Јас го користам следниов - плавиот - и мислам дека нема подобар...
Купив и од истата фирма но без олово, во зелена амбалажа, но не ми прави кеиф...
Јес да е изгор скап, ама кеиф да ти е да работиш со него...
И кај го има да се купи? А и цената колкава му е (спремен сум да дадам повеќе пари, ама да не е мноооогу повеќе )?
Плавиот ми го донесоа од Солун, за 18 евра котурче од 500 грама последниот пат, а претходно цената му беше 10,5 евра, па 11,5 и после две три години скокна на 18. Потенкиот е 21 евро, а овој подебелиот е 18. Го има и во Логинг, по цена од околу 1000 денари колку што се сеќавам ама незнам за која грамажа.
Зелениот го купив од Алфаелектроника во Битола, не се сеќавам колку чинеше и среќа што земав од 250 грама. Помалку ми е криво
Да земев пола кило ке ми беше многу мака...