Електронски уреди > Мобилни телефони

Шпиунски софтвер за мобилни?

<< < (2/7) > >>

dr-mr:
Шпиuнски софтвер (spyware) е многу општо, има различен софтвер за различна намена,  локација/следење, читање пораки слушање разговори, камера, интернет, сите тие опции функционираат на различен начин и имаат различни ножности за злоупотреба.
Мислам дека некој од  дамповите на The Shadow Brokers од NSA  имаше алатки за мобилни, некои од нив се шетаа по нет.
HackingTeam Италијанска фирма  и NSO Group Technologies Израелска фирма, ако имаш доволно пари ќе ти продадат се.
Во 2018 и 2019 имаше реклами за spyware софтвер за следење и контрола на мобилни, рекламите беа во стилот, заштитете си ги децата, знајте каде и со кого се во секој момент, и слично.
Има многу различен софтвер по интернет кој доколку се инсталира на телефонот ќе овозможи некој вид на далечинска контрола/мониторинг.
На интернет (Deep Web/Dark Web) има форуми каде може да се изнајми хакер кој ќе изврши одредена работа (во случајот шпионирање на мобилен) за одредена сума.

Сето тоа е нелегално, самото гуглање на некои од тие поимови ќе те стави на неколку мониторинг листи.

bicikle:
Мислам имаше некоја заштитаз да си инсталираш софтвер на телефон и по ресет, софтверот да остане, во случај некој да ти го украде. Но тоа и не е баш шпионски софтвер, не можеш да следиш вило чив телефон...

--- Quote from: krema on 18.06.2020, Thursday, 19:53:58 ---Со жолти комбиња. :D

--- End quote ---
хех, да, ама во комбињата што имало.
Шала на страна, ме интересира техничкиот дел.

dr-mr:
 Незнам кој е тој проект бумие.
Моментално најкористен и најмоќен(колку што е познато) начин на собирање информации од мобилни уреди е софтверот  Pegasus на NSO group.

--- Code: ---https://en.m.wikipedia.org/wiki/Pegasus_(spyware)
--- End code ---

Често се користат и подвижни базни стан(можеби и во жолти комбиња), се користат како man in the middle, зрачат со поголема моќност и се поставуваат близу до корисникот со тоа ја покриваат базната станица на операторот и уредот се конектира на подвижната базна станица. Кога ќе се конектира уредот на таа станица тие што ја контролираат станицата имаат пристап до се што поминува преку неа. Исгото може да се направи и со Wi-Fi.

didy:
Ниту имам пари за вакво нешто ни пак ќе следам, ме интересираше на тоа поле како стојат работите, бидејќи кај нас бомбиве се собраа до недоглед и никој за тоа не си го однесе, освен двајца што се во бегство, и тоа ги теретат за уништување на расходована опрема! Она незаконско што го спомнувате е смешка со пародијата од шпиунирање на тие што се на власт и тоа не за заштита на државата и народот, туку за уцени и земање на рекет.

П.С.
за ајфони комбињата биле сива боја :)

GigaWatt:

--- Quote from: dr-mr on 19.06.2020, Friday, 13:54:41 ---Често се користат и подвижни базни стан(можеби и во жолти комбиња), се користат како man in the middle, зрачат со поголема моќност и се поставуваат близу до корисникот со тоа ја покриваат базната станица на операторот и уредот се конектира на подвижната базна станица. Кога ќе се конектира уредот на таа станица тие што ја контролираат станицата имаат пристап до се што поминува преку неа.
--- End quote ---

Со тоа што операторот мора да знае за ова, за да може повикот да се препрати.

Практично, не можеш да прислушкуваш само со „снифање“ на радио фреквенции. Само за декриптирање на повикот без адекватните декрипциски кодови, ќе ти требаат неколку години brute forcing на прилично јака машина... и тоа за само еден разговор.

Не навлегувам во користењето на шпиунски софтвер за препраќање на разговори и/или податоци до трето лице/странка. Секој смартфон е компјутер со оперативен систем и еден куп начини за дигитална комуникација (3/4/5G, Wi-Fi, Bluetooth, IR... сигурно има и други) што практично значи дека можностите за вакво прислушкување се неограничени (има многу attack vectors).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version