Останато > Мерна опрема

Продавници за осцилоскоп

(1/3) > >>

MasterOfReality:
Здраво на сите.
Сакав да прашам дали знаете некоја друга продавница покрај Loging што продаваат осцилоскопи, или пак некој друг поприфатлив начин за набавување на осцилоскоп (по можност локално, од нашата земја)? Конкретно имам потреба од дигитален осцилоскоп со вградена FFT опција и да не надмине 270 евра. Друга алтернатива е некој од производите на Digilent, како што е Analog Discovery, но не знам дали постои некој што продава од нивните производи.
Ви благодарам однапред.

GigaWatt:
Јас колку што знам, не... евентуално да прашаш во Алфа во Битола, испорачуваат преку карго.


--- Code: ---http://alfaelektronik.com.mk/
--- End code ---

Пребарав низ сајтот, изгледа не продаваат, само сонди ми извади... но, прашај, можно е да имаат.

dr-mr:
Дигитален осцилоскоп со FFT за 270 евра ???  Какви карактеристики бараш за тие пари.
Една од опциите е да разгледаш на Aliexpress или Ebay, некоја од Hantek, OWON, Uni-T брендовите клои нудат  Handheld или USB осцилоскоп и да се надеваш дека нема да ти стават данок и царина.

GigaWatt:
Сега ми текна, Мегамобил ;). Можно е да немаат ништо на сајтот, слабо го ажурураат, а и рачно им е ажурирањето, не е автоматски преку софтвер, така да, јави се и прашај ;).


--- Code: ---https://www.megamobil.com.mk/
--- End code ---

Прашај и дали може да се договориш за некој осцилоскоп да ти го донесат. Еден пријател така се имаше договорено со нив за лемна станица ;). Мада се познава со голем дел од луѓето кои работат, но... што знам, не шкоди да прашаш :).

MasterOfReality:
Многу ви благодарам за одговорите. Во текот на денот ќе ги контактирам Алфа електроник и Мегамобил. impexron.mk исто така можат да набават осцилоскопи, им се испраќа мејл и враќаат со понуда, но сепак цената за осцилоскопот гледана на интернет, без вклучени трошоци за транспорт, даноци, царини е скоро двојно поголема, но искрено не знам како се движат овие дополнителни трошоци (без транспортот.) Како отприлика се движат овие дополнителни трошоци?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version