Имам проблем со uv ламба која ја користат за сушење/печење на нокти.
Има електроника со некој тајмер за 90sec и 120sec да бидат вклучени uv ламбите .
Тоа е проверено и е ок, значи на трансформаторите им доаѓа ~220v
.
Ламбите(UV-9W 365nm) не се вклучуваат ,видов дека овие се со вграден стартер значи за да светат треба само трансформатор-от/ballast-от да се поврзе во серија ,а другиот крај директно на ~ 220v .
Пробано е и со друга UV ламба исправна ,но ништо.
Пробав да ги поврзам со трафоа од обични неонки но пак ништо .
Ги мерев омски трансформаторите бидејќи има два , по две ламби на еден трансформатор , и двата даваат 118оми .
Поврзани се како на сликата што нацртав ....
Дали има разлика во трафоата за UV ламби и обичниве неонки ?
Што би можело да прави проблем?