Трафото е извадено, тоа прво отишло, и мајсторот ја гледаше плочата и кажа дека е ок, не е прегорено ништо. Ама трафото на излез не дава сигнал...
Најверојатно е во право, но не може да се каже со сигурност без да се провери плочата со стабилизиран извор за напојување... бидејќи, како што претходно пишав, можно е да се случи да купиш трафо и пак ништо да не работи
.
Да, три мајстори го гледаа, нема ништо на излез, велат прво тоа изгорело за да ја заштити плочата.
Не верувам дека баш таква била ситуацијата... т.е. не верувам дека оно „намерно“ изгорело за да ја заштити плочата
. Тоа е првата логична работа која ќе се случи, ќе изгори трафото поради превисокиот напон на примарот, што по автоматизам не значи дека се е ОК на плочата со контролната електроника... иако, да бидам искрен, да, не изгледа како нешто да е изгорено на main board (плочата со контролната електроника).
Патем, ознаката на главната плоча (main board) е
DA41-00352A VER 1.0. Шема на успеав да најдам, но има dump од неа на remont-aud.net.
https://remont-aud.net/dump/audio/prochie/samsung_no_srost_shassi_main_board_shassi_da41_00352a_ver1_0/471-1-0-30905