Електронски уреди > Мобилни телефони

5-пин конектор за батерија за таблет

<< < (2/2)

roliver:
Добив информација од српски форум, но мора да кажам дека се работи за друг модел на престигио, кој наместо конектор со 5, има со 3 директно залемени жици (што би требало да биде корисно, бидејќи дуплите + и - жици веројатно се за паралелно врзани батерии), и ако се мери напон меѓу масата (-) и средната жица измерено е 0.65 волти при 3.9 волти батерија.

roliver:
Сепак информацијата околу напонот на средната (жолтата) жица беше клучно која ја добив од друг форум за сличен модел на Prestigio таблет од 7 инчи.
Се направи напонски делител со 2 отпорника, еден од 470К помеѓу "+" и средната и еден отпорник од 20К помеѓу средната и "-". Така се доби 0.66 волти на средната жица, при 3.9 волти на позитивната (црвената) и предупредувањето исчезна, полнењето нормално проработи.
Вредноста на отпорниците беше барана со интернет калкулатор за напонски делител, теоретски беа вредностите 470К и 100К, но во пракса  се покажа дека тоа е напон од 1.45 волти на средната жица па со проба се дојде до вредноста 20К и 0,65 волти
Се надевам дека ова ќе користи за некој сличен проблем.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version