2
I=5A
R=1om
P=1*5*5=25W
значи 30W отпорник минимум...