Аналогна електроника > Предзасилувачи

Фонија кај вграден предзасилувач во гитара

(1/3) > >>

KiloVolt:
Ситуацијата е следнава:
Во бас гитара вградив активна електроника, клон на Darkglass B3K педала. Напојувањето ми е 12V од 7812 регулатор преку стерео кабел до самата гитара.
Заприметив дека поради близината на жиците на влезот и излезот, заради големо засилување, бидеќи сепак, ова е ефект за дисторзија, се јавува значајна фонија.
Моето прашање е како да одредам дали фидбекот се јавува по пат на електромагнетна индукција, по капацитивен пат, и дали би можело да се реши со тенки коаксијални кабли, или треба да барам друго решение?

LordZi:
Да пробаш прво да го намалиш гејнот?

GigaWatt:
Да, и јас прво би одел со предлогот на LordZi.

KiloVolt:
Тешки метали и малку гејн? :(
Ме интересираше дали мислите дека коаксијален би помогнал, а размислував и за целосно прераспоредување на жиците...
Инаку гејнот не помогна многу, пробував, самиот ефект има многу гејн намалувањето од потенциометар не правеше некоја огромна разлика, би сакал да го решам проблемов од корен.

GigaWatt:
Можно е и плочката да не си ја направил баш како што треба, да нема доволно маса на неа ???. Масата е важна кога станува збор за нисконапонски сигнали. Ако си користел оклопен кабел за поврзување, не би требало тоа да биде причината. Дебелината евентуално може да влијае врз горната гранична фреквенција при преносот на сигналот, но освен тоа, не би требало да внесе фонија во сигналот.

Пробај краткоспој го влезот од магнетите и види дали тогаш ќе се јави фонија. Пробај кљанкај го малку предзасилувачот, види дали ќе доведе тоа до фонија... или пробај приближувај го до магнетите. Ако пак се јави фонија, можно е да е проблематичен дизајнот на плочката.

Како изгледа шемата за напојувачката секција? Се јавува брум кај предзасилувачот или само фонија?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version