Останато > Мерна опрема

Акустичен тестер за кристали

(1/2) > >>

LordZi:
Испитувач за кристали со звучна индикација, ако кристалот е исправен и осцилира, кога ќе се притисне тастерот од звучникот се слуша тон чија висина зависи од вредноста на кристалот и свети лед диодата. Комплетниот текст и плочката се најдоле, јас наместо двоен прекинувач за бирање на опсегот ставив џампери и ги залепив двата заедно за полесно преместување. Иначе, нема некоја посебна улога на кој опсег е поставено, на средниот ги “фаќаше“ сите кристали што ги пробав. С4 е залемен од доле на плочката, исто и жиците за напојување.
Шемата, плочката и готовиот уред:







GigaWatt:
Ова е прилично интересно ;).

А не тестира оној универзалнион Кинески тестер и кристали?

LordZi:
Не знам, не сум пробал, иначе го направив ова пошто приметив дека најчесто во пракса користам вакви едноставни уреди за испитување компоненти од типот работи/не работи, ако ми треба нешто поозбилно имам еден универзален осцилатор што може да се приклучи на фреквенцметар и точно да се види на која фреквенција осцилира кристалот, ама за брза проверка се фаќам прво за ова... :)

Иначе сега приметив дека сум ја ставил првата верзија од плочката кај што е испуштен водот од анодата на лед диодата нагоре према плусот, да не го преправам цел пост сега кој ќе ја прави плочката нека си го доцрта... ;)

GigaWatt:
Вака некако треба да дојде?

LordZi:
Така, јас го свиткав изводот од лед диодата и го залемив, иначе ја корегирав плочката потоа ама по грешка старата сум ја ставил... :P

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version