Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: KiloVolt on 25.11.2015, Wednesday, 15:25:11

Title: Помош за дизајн на 100W UPS
Post by: KiloVolt on 25.11.2015, Wednesday, 15:25:11
Работите стојат вака:
Скоро направивме DIY парно греење и систем за загревање на бојлерите на дрва со татко ми. За да циркулира водата користиме пумпа со 3 брзини. При најголемата брзина користи 70W и врти со 2400 вртежи во минута, што е повеќе од доволно во нашиот случај, се работи одлично. ;D
Е сега, недостаток е што ако снема струја (вчера се случи тоа) притисокот во котелот нараснува над 3 бари затоа што вишокот топлина не може доволно брзо да се одведе. Системот е дизајниран за 4 бари и има сигурносен вентил за 3 бари близу до котелот и се активираше, и направи поприлично голем неред. :o
Сега, татко ми бара од мене да направам UPS, 100W се тамам, треба да се има простор, не сакам да го оптоварувам, имам 12V 55Ah акумулатор и полнач за акумулатор. Сега ми е потребна електрониката за детекција на мрежен напон, автоматско полнење на акумулаторот, автоматско вклучување на инвертор и самиот инвертор. Првите 3 се релативно прости, јас заглавив кај инверторот.
Имам правено инвертор со квадратен излез со 555 и 2x2N3055, но овде ми треба синусоида за работа на моторот. :-\
Размислував за користење на PWM со помош на NE555 кој осцилира на 500-1000Hz и некој слаб синусоиден осцилатор кој осцилира на 50Hz за да го модулира излезот на NE555 преку неговиот контролен (5-ти) пин. Потоа би следувал дел со MOSFET-и кои би го засилиле сигналот.
Дали ова е добра идеја или треба да го разгледувам проблемот од друг аспект? ???
Сите критики се добредојдени. ;D
Title: Одг: 100W UPS
Post by: batka on 25.11.2015, Wednesday, 16:09:50
Еве еден линк,прво прочитај малку на ова тема 8) Друго,имам изработено неколку вакви системи и верувај не е многу битно синус/квадрат,не се замарај многу со тоа. УПС-от е релативно скап,освен ако не најдеш некој половен со неисправна батерија на кој треба да му поврзеш акумултор барем 45 ампер/часа.Полнењето би било преку  УПС-от ,на кој би додал само акумултор.Ако сам  правиш *од корен*- ти треба исправувач полнач  за 12В акумулатор ,по можност со електроника за полнење и претворувач 12/220В (барем 200W во твојов случај).Полначи со регулација  има на Форум,а еве една едноставна за градба ,а проверена конструкција за претворувач

Code: [Select]
http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/uradi-sam/elektronika/koristenje-ups-za-napajanje-pumpe-centralnog-grijanja
Title: Одг: 100W UPS
Post by: GigaWatt on 26.11.2015, Thursday, 08:28:07
Мислам дека е прекомплицирано да се прави вакво нешто. Се продаваат UPS-и со зезнати батерии, не се прескапи, јас имам купено за 800 денари... или тука некаде беше.

Имаше некој член на форумов продаваше повеќе вакви, мислам дека EATON беа, 800W или тука некаде. Бидејќи тебе повеќе од 100W не ти треба, нема шанси да изгори електрониката од преоптеретување, а згора на тоа ако ставиш акумулатор место класична батерија, може да тера и неколку часа ;).

А да, еве ја темата.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11395.0
За жал, продадени се сите :S.

Ништо, ако можеш, дај оглас дека бараш половен UPS без батерии, не би требало повеќе од 1000 денари да биде, и околу 1000 денари акумулаторот, проблемот е решен за 2000 денари ;). А ако фатиш да правиш, мерења, преправања, делови, ова она... не се исплати... барем според мене.

ПС: Ако ептен ти е страв дека електрониката ќе изгори при подолго оптеретување, на крајот на краиштата, може да монтираш еден кулер кој ќе активира во ист момент кога ќе се активира и UPS-от и решен проблем ;).
Title: Одг: Помош за дизајн на 100W UPS
Post by: batka on 27.11.2015, Friday, 23:53:37
Акумултор за 1000 денари??? ;D Каде им во СК бре Гига , да дојдам да купам.Купи си Киловолт нов,од оние **сувите* и терај.
Title: Одг: Помош за дизајн на 100W UPS
Post by: Jovicar on 28.11.2015, Saturday, 01:12:28
700 денари без акумулатор, само да го ставиш во кутија, стави во штек кога ќе снема струја секундарно префрла, кога ќе дојде струја повторно продолжува со нормална работа. Батеријата нонстоп ја држи константна ја дополнува ако е потребно и исклучува не стои нонстоп од напон. 300w 500VAR
Title: Одг: Помош за дизајн на 100W UPS
Post by: GigaWatt on 28.11.2015, Saturday, 06:54:43
Акумултор за 1000 денари??? ;D Каде им во СК бре Гига , да дојдам да купам.Купи си Киловолт нов,од оние **сувите* и терај.

Изгледа тропнав цена ;D. Немам кола, така да, не сум информиран, ама се мислам дека пред неколку години поминав пред некоја продавница во кисела вода и видов акумулатори за 1000 денари ;D.

ПС: Да, разгледав цени online, грешам ;D. Како и да е, за 50 евра ќе се скрпи некој склоп со акумулатор ;).