Останато > Мерна опрема

Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052

(1/12) > >>

GigaWatt:
Мислам дека оваа верзија од сигнал трасер со TDA интегрирани кола е постабилна, подобра и поедноставна од таа со TDA2822M ;). Овој пат не е само пробана на protoboard, туку и изработена на ППК, а пробана и во пракса ;). Колото супер си работи и до сега два уреди поправив со него (во принцип, главната причина за изработка на колово беа тие расипани уреди ;D), немаше никакви проблеми дури и ако се допре испитниот пин за +Vcc или -Vcc, интегрираниото коло не изгоре. И при краток спој на излезот супер се покажа интегрираното коло, немаше никакви проблеми ;). Исто така, морам да кажам дека е најмалиот сигнал трасер кој било каде сум го видел или направил ;D. Еве неколку слики од изработениот уред, а шемата и ППК-то можете да ги симнете од attachment-от ;).

















Шема, ППК и останата документација.


--- Code: ---http://app.box.com/s/7qhz7oro24mnthlyys633hz6dmr7ulyx
--- End code ---


--- Code: ---http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/F796ACAC011546108F35BEF9ACE97F77W
--- End code ---

ZareBt:
Јас ова го имав изработено и не работеше како шо треба. Му кладов тда7052a, а требало тда7052.
Во даташит гледав дека е истото + ова тда7052а има и дц контрола(незнам шо е то).
И така не работи. Не е со грец и такви работи туку дирек да се укл на адаптер.

GigaWatt:

--- Quote from: ZareBt on 06.08.2011, Saturday, 17:16:57 ---Јас ова го имав изработено и не работеше како шо треба. Му кладов тда7052, а требало тда7052А.
Во даташит гледав дека е истото + ова тда7052а има и дц контрола(незнам шо е то).
И така не работи. Не е со грец и такви работи туку дирек да се укл на адаптер.

--- End quote ---

Сигурно не си ја изработил оваа шема бидејќи јас ја имам направено и до сега ја немам презентирано никаде, па ни на форумов (не заради друго, шемава ја направив пред околу 10-тина дена ;)). Како и да е, сигурно работи, се е на една плочка, освен напојувањето (трансформаторот, кој е земен од полнач за мобилен телефон ;)). Не дека шемата е научна фантастика, ама сигурен сум дека барем во некоја компонента се разликувала од таа што си ја направил ;).

Земете си го TDA7052, не TDA7052A, не знам која е разликата, но јас го користев TDA7052, околу 40 денари е во BT, во други продавнички немам прашано, ама далеку од прескапо e ;). Сега ми текна, истово во Loging е 70 денари (или тука некаде беше, не ми текнува). На самото интегрирано коло има ознака од NXP (фирма ќерка на Philips, само за производство на електронски компоненти).

ПС: Сега видов, TDA7052A има DC контрола за Volume, така да ова коло не би ви одговарало за овој проект, ви треба оригиналното коло, TDA7052, за да може да работи колото ;).

ZareBt:
Епа грешка направив во чекори.
Јас имам ставено тда7052А.
И затоа најверојатно не работи. А шемата ете ја подолу според која јас го праев ова мини појачалце.

GigaWatt:

--- Quote from: ZareBt on 06.08.2011, Saturday, 17:31:15 ---Епа грешка направив во чекори.
Јас имам ставено тда7052А.
И затоа најверојатно не работи. А шемата ете ја подолу според која јас го праев ова мини појачалце.

--- End quote ---

Да, шемата е многу слична на мојата, со таа разлика што јас немам ставено филтерски кондензатор на влезот од колото, но останатите делови од колото (барем оние околу засилувачот, што се на излезот од засилувачот) се многу слични, но не и исти. На пример, јас имам ставено потенциометар од 100K на влезот за да не се оптеретува премногу степенот кој го мерите со сигнал трасерот. Плус, имам ставено кондензатор со работен напон од 100V за DC одвојување од степенот кој се мери со сигнал трасерот, како и две диоди за заштита од превисок влезен сигнал ;). Шемата е слична, но ова е шема за засилувач, а не за сигнал трасер. Симни го attachment-от од првиот post и разгледај ја шемата, ќе видиш дека има разлики, меѓу кои е напонот на напојување, јас одлучив да му ставам напон на напојување од 8V (или 9V, било кое од овие би одговарало), а на твоата шема напонот на напојување пишува дека е 3-6V ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version