Не верувам дека ќе се зезнат LED диодите од нестабилизираниот напон. Но, ако напојуваш bright LED диоди со адаптер кој дава струја до 1A, не верувам дека ќе издржи да напојува 100 LED диоди. Не знам точно колку струја ќе влече една гранка (комбинацијата од еден отпорник со три LED диоди), но провери, измери колку струја влече една гранка и врз база на измерените вредности, пресметај колку гранки би можел да напојува адаптерот
. Остави 10 до 15% фазла моќност за да не се преоптоварува адаптерот
. На пример, ако адаптерот дава максимална јачина на струја од 1A, пресметките прави ги за 850 или 900mA
.