За електроничар недопустива грешка кога се повторува, и што ќе учат и научат млади деца членови на форумот?
До некаде се сложувам, но нели мислиш дека имаше подобар начин да се потенцира тоа дека членот имал направено грешка? На пример вака.
„Сигурно мислиш на само 471 а не на 471pF колега
.
Без разлика, ... [продолжува текст понатаму поврзан со темата на дискусија]“
Знам, ова не е твој стил... ти и пред да бидеш тргнат од групата модератори знаеш да бараш „влакно во јајце“, но беше толерирано (до пред некое време кога „пукна тиквата“). Истото важи и за batka, и он беше толериран. Но, откако веќе не си во групата модератори, оваа твоја особина, се потенцираше уште повеќе. Сакал признај или не, дури и на потсвесно ниво, јас лично мислам дека ова е поради револт према остаткот од администрацијата од која беше отстранет.
А за децата... ама бе, па за што е форумов
... ако не им е јасно, ќе прашаат
... луѓе сме, грешки правиме
... и нема ништо лошо во тоа, јас над 90% од работите кои ги имам научено, ги имам научено преку грешки, па што ми фали
.
А околу остатокот од текстот... верувам дека vittoelectronics се фати во орото со тебе од пусти инат (можно е и навистина во неговата шема да го пишувало така кондензаторот, не негирам, ја немам шемата). Искрен да бидам, и мене на некој форум ако фатат да ми бараат „влакно во јајце“ во моите први post-ови, и јас исто ќе изреагирам... ќе си „играм к*рот“... зошто пријателски да не бидам корегиран и се тоа да се свати како грешка или превид? Зошто да мора да се потенцира дека „аха, еве го влакното, како можеше ова да ти се случи“ (карикирам)? Апсолутно нема потреба од ваков однос.
И да, затоа изумираат Балканските форуми (верувајте, само Балканските се во катастрофално лоша состојба, странските се само во лоша состојба). Бидејќи сите сакаат да го „дриблаат новото дете“ или да „бараат проблем каде што нема“
.
Не сакам форумов да биде полн со страшила и џандари и луѓе да не сакаат да се најават на форумов поради караници, напнувања, барање на проблеми каде што нема, опомени, банирања и што се не.
А околу штамата на крај од vittoelectronics... виде со кого си има работа... претпоставувам
.
не има два кај мосфетот не ги знам точно вредностите
Ако не ги знае точно вредностите не треба ниту да пишува, зашто во таа област има неколку кондезатори, кои се тие , како ќе се снајде оној кој прашува?
Помисли дека можеби ја нема шемата пред себе и дека можеби не секој помни се што ќе види пред монитор или на хартија
? Или дека можеби има намера да се наврати назад на темата? Или евентуално, еве ти, или јас (или било кој) да направи screenshot од шемата и да праша кои од тие кондензатори се проблематични?
Јас прашав, не видов ти да прашаш
. Не сметам дека по default треба членот да знае на памет за кои кондензатори станува збор
.
Напротив треба да го предупредиш дека не се пишува од ракав...
Да, но не на начинот на кој тоа ти го правиш. Прочитај погоре за пример како тоа би се извело преку пишан текст, на форум, НЕ во реален живот... во реален живот се реагира на друг начин, над 80% од комуникацијата тогаш се одвива преку гестови. Во многу случаи, луѓе се разбираат и без ништо да кажат... тоа НЕ е возможно да се направи преку пишан текст.
-Да точно ама ако е на место, а во случајот каде е мојата агресија!
Агресивен ти е стилот на пишување и изразување. Во реален живот, тоа може и да не се свати како агресија, но во пишан текст, особено на форум... да, апсолутно и јас би го сватил како агресивно (нападно, интенциозно) коментирање кое треба да побуди нервоза и напнатост од другата страна.
Ова е моја претпоставка.
Претпоставка а не тврдење, не е исто, така?.[/quote]
vittoelectronics потврди дека мојата претпоставка е точна.
Се разбира vittoelectronics треба да пише дали е ова вистина или е само моја претпоставка.
Нека напише аргументирано и докаже, и тогаш треба јас да се се поклонам и паднам на задник (и би го сторил тоа, нема да ми падне шанот)
Huh
... кој аргумент треба да го има за да објасни дека се осетил нападнато
. Можеби потврда од лекар дека имал трауми и бил на психијатар потоа
?
Кога веќе донел заклучок дека сум дрзок требало да се вклучи во темата и да го даде своето видување на поентите во темата со аргументи и негови факти
И јас можам да речам дека членот нема поим од нешто ама сето тоа треба да го аргументирам било точно или не а не само така да истресам од ракав.
Хахахаха
... не ми се верува
. Пробуваш да измериш ниво на емоција или емотивна состојба
.
Ај вака... ќе пробам да објаснам. Јас лично го сметам твојот начин на изразување (пишан текст, за определени работи, не за се) нападен и недообјаснет на моменти. Зошто? Па не знам... начинот на кој се изразуваш на моменти, така би го опишал. Ова може да не предизвика никаква емоција кај некои луѓе... но, кај други, може да биде сватено и да предизвика определена емоција. Станува збор за
емоции, работа која квантитативно не може да се измери, ниту пак не може да се предвиди секогаш кој како ќе изреагира или каква емоција (емоции) ќе предизвика определена ситуација. Егзактна наука не можеш да ја споредуваш со психичка состоја или емоција и да очекуваш некој да ти објасни зошто смета дека начинот на пишување ти е нападен
.
Патем, не сум јас единствен кој смета дека начинот на пишување понекогаш ти е нападен, еве и vittoelectronics го мисли истото, а можам да потврдам дека и определена група на други членови го мислат истото. Значи, не ќе да е проблемот во нас... можеби разлика во генерации... кој знае, но во секој случај, не сум единствен.
Можно е но како го знам менталитетот на тие луѓе кои ги читам со нивни коментари (од било која област)не би рекол дека се “боси“.
Не реков дека се боси, претпоставувам дека голем дел се прилично добри сервисери... НО, тоа не го менува фактот дека тресеа зелени кога „објаснуваа“ зошто тестерот не го тестира оптокаплерот во динамички режим.
Не ми веруваш на мене? Во ред. Најди некој професор по електроника (од погорните години, по можност од линеарна електроника) на факултет... ама некој кој знаеш дека е добар и дека нема само теоретско знаење, туку и практично. Направи го склопот (тестерот), покажи му го што прави и прашај го дали го тестира оптокаплерот во динамички режим и види што ќе ти каже, ОК
?
Познавајки го сленг-от мислам дека мисли на променлив сигнал а не наизменичен (“градска мрежа“)
Променлив сигнал е и вртење на потенциометар
. И уште подобро, непредвидлив е... подобар динамички режим од тој нема да најдеш. Брзината на комуникација (фреквенција, ако станува збор за било каков периодичен сигнал) не игра никаква улога. Не мериме параметри на оптокаплер, проверуваме дали е исправен
.
Заморно за тебе... не значи дека така е за сите.
Секако а може да е и обратно не можеме да тврдиме за другите, можеме само да претпоставуваме.
Апсолутно дека е така
.
Поентата ми е: јас сум различен од тебе, ти си различен од мене... генерално, сите сме различни... а сепак, треба да комуницираме и да се разбираме едни со други без притоа да се напнуваме и нервираме непотребно.
Јас на пример, сакам да си пишувам долги post-ови и не сметам дека има нешто погрешно во тоа.
Јас исто така можам (сеуште ме држи умот) само сметам дека нема потреба од толку многу, може и во кратки црти..
Можеш, но не преферираш... и ОК е тоа
. Никој не те обвинува за тоа... како сакаш, така пишувај... НО, не биди претенциозен, препрецизен и нападен во твоите текстови и коментари. Ако е кратко, не мора да биде болдирано и со извичници, тоа сосема поинаку се сваќа на форуми и места на кои се разменуваат мислења преку пишан текст. Тоа е она што пробувам да ти го објаснам. Текст не е исто што и комуникација во четири очи, има разлика.
Добро примети дека не пишував правописно со интерпункциски знаци, само не знам дали се запраша -Абе овој Тома “цепидлака“
исто прави такви грешки а ги опоменува другите и се фаќа за ситници.
Поентат ми беше да види(ш)те како изгледа едн несреден правописно текстот и дали една нула не е една кула!
Не, искрено не го помислив тоа во ниеден момент. Само пишав дека, ете, и ти имаш грешки во post-от, но... је*ига, грешиме, луѓе сме... толку, само тоа сакав да кажам
.
Една нула е една кула ако сакаме да ја правиме нулата кула... на сите ни беше јасно дека е грешка... а на кој не му е јасно, секогаш може да праша, веќе го пишав ова.
Дали насловот на темата не е говор на омраза без аргументација.
Нема потреба од аргументација ако некој се осеќа нападнат или навреден од начинот на кој се изразуваш (во конкретнава ситуација, тоа е пишан текст). Некои луѓе се згрозуваат од спомнување на фекалии, измет и слични работи за време на јадење. Мене, може и (извинете го начинот на кој ќе се изразам) да ми се и*ереш на маса додека јадам... ќе продолжам да си јадам и ќе си се изнасмеам.
Различни луѓе, различна реакција... ако за тебе тоа што напнуваше околу 471pF не е претенциозно и нападно, за некои луѓе е... вклучувајќи ме и мене.
Дали се сложуваш со таков наслов во духот на правилата на форумот.
Правилата ќе се менуваат и нивниот број ќе биде драстично намален.
Впрочем, и сега никаде во правилата не стои дека не смее да има тема со наслов „Дрско однесување“.
А дали е во духот на правилата или не... тоа е веќе друго прашање и сметам дека, дури и ако не е, отстапки секогаш може да се направат.
А добро, ајде еве, како би ја крстил ти темата? Дај предлог, можно е да е подобар избор од насловот кој го има сега.
Имам впечаток дека насловот е тенденциозен или договорен (не знам со кого, така ми вели итуицијата)
Интуицијата ти е апсолутно погрешна. Сам го дадов насловот на темата, немаше никакво сугерирање ниту пак договарање... и искрено, се мислев едно 30-тина секунди кој наслов на темата да и го дадам... сакаш верувај, сакаш не верувај, тоа е вистината.
И што е најинтересно незнам како воопшто странките ме наоѓаат, бидејќи работам дома а домот ми во џандемот.
Исто како што ме наоѓаат и мене, дубиозните кварови никој нејќе да ги чепка... да не правам муабет што во Македонија веќе и нема сервисери, има менувачи на електролити и цели модули.
Благодарам.
Во право сум или не
Јас тоа го сфаќам многу едноставно и релевантно.
Ќе образложам на кратко. Кој и да било, со одговор ДА, во право си или НЕ, не си во право кажува дали се сложува со мене или не.
Било ДА било НЕ со додаток на мал негов коментар (мислење) јас би се коригирал позитивно или негативно со мои аргументи (ако ги имам било точни или неточни) и на крајот ќе се дојде или до согласност или спротивност и престанува понатамошната дискусија (исцрпени се сите ресурси) и темата се заклучува останува како што е напишано па читателот нека сам си пресуди што би зел за исправно според неговото видување на нештата воопшто.
Ова е премногу црно-бел поглед на работите... многу често се работи за нијанси на сиво... дури и во егзактни науки.
Гига Ват мисли дека може да премине преку моите 9000и кусур постови и да ве замајува дека тој ме ``шутнал `` од форумот, покажувајќи некои линкови каде наводно сум влегол во конфликт со некој нов член ( и Тома е тука замешан!), кој потоа наводно веќе не се јавил на форумот ( сигурно многу сум го исплашил!).
Аааа, реши да се појавиш? Цел месец откако беше тргнат од групата на модератори не се најави, иако беше ставен во посебна (специјално направена, само за тебе, верувал или не) група на членови кои можат да ги гледаат секциите за администрација... за да не излезе дека ти правиме муабет „зад грб“, но не... не ти текна да се најавиш и да провериш што се случува и зошто е случува она што е случува.
Нејсе, ќе дадам своја реплика на цитатот.
Не беше наводно, ти ВЛЕЗЕ во конфликт со член за НЕПИШАНО правило... има линк од темата и тука, слободно може да прочита кој сака за што беше опоменат нов член на форумот, неколку дена по неговото зачленување... згора на тоа, јас бев активен во таа дискусија... зошто помисли дека ти имаш право да го опоменеш членот за непостоечко правило ако јас сум активен во таа дискусија?
Човекот најверојатно се осетил навреден, откако двајца модератори му се сипаа за апсолутно небитни работи, и да, се нема повеќе најавено на форумов.
Вистината е сосема друга – Гига Ват го приватизира форумот ( не го споменувам она – македонски, бидејќи нема ниту М од него), а јас се спротивставив кога видов на каде дува ветерот.
Да
... го кренав од мртвите за да го направам моја приватна сопственост
... оф лелееее... ц ц ц ц ц.
Толку го сакаш? Ќе ти дадам се од credentials, слободно води го... можеби НТ ќе сака да го земе под своја закрила
.
Форумов ми е само занимација и љубов... ако сакав да го направам моја приватна сопственост, ќе им се приклучев на Емитерци... не ме смеј
.
И сега гледаам дека освен Гига и исклучок Лорд Зи , никој од модераторите ( ги има ли уште??) но и од админите ги нема живи да се јават, па Гига мора да игра ``сам против сите``.
Бевме петорица, ти и Toma веќе не се сте дел од администрацијата, останавме тројца
. Колку сакаш да бидеме ако сме минус двајца
.
Е, па, како што му посочив и порано на Гига во оние модераторско- административни разговори , кои вие обичните членови неможете да ги прочитате, вака конципиран форум со ``рекла –казала`` содржина и 5-6 активни членови не ме интересира!!
Па кажи си така... не врти од околу, дојди директно до вистината, а не „привтен бил, ваков бил, онаков бил, наводно сум влегол во конфликт со некој“
.
Би сакал ова да се објави за поедини членови веќе не прашуваат каде сум ( јас сум цврсто на земјата!) и би ве молел секакви понатамошни разговори за мене да престанат. Толку од мене за последен пат.
Патем и претходниот пат беше последен пат
.
Имаше шанса да бидеш дел од разговорите... цел месец откако беше отстранет како модератор... ти пишав и порака, за да го знаеш ова... не се најави на форумов. Епа... не можам да те врзам за стол и да те најавам јас
.
И не беше спомнат во никакви муабети, освен дека ти и Toma бевте отстранети од администрацијата во исто време за слични причини, толку. За ништо друго не беше спомнат.
Ц ц ц ц ц... колку е мала државава еј
... да не ти се верува... ако се прави муабет за електроника, никој никаде го нема, ама ако има некој ваков муабет, одма работи радио милева... ако, не се лутам
.