вака музиката е добра може малку да се направи поизразити гитарите да се
пошто негде тапаните се погласни од гитарите и не е баш најдобро
друго тој што ви е вокалот може или да користите генератор или па да научи подобро growl- незнам како е на македонски
инаку вака добра е
Бендот не е мој, мислам ги знам сите од бендот зошто со пола од нив имам друг проект, но со нив проектот но е нешто Elelctro/Industrial, не знам како да го опишам, има доста електронски моменти
. Ај, ако снимиме нешто и со нив ќе ви пуштам да чуете
.
За тапаните, заборавив да напоменам, не се снимани, VST инструмент се, EZDrummer, немав услови да ги снимам нив во домашна атмосвера, живаеам во зграда, уште тапаните да ги снимавме кај мене дома и ќе ме отселеа комшиите, хахахаха
. Затоа можеби звучат најдобро „снимени“ и ги покриваат другите инструменти.
За вокалот, не е еден, два се, има еден вокал и од време на време, кога треба growl се „убацува“ басистот, а оне е баш најдобар growl вокал, така да, тоа е што е, кога немаш подобра оцпија се фаќаш и за сламка
. Ама нема везе, кога ќе ја измиксам снимката, ќе ги средам и вокалите
. Подобро ќе звучат, ќе се среди се
.
Па тоа ме интересираше само, дали можам да работам со оваа снимка, дали се доволно добро само снимени, инаку како што реков, ова е чисто raw (необработена) снимка, само колку да имам со што да работам
.
топ ви е снимката
малку треба да поработите на еквилајзерите,
а гитарата, зошто преку појачало?
Вампот има симулации на појачала, така да појачало за снимање не ви е потребно, директно во звучна поврзете и шибајте
ако има уште снимки, качи ги , ме интересира да ги слушнам
Да да, па тоа и направивме, Vamp-от го користевме само како предзасилувач со процесор, сигналот на излез од Vamp-от одеше директно на влез на картицата
. Иако нормално вака не се снимаат гитари или бас, за да се добие подобар „ефект“ на снимката (а воедно за да се избегнат „шпицови“ во снимениот сигнал) обично се поврзува гитарата со комбото (кое најчесто си има вградена дисторзија), па се поставува микрофон пред звучникот на комбото, па сигналот од микрофонот се носи на влез од картицата, миксетата, што и да е
.
Да имавме некое подобро гитарско комбо (некое Marshall на пример) и глува соба, со некој Noumann-ов микрофон (знам, многу барам, хахахахах
) и екстерен компресор модул (а не тој што е вграден во Vamp-от), еееееееее... тоа ќе беше друга приказна
.
Инаку ова не ми е прва снимка што ја правам, за еден друг бенд исто така имам снимано (на сличен начин, VST тапани а се останато се снимаше кај мене во соба на ист начин), ама тогаш направив многу грешки при снимањето, за една песна се користше една дистрзија, за друга песна друга, каша попара беше снимката :S, кога на крај ги измиксав песните, секоја песна звучеше различно од секоја друга песна. Ама прв пат ми беше и не знаев, сега веќе малку повеќе искуство имам, па си ги мемориравме preset-ите за дисторзиите за да не мора секој пат кога ќе снимаме да ги местиме „јово наново“
.
Конкретно од овој бенд (проект) нема други снимки, само оваа песна е, но од другиот бенд што го снимав имам пет песни
. Можам и тие снимки да ги upload-ирам, ама не на повеќе од 128kbps, sorry
, сепак EP-то се издаде и дечките гледаат да продадат барем едно 200 копии од него, да си купат нова опрема, знаете како е со underground бендовите, голема е желбата ама финансиите се слаби, тоа е тоа :S. Само ќе ме почекате малку да ги export-ирам песните од работните верзии во Cubase
.
ОК, за тоа што ми беше важно добив одговор, дали се добро снимени инструментите и вокалот, тоа ми беше битно, а се друго после е постпродукција, мастеринг, „миксање“, „шминкање“, тоа е веќе процес што трае. Најбрзо се прават снимките, после гњаважа е нивното средување, хахаххах
.