Останато > Сè останато

Започнување на заеднички open source проект

(1/12) > >>

NerdOmega:
Од кога сум инволвиран со електроника гледам во македонија како аматерската електроника полека но сигурно исчезнува кај нас. Додека можеме да обвинуваме мал милион работи за моменталната состојба, на крајот од денот ние сме тие кои го негуваме ова хоби/занает/професија и е наша морална одговорност за да го промовираме и да го прошириме на што е можно повеке сограѓани.  Ако не го направиме ние ова тогаш кој ?

Затоа се одлучив да си земам за одговорност да пробам да направам нешто околу тоа.
Идејата е следната. Да се собереме повеке членови од форумот и да започнеме со некој заеднички проект. Е сега бидејќи крајната цел е да инволвираме и запознаеме што е можно повеке луге мислам дека проектот во прашање би требало да биде некој кој ке биде од помош на нашето општество и/или да проба да реши некој проблем со кој се соочуваме секојдневно. Анкетата ке ја оставам отворена 10 дена за да се види колку заинтересирани членови има, како и да се соберат идеите за кој проект да се работи. Сите предложени идеи ке бидат подложни на критики и сугестии. Бидејќи јас сум иницијатор ке почнам јас со мојата идеја.

Гледајќи ја ситуацијата со чистотата на воздухот во Македонија па и пошироко гледам дека има потреба од времени и точни информации за воздухот. Идејата е да се направи мини мерна станица по можност модуларна со повеке видови на сензори (температура, влага, ПМ10, сулфиди, азотни оксиди итн.) и да се врзат сите во мрежа. Гледајќи по цените на интернет крајниот уред не би коштал повеке од 1500 ден за основна верзија па до 3000 за повеке сензори. Ако се прибираат сите информации од мерните станици на едно место веке ке се јавува можност и за во реално време да се гледа загадувањето по град или па ако има повеке станици во еден град ке може и да се гледа дистрибуцијата на загадувањето низ него. Сите прибрани информации ке бидат достапни за сите и верувам дека исто така ке им бидат и корисни. Можеме и да го промовираме проектот за да привлечеме повеке луге да купат и инсталираат мерни станици околу нив. Исто така можеме да продаваме и кит комплети за ентузијасти и готови верзии за не толку ентузијасти  :D па профитите од нив да ги вратиме во форумот. Јас лично имам искуство со микроконтролери како и со датабази и веб сервери и реално можам да придонесам околу 8 часа неделно на проектот. Мислам дека можам и да издејствувам и поддршка од мојата општина за проектот а знам дека и неколку мои клиенти радо би инсталирале станица кај нив.
Друга опција е потоа да се прошири видот на сензори кој ке ги поддржуваме па да може да се мери и квалитет на воздух во домови, работни места и ред други работи. Јас и скоро ги имам сите подребни делови за прототипи и слично.

Сакам да потенцирам дека замислата е да се сподели знаење и искуства со истомисленици за сите на крајот да бидеме подобри а којзнае можеби и ке добиеме и неколку нови членови.

GigaWatt:
Ми се допаѓа идејата, но мислам дека е преамбициозна како за почеток... можеби е подобро да се почне на нешто помало, колку подобро да се запознаат членовите и нивното искуство/знаење ;).

Можеби нешто поврзано со некој друг проект/дизајн... на пример модифицирање на некој мерен инструмент ???... можеби на кодот на оној универзалниот AIO тестер на компоненти со ATmega што е :)?





Мада Кинезиве го имаат утепано од модифицирање и не знам дали уште нешто плус може да се додаде ??? :-\.

Само фрлам идеи. Се разбира дека не мора да биде нешто поврзано со овој инструмент ;).

dr-mr:
Идеата е интересна но преамбициозна, таков проект бара многу работа а со тоа и многу време.
Собирање и координирање преку форумот тим кој ќе има време да дизајнира хардвер и софтвер е многу тешко.
За почток подобро би било некој проект кој ќе биде поедноставен или модификација на некој веќе постоечки проект, можеби модификација на некој проект за мерење на квалитет на воздухот.
Така би се запознале членовите и кој како и колку може да придонесе. Јас мислам дека поголемиот дел од членовите сме аматери во електрониката и проекти кои опфаќаат неколку различни проблематики се тешко изводливи.

KiloVolt:
Што и да е, сметај ме и мене...  ;)
Јас па имав идеја за електростатски прочистувач на воздух што нема да се затнува, за разлика од стандардните со HEPA филтри, би било добра идеја за животот во Скопје во зима, а и онака планирав да направам нешто такво сега за в зима...

bicikle:
Киловолт, мислиш да не мењаш филтри? Како?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version