Вакуум цевките немаат доживеано голема промена низ годините. Цевките што се користат во Hi-Fi засилувачите најверојатно биле конструирани од 30-тите до 60-тите, а вистинска минијатуризација достигнале во 70-тите... Сепак најголемиот дел од првичните дизајни се непроменети до ден денес, а нивната голема потрошувачка на струја, дури и во Stand By, дозволила да бидат заменети од транзисторите, а единствено опстанаа во аудиотехниката поради аудиофилите што ги сакаат парните хармоници... Но, експертите од KORG Inc. i Noritake Co. создадоа нова, ефикасна, минијатурна цевка која го задржува одличниот звук на ламбите.
Тоа е новата 6P1, еквивалент на половина 12AX7 (ECC83(поправете ме ако грешам...)), 3 пати помала, користи само 2% од енергијата што е потребна за нормална работа на 12AX7, и има работен век од 30 000 часа.
Мислам дека повеќе нема место за зборот "цевки"...
Патем, пред еден месец ми дојде како идеја: "Зошто не направат триоди со греачи како од VFD и да не трошат многу струја, а да бидат минијатурни..."
Изгледа некој веќе работел на тоа...
Од брзање линк заборавив да ставам...
http://www.korg.com/us/news/2015/012212/