Ти ја разбирам фрустрацијата... би сакал да ти помогнам, но за жал, веќе прекинав да се занимавам со аудио опрема. Многу мака, малку пари... а и ретко кој сака да поправи нешто вакво, откако почнаа да ми носат компјутерски 2.1 звучничиња од 1000-че, си реков „ајт, батали, толку беше“.
Не верувам дека некој ќе се нафати, но со среќа. Сите веќе се преориентираа на лаптопи, телефони, data recovery, IT, програмирање... што и да е што носи повеќе пари. За жал, сервисирањето не е веќе како порано - купи телевизор од 30.000 денари, па ај ќе фрлам 3000 да го поправам. Сега, имаш телевизори и за 5000 денари, така да, генерално земено не се исплати да се поправаат повеќето кварови. Колку да му земам на муштеријата
. 2000, 3000 за телевизор кој го земал 7000
. Па ќе ми го акне од глава и ќе ми рече нов ќе си купи
. Е за лаптоп, може да ја наплатиш таа сума бидејќи НЕМА поевтини лаптопи од 13, 14 илјади, така да... тоа е тоа, се ла ви. Истото важи и за телефоните. Многу се скапи, автоматски значи дека може многу да наплатиш за поправка.
А за овластените сервиси... вака иде работата - ако проблемот не може да се најде до 1 час работа, „баци то смече, дај ново дете“. Не поради друго, се губи на бизнис. Додека сервисерот се замара со уредот кој има некој „дубиозен“ проблем, на ред чекаат барем 10 уреди со „плукни-залепи“ проблеми и се решаваат сите за 2 до 3 часа работа. Затоа и не се бара да бидат премногу квалифицирани... да знае да леми, да прочита по некоја шема, да знае што се активни, пасивни компоненти, толку горе долу, се друго може и на работа да го научи. И онака проблемите во денешно време во 90% од случаите се сведуваат на подуени електролити, така да, ако тоа научи да го прави, ехеее, полна капа, тоа му е 90% од бизнисот на газдата.
Како и да е, ако случајно излезе дека не можеш да најдеш сервисер, јас барем сум тука да помогнам
.