Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: LordZi on 15.07.2020, Wednesday, 21:24:45
-
Одамна ми беа нарачани и стигнати деловите, денес конечно дојде денот да ја составам оваа „трета рака“ - помошник за придржување разни работи, чисто да се најде... :)
Држачите може да се наместат практично во био која положба и мислам дека ги покриваат сите потреби за придржување што може да се појават во пракса:
(https://i.postimg.cc/htMK0PcG/1.jpg) (https://postimages.org/)
(https://i.postimg.cc/76JDD37C/2.jpg) (https://postimages.org/)
(https://i.postimg.cc/25KmPcqR/3.jpg) (https://postimages.org/)
-
Честито нека е и да те служи како што треба.
Ако може линк од продавницата? :)
-
Фала ;). Одамна ги имав порачано и избришани ми се веќе оригиналните нарачки, еве набрзина нешто слично на ибеј што побарав, ако се прочепка малце можда би се нашле и поефтино:
https://www.ebay.com/itm/132198384739
(http://www.mediafire.com/convkey/103c/z90hsyc2wj3jzpmzg.jpg)
https://www.ebay.com/itm/272977962109
(http://www.mediafire.com/convkey/3217/qlebh1ctul2a6t4zg.jpg)
-
Одлично, претпоставувам дека штипките од линкот се компатибилни со зглобните црева :D т.е. си пасуваат едни со друго.
Него ме интересира како се монтирани на иверицата, исто и колку на колку е димензијата на иверицата?
-
Ваљда со долниот дел, каде што е навртката, така се монтирани на парчето иверка ;).
@LordZi, со здравје да си ги користиш ;).
-
@GigaWatt: Tnx, поубав да си направиш ;)
@krema: Не се баш компатибилни, залепени се со епоксид, го искористив металниот дел од стари 4mm машки банана џекови, едната страна влегува во крокодилката на предвиденото место, другата во врвот од цревото, кој треба малце да се прошири. Другиот крај од цревата одат во дупки избушени во иверицата, исто со епоксид.
-
@GigaWatt: Tnx, поубав да си направиш ;)
Имав во план да направам нешто вакво со дебели бакарни жици ;).
-
Да, имав и јас нешто такво претходно, ама ова е поелегантно :).
-
@krema: Не се баш компатибилни, залепени се со епоксид, го искористив металниот дел од стари 4mm машки банана џекови, едната страна влегува во крокодилката на предвиденото место, другата во врвот од цревото, кој треба малце да се прошири. Другиот крај од цревата одат во дупки избушени во иверицата, исто со епоксид.
Јасно сега, значи мора со малку модификации да се среди бидејќи тој пластичниот навој од цревата во иверката нема шанси да држи. :)
-
Епоксид што ќе фати - фатено е, а би можело и оној супер-лепакот со спреј, и тој се стврднува како епоксидот исто, плус е поефтин ;)
-
Зглобовите се стандардни елементи за ладење на ЦНЦ машини.Ги има во Македонија и се продаваат по делови.
Лепењето со двокомпонентно епокси лепило треба да е во ред,но проблем се елементите кои се изработени од полиетилен или полипропилен кој лошо се лепи без актоватор.
-
@LordZi
Сѐ почесто ми треба вакво нешто и морам во најскоро време да го изработам. Во план ми е да додадам + лупа и некое LED светло.
Лупата и светлото би биле исто така намонтирани на овие црева. Инаку планирам да лепам со поксипол.
Прашањето ми е:
Која е димензијата на иверицата? Од око би рекол 35х25см! :)
-
Иверицата во конкретниот случај е 30х19цм, толкаво парче имав па тоа го искористив, иначе може да варира според потребите и можностите.
-
А мислев да пишам 30х20цм :)
OK, фала, сега да ги нарачам цревата, крокодилките и 4mm банана машки џекови пошто немам. :) Незнам кој е промерот од шуко утикачи, треба да измерам, ама мислам дека се подебели. :)
Со поксипол би требало да завршам работа, епоксиден двокомпонентен лепак не знам дали ќе најдам кај мене.