Македонски форум за електроника
Останато => Кутии => Topic started by: BorceBT on 22.01.2010, Friday, 03:49:10
-
Дали некој знае каде може да се набават добри а релативно евтини кутии (алуминиумски, пластични) за склопови во Македонија?
-
Мислам дека најголем избор има во бугарската продавница, јас обично од таму земам.
http://www.electroninvest.com/mk/index.php
Добро е што на сајтот одма се гледа дали има на залиха или не, ако нема може да се порача.
-
Исто има и некои кутивчина во алфа електроник,но тие се само за помали склопови
-
Метални кутии си мислам дека имаше во БТ тоа се наога на југо дрво наспроти олимписки базен
-
фала дечки, ако има некој друг некоја информација плус нека пише.
-
Незнам колку сте размислувале или воопшто дали сте размислувале на тоа ама јас така правам
се работи за дозни, на сите ни се познати се ставаат по ѕидови вамте тамте...
ги има во нај различни големини и форми со капаче или без, какви што сакате, цената не им е голема дали се и 10 денари парче
е јас во ним ставам склопови, е сега малце кутиите се крути не се обработуваат лесно, ама како што се вели колку пари толку музика
-
Стварно добра идеја Devil има надворешни дозни кои можат да се искористат за ваква намена... ;)
-
еиии бе Devil супер ти е тоа идејата за дозните...никогаш немало на нив да ми текне...иначе за кутии...отидете во некоја лимарска работилница таму може да ви направат каква кутија сакате....
-
еиии бе Devil супер ти е тоа идејата за дозните...никогаш немало на нив да ми текне...иначе за кутии...отидете во некоја лимарска работилница таму може да ви направат каква кутија сакате....
Имаш ли информација колку би чинело една кутија U2 RackMount да ми направат?
-
еиии бе Devil супер ти е тоа идејата за дозните...никогаш немало на нив да ми текне...иначе за кутии...отидете во некоја лимарска работилница таму може да ви направат каква кутија сакате....
Имаш ли информација колку би чинело една кутија U2 RackMount да ми направат?
Не знам...ако сакаш оди прашај во некоја лимарска работилница...а и па што кутија е па тоа???
----------------------
[edit:BorceBT]: Без зборови кои можат да навредат друг член.
-
Еден алуминиумски собраќаен знак и неколку попнитни и некое штравче и ете ти одлична кутија :D
-
ааах, не чини тоа, бидејки тој знак е таму ставен за да им послужи на возачите, па иако лесни се за вадење не би препорачал да ги вадите дека може беља да направите за возачите...
-
купете алуминиумски лим свиткајте го во форма на П буквата по димензи висниа ширина кој ви се потребни од страните од кај што ќе биде отворен ставете ќоѓомати или оние лимовите под агол од 90 степени и на ним заштрафете штици дрвени кој претходно ќе ги обработите од долната страна може лим може дрво нема да се гледа тоа :D
-
Toa e добро, но за капак е проблемот, како да се направи капак кој ке влегува како кај купените кутии
-
ај ако стигнамќе ви нацртам не ме разбирате гледам нај убаво како мислам :D
-
Исто така може да се искористат и кутиите од стари напојувања за компјутери, алуминиумски се (што значи го имаш фарадеев кафез моментот ;)), плус заедно со нив стигнува и пригушница за напојување (добро, барем со повеќето од нив). Барем кога станува збор за некои малку поголеми проектчиња, како што се генератори на сигнал, аудио засилувачи, стабилизатори на напон, испавувачи, контролери за лемни станици итн, може да се искористат овие кутии ;).
Јас исто имам користено и пластични кутии од видео касети (оние што се отвараа како што се отвараат денеска DVD филмовите), исто и метални кутии од стари радиа за кола.
Повеќето од овие работи можат да се најдат на бувљакот во Скопје, така да не е проблем да се набават ;).
Исто така мислам дека видов добар (и евтин) избор на пластични кутии во Електроинвест (онаа Бугарскана продавница, сега е преместена во ТЦ Беверли Хилс во Капиштец, на ист спрат со Логин).
-
имаат ли метални и евтини кутии?
-
хмммммм... мислам дека видов една или две така поголеми (колку што ми текнува, така низ магла), ама не ме земај за збор, провери... ;)
-
Se skapav baranje plasticni kutii po cela Makedonia i definitivno elektroninvest (bugarskata) ima najgolem izbor na kutii bilo plastiocni ili aluminium.
-
а од прилика што цена се пластичните знаеш?
-
Пиши кирилица
-
Па не се скапи, зависи од големината, ама на пример пластична кутија со големина како за адаптер со трансформатор е околу 80 денари, малку поголеми од тоа се 100, 120, 140 денари, зависи од квалитетот и големината, најголемите пластични кутии се максимум 300 денари, и кутиите се со големина од напојување за PC (отприлика).
-
како што каза GigaWatt цените варираат во зависност од моделот и големината али не се скапи за пластичните.Алуминиумските ги има во поголеми димензии, пред два дена ми стигна mail дека имаат нови залихи на пластицни кутии со поголеми димензии.
-
а чек продавницава ја има во македонија ?
или во бугарија е
и ако е во македонија каде е ?
дали ако е од бугарија се плаќа нешто плус освем цената на кутијата и шо пари е ?
-
Електроинвест е стара продавница, ама преместена е сега во ТЦ Беверли Хилс во Скопје, на исти спрат со Login е, кога ќе се качиш на скалите од главниот влез на трговскиот за да стигнеш до Login, идеш уште право (значи го поминуваш Login) и стигнуваш до крајот на ходникот, завртуваш десно и првиот ходник потоа, пак вртиш десно, идеш право (скоро до крајот на ходникот) и од лева страна ќе видиш една продавница за електронски делови (типичен изглед на продавница за електронски компоненти, се познава од километар), е тоа е Електроинвест ;).
@Trajce: Како да се ставам на нивната mailing листа, зашто и мене ме интересира кога ќе им стигнат нови залихи, релативно евтина е (во споредба со Login, што е изгор), а имаат и многу добар избор на мерни инструменти, а за некои делови што ги нема тука, можеш и да нарачуваш ;).
-
Фала за објаснувањето, ќе проверам. Јас знам дека порано беа во Бисер меѓутоа последниот пат видов дека во продавницата каде што беа има нешто друго и си реков дека пропаднаа, не знаев дека се преселени, супер.
-
Не не, не се пропаднати, и јас исто мислев се додека сосема случајно (всушност го барав Login сервисот каде е) ја видов, чиста среќа :D.
Мене не ми е јасно зошто никој скоро не користи кутии од напојувања за PC, на бувљакот во Скопје сум видел изгорени напојувања (и тоа стари, оние што беа изработени со топ лимови ;)), не беа скапи, купуваш 4 за 50-100 денари, како ќе си се договориш, ем имаш делови за поправка на напојувања, ем имаш фазла кутии, it's a win-win situation :D.
-
Да ти кажам јас користев но понекогаш професионална кутија си е професионална кутија и сакам уредот да ми биде убав :) ме разбирате мислам.
-
Да да, како не, се разбира, ако работам нешто што треба да биде за „покажување“ и јас исто гледам да користам нови кутии (или стари, ама добро преправени за да не се гледа дека се стари), ама за работи како на пример извори за напојувања, signal tracer-и и некои такви уредчиња што ги користиме за сервисирање или мерење на определени параметри, не мора да изгледааат баш најубаво, според мене, битно е да си ја вршат функцијата, а како изгледаат и не е баш толку битно ;).
ме разбирате мислам.
Ако персирањево беше наменето за мене, нема потреба ;).
-
Што знам, јас бев во таа продавница и купив еден транзистор кој го платив 130 денари а на сите други места е 75 до мах 90 денари. Го ставив и по 2-3 минути прегоре.... потоа отидов да купам керамички кондензатори (нај обичните) и викам колку пари се? Тој еден со наочари ми вика не верувам дека се над 10 денари па бараше и не најде цена..... Прво не ја знае цената и кажува од памет цена која е многу поголема од другите продавници. Е сега за кутии, мислам дека е скапо да се даде толку пари за пластична кутија која е голема колку компјутерско напојување. Подобро купете расипано напојување за 20-30 ден. и извадете ја електрониката и готово, барем таа е метална кутија а ке имате неколку електролити гратис :)
-
Мислам дека кутиите се прилично евтини а за другите компоненти веројатно не се „уходани“ продавачите стварно.
-
Како и да е, еве информација каде можете да најдете пластични кутии, одете и проверете си ;).
-
Дали знаете дали праќаат по пошта по другиве градови?
-
Е тоа искрено не знам, ама може да се распрашам, ако сакаш ;).
-
Електроинвест е стара продавница, ама преместена е сега во ТЦ Беверли Хилс во Скопје, на исти спрат со Login е, кога ќе се качиш на скалите од главниот влез на трговскиот за да стигнеш до Login, идеш уште право (значи го поминуваш Login) и стигнуваш до крајот на ходникот, завртуваш десно и првиот ходник потоа, пак вртиш десно, идеш право (скоро до крајот на ходникот) и од лева страна ќе видиш една продавница за електронски делови (типичен изглед на продавница за електронски компоненти, се познава од километар), е тоа е Електроинвест ;).
@Trajce: Како да се ставам на нивната mailing листа, зашто и мене ме интересира кога ќе им стигнат нови залихи, релативно евтина е (во споредба со Login, што е изгор), а имаат и многу добар избор на мерни инструменти, а за некои делови што ги нема тука, можеш и да нарачуваш ;).
http://www.electroninvest.com/mk
GigaWatt регистрирај се и ке добиваш маилови нон стоп кога ке увезат нова роба.
Споено мислење: [time]20 Април 2010, 16:17:30[/time]
Како што кажа Login е дефинитивно наскапата продавница во Македонија.
-
Како што кажа Login е дефинитивно наскапата продавница во Македонија.
Е да, ама и најдобро снабдена е, така да, во определени случаи немаме избор :S.
Како и да е, фала за информацијата :D.
-
а знае ли некој каде може да најдам кутија од оние што се за алат чување но некоја така по мала ?
на вакви мислам таа нај малата
(http://eavice.files.wordpress.com/2010/01/plastic-tool-box-shrink1.jpg)
-
Вакви кутии имам видено во еуро тулс ама цена појма немам колку беа :D
-
ах па цената ме интересираше :) ок фала сепак
-
Има и во Хубо и тоа голем избор, ама точно кои цени се, не ми текува. Мислам дека DeWalt-от беа малку посоленки, ама ExTool се солидни, а колку што ми текнува не беа нешто многу скапи ;).
-
може да се најде од оние помалине некоја до кај 300 ден :) ?
-
Па поевтините се таа цена отприлика во Eurotools може ке најдеш и за поевтино.
-
фала многу :)
-
Здраво до сите ФОРУМИСТИ !! :-[
Изработувам кутии по ваши проекти од алуминиумски лим со дебелина од 1мм - ефтино !!!
Поздрав,
П.С.
Знам дека постои извор на вода, извор на нафта,... ама дека постои извор на кутии, бог да чува, прв пат слушам!!???? >:(
-
не сваќај буквално
под извор се мисли место каде може да се најде нешто, а во случајот е кутија
-
Колку за ваша информација за и околу цената. Ги поминав скоро сите продавнички по Скопје каде што може да се најдат кутии, баш такви за кои и станува збор. Меѓу другото си земав и јас една...Исто така барав некоја со разумна цена бидејќи во некој од продавниците цените стварно беа превисоки барем според мене. И конечно во Меркур, во Автокоманда си најдов кутија со големина и со затварање баш онакво какво што ми треба за некој си 350 денари...Има од сите типови, големини и цените им се нормални. Така да ако некој се уште има потреба од кутија, слободно може да отиде и да види. ;)
-
Меркур, каде е таа продавница? Ќе може нешто Google map или нешто така, упатства...?
Држат ли електронски компоненти или само кутии?
-
Merkur е во автокоманда. После семафорите, а пред LukOil бензиската...Продавницата е нешто во стилот на Хубо маркет.
-
Како што видовте (или не видовте ;D) во мојата тема за тераминот, го имав ставено во кутија од некоја си купечка салата (мислам дека беше Tzatziki), исто така можете да искористите и кутии од еурокрем, крем за раце итн. Можете да ги извадите лепенките и да си ставите нешто ваше, на пример, да испечатите нешто на самолеплива хартија и да го залепите (Power On).. ;)
-
Да, знам, јас така имам направено за еден адаптер што на времето ми беше за се и сешто користен, па толку му ја искршив пластиката што веќе не можеше да седи во осигиналната пластична кутија, па морав да го ставам во некоја друга кутија, и една од еуро крем ми падна во очи ;D.
Добра идеја ;).
-
јас кога го изработив метал детекторот искористив кутија за крем за раце(пластична е)!!!
-
Од Меркур имам земено кутии за ел.компоненти и можам да ви кажам дека се поевтини од кај пластичарите. Најскапата е 140ден. а и преградите и се модуларни.
Таа најголемата е се дим. 383 x 234 x 48 mm.
-
може да ги сликнете кутиите како изгледаат ?
-
http://pic.mk/images/1022653.jpg
http://pic.mk/images/1022654.jpg
-
господине драман од каде ги набави кутиите ако не е тајно
Колега,овие кутии ги имаш во VARO-POWERPLUS,во аеродром од другата страна на веро,од страната на бисер цената е мислам 140 ден за една кутија... ;) :)
-
Кој има pay pal да го виде господ..
http://shop.ebay.com/i.html?rt=nc&LH_BIN=1&_nkw=project+box&_fcid=124&_jgr=1&_localstpos=&_sc=1&_sop=15&_stpos=&_trksid=p3286.c0.m301&gbr=1
се разбира сигурно и други кутии ке најдете по ebay...
-
Кој има pay pal да го виде господ..
http://shop.ebay.com/i.html?rt=nc&LH_BIN=1&_nkw=project+box&_fcid=124&_jgr=1&_localstpos=&_sc=1&_sop=15&_stpos=&_trksid=p3286.c0.m301&gbr=1
се разбира сигурно и други кутии ке најдете по ebay...
Ќути колега лиги ми течат :D кога ќе ги видам кутииве,за разлика од кај нас во логинг и во гац може 15 пати се поскапи! ;D
-
а бе луѓе ако сакате можам да прашам другарче едно со лимарија се занимава, па дали ке сака кутии да прави...ако сакате метални кутии...
-
а бе луѓе ако сакате можам да прашам другарче едно со лимарија се занимава, па дали ке сака кутии да прави...ако сакате метални кутии...
Па прашај го дали ќе сека да се нафати... :)
-
а бе луѓе ако сакате можам да прашам другарче едно со лимарија се занимава, па дали ке сака кутии да прави...ако сакате метални кутии...
Па не е лоша идеја, само зависи колку ќе наплаќа по кутија, тоа е прашањето ;).
-
Може да прави добро решета,ќумци ,олуци. ;) :D,ама прашај го дали има сметка да прави кутии. :o - Предна плоча - обавезно 2-2,5 мм алуминиум,а останатото 2-3 мм декапиран лим ( не поцинкуван).Добро е ако кутијата е склопива,на костур од профили и секоја страна посебно да се вади..Можам да ти ти дадам пример,ако се нафаќа- јас сум муштерија.Добра кутија во Турција е помеѓу 12-16 ЕУ,стандардна 42х12х24 см.од пластифициран лим 2 мм.Само кој да влече од таму.. ;D >:(
-
а бе луѓе ако сакате можам да прашам другарче едно со лимарија се занимава, па дали ке сака кутии да прави...ако сакате метални кутии...
Прашај го обавезно, ако има апкан може да ги штанца сериски, ќе му дадеме димензии и модел, плус ако се собереме повеќе луѓе да му нарачаме наеднаш ќе не фати поевтино :)
-
Прашај го обавезно, ако има апкан може да ги штанца сериски, ќе му дадеме димензии и модел, плус ако се собереме повеќе луѓе да му нарачаме наеднаш ќе не фати поевтино :)
Да да, тоа е поентата ;).
-
ааах...апканот мислам дека МАКСИМУМ може да му витка 1мм лим, а и па што ке ви треба па кутија со лим 3мм дебел??? ако сакате од лим 0,5мм дали пластифициран дали поцинкуван да го прашам... а и за поевтино/поскапо незнам дали ке е, он мислам дека наплаќа по големина на потрошен лим и плус некој денар за работна рака...
-
извинете за оф-топиков,јас нарачав од Конрад лимови 400мм на 100мм цената им е 250 денари!!
Ги нарачав дека сакам да правам еден брод!
-
сколс специфични се нешто тие лимови или што? што е финта па баш од конрад си ги нарачал?
-
во Скопје неможев да ги најдам а ми беа хитни за мојот брод! :D
-
Каков брод правиш? Лимен? Најди 0,3мм Ал лим од печатнициве -лесно се обработува и ефтин е,а се користи за трансфер на боите( се мести на бубањ кој ротира и има отвори по краевите!)Го има во А4 ,А3 формат.
-
Иначе за ~80 денара имаш старо по*бано напајање(кутија, приклучоци за кабел, вентилатор, куп жици, кондензатори, разни отпорници, најчесто 2 ладилника) исплати се па нема каде. барајте оние со решетка од 1 страна, после таа решетка исечете и ставете парче шперплоча, и префарбајте се.. мн добри кутии излегуваат.
Припази на вокабуларот !!!
-
тоа да, ама неможеш некој засилувач од 300W да ставиш во таква кутија, само трансформаторот е толкав...
-
Каков брод правиш? Лимен? Најди 0,3мм Ал лим од печатнициве -лесно се обработува и ефтин е,а се користи за трансфер на боите( се мести на бубањ кој ротира и има отвори по краевите!)Го има во А4 ,А3 формат.
Не од Балза и од шперплоча правам!Но напред ставам лим дека кога ги возам морам,секогаш да удрам напред со носот во нешто и бротчето да ми потоне ;D ;D
-
Хехе, и јас порано кога бев основно правев бродчиња и одев на натпревари со нив... ;)
-
јас не идев на натпревари!Многу ја сакав електрониката и затоа со нејзе одев!Инаку да можеше да се оди и на бродомоделарство ќе одев и на тоа,ама неможе! >:(
-
јас сум во план сам да си правам кутии
ќе си купам материјал (шперплоча) и со фрезата ќе си ги обработам по потреба
ќе земам од онаа шперплочата што е 8мм (мислам дека беше 8мм) 6м2 прилично ефтино би ме фатило така, башка можам по моја замисла и за моја потреба да си дизајнирам кутии
-
би ти предложил да внимаваш каква шперплоча земаш, зашто некои ги има се одлепуваат (лепакот им е заникаде...) а и кутии од дрво не се секогаш добар избор зашто дрвото има многу лоша термичка спроводливост...
-
јас сум во план сам да си правам кутии
ќе си купам материјал (шперплоча) и со фрезата ќе си ги обработам по потреба
ќе земам од онаа шперплочата што е 8мм (мислам дека беше 8мм) 6м2 прилично ефтино би ме фатило така, башка можам по моја замисла и за моја потреба да си дизајнирам кутии
ај направи една кутија,па да ти ја украдеме идејата за понатака. ;D ;D
-
добро не ќе правам јас засилувачи, и ако правам сигурно ќе има отвори за проток на воздух и плус од задна страна отвор за ладилник :)
мене ми е за некој помали склопови, пошто не ми се исплаќа во пластични кутии
1. ги нема по димензии кој ми требаат, па треба да купувам дупло поголеми или пак помали и се наново да правам
2. прескапи се за наш стандард :)
-
И јас размислував за таква работа, кутии од шперплоча, поради тоа што е танка, евтина, лесна за сечење, бушење итн.
-
јас имам изработена една кутија од шперплоча,ќе поставам слики и скици(ако ги најдам) дека ова го правев во 6 одделение.
-
какви убави кутии сум начекал по телевизори само :)
(http://pic.mk/thumbs/dscn061301844878.jpg) (http://pic.mk/?v=dscn061301844878.jpg)
-
дане сакаш да ги подариш девил? ;) ;D :D
-
не, овие ќе ги искористам за некое појачалце со ламби :)
таман си се во големината, уште од дрво да изработам нешто и терам :)
-
Хаха, супер, овие со од телевизори со лампи или понови?
-
левата е од телевизор со лампи, средната и десната се од понови модели од напојувањата :)
средната незнам од што тв е , а десната е од филипс :)
-
еве какви кутивчиња начекав во еден телевизор, сите се од пресован алуминиум, не се лепени страните :)
(http://pic.mk/images/dscn091310044778.jpg)
(http://pic.mk/images/dscn0914.jpg)
(http://pic.mk/images/dscn0916.jpg)
-
еве какви кутивчиња начекав во еден телевизор, сите се од пресован алуминиум, не се лепени страните :)
Имам слични начекано во еден телевизор, ама пластични беа тие, не метални ;).
-
Јас имав извадено од два три телевизори вакви, ама ги фрлив во оптад како алуминиум. Инаку мислам дека беа околку пет такви кутии.
-
Вакви има и во стари радија, не само во телевизори ;).
-
Џаволе,за што ќе ти користат овие кутии?
-
немој да мислите дека ова се кути од оние калеми или кондензатори што стојат и како фарадеев што им ги ставаат за заштита во овие сите имаш склопови, демодулатори IF степени осцилатори некакви си и што уште не :)
па за се што ми треба помала кутија ќе ставам во ова :)
-
Знае ли некој каде во Скопје може да се набави плоча од росфрај, челик или алуминиум со дебелина 1.5 - 2 мм? Ми треба за кутија.
-
Дојди кај мене во отпад може ќе најдеш нешто што ти одговара.
-
Каде е тоа, и кога можам да дојдам?
-
Пред Пинтија, ако знаеш каде е Пинтија, а работи секој ден освен во недела. Ако најдеш плочи ги наплаќаат на кило, мислам дека 80 денари беше кило, ама за секој случај земи си повеќе пари. Ама не сум сигурен дали има плочи, зашто јас никогаш не сум барал такво нешто, а гледам дека имаат ептен алуминиум, а до овој отпад има друг отпад, кој е специјален само за алуминиум.
-
Пред Пинтија, ако знаеш каде е Пинтија, а работи секој ден освен во недела. Ако најдеш плочи ги наплаќаат на кило, мислам дека 80 денари беше кило, ама за секој случај земи си повеќе пари. Ама не сум сигурен дали има плочи, зашто јас никогаш не сум барал такво нешто, а гледам дека имаат ептен алуминиум, а до овој отпад има друг отпад, кој е специјален само за алуминиум.
Ај ако можеш локацијата на отпадот да ја опишеш преку Google Maps и да ја ставиш тука ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1845.0
-
јас за помали склопови користам кутии за сапун, евтини се и лесно се обработуваат :)