Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: batka on 02.12.2010, Thursday, 20:46:09

Title: Електронски тапани
Post by: batka on 02.12.2010, Thursday, 20:46:09
Ке ве збуни можеби насловот :ова не се професионални тапани,ама можат да произведат звук на тапани,уште и со сензорско активирање.Освен овие два осцилатора може да се додаде уште некој транзистор и да се експериментира со отпорниците и кондензаторите во повратната спрега база-колектор.Сензорите можат да бидат направени од округли витропласт плочки поделени на два дела ,од алуминиумски или прохромски плочки ,за добар изглед.Значи,многу простор за експериментирање. Направивме само еден осцилатор ,кој проработе од прва, а следна задача е експериментирање со различни вредности на елементите... Екипата ке работи на случајот! ;D
Title: Одг: Електронски тапани
Post by: GigaWatt on 02.12.2010, Thursday, 21:00:09
Интересно, имав вакво нешто слично правено, ама поодамна, и не знам на кого го дадов ;D. Во секој случај, интересно е и може да се проба и модифицира/доградува ;).