Да, точно е дека владата некаде на почеток на годинава донесе уредба за користење на дроновите после излегувањето на снимката од студенските протести во јавност. Ако ја побарате уредбата на сајтот за цивилна и воздушна пловидба, ќе најдете само наслов дека има таква уредба, но пдф документот го нема, а за сите други правила и закони ги има документите да се симнат.
На нет можат да се најдат извадоци/тумачења од таа уредба/правилник по разни портали, од каде јасно се гледа дека има ограничувања од 150м во висина, и 500м радиус на летање сметано од точката на управување,
50м растојание од луѓе, животни и објекти, и плус забрана во близина на државни институции. Во принцип уредбата забранува летање во населено место, ако се земат сите услови во предвид. Што значи дека некаде на отворено соодветно одбрано мето слободно може да си го леташ и тестираш дронот.
Ace894 кажи ми уште колку пари ти фалат за привршување на проектот, можеби ќе се собереме да ги донираме.