Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: KiloVolt on 03.02.2015, Tuesday, 16:03:35
-
Вакуум цевките немаат доживеано голема промена низ годините. Цевките што се користат во Hi-Fi засилувачите најверојатно биле конструирани од 30-тите до 60-тите, а вистинска минијатуризација достигнале во 70-тите... Сепак најголемиот дел од првичните дизајни се непроменети до ден денес, а нивната голема потрошувачка на струја, дури и во Stand By, дозволила да бидат заменети од транзисторите, а единствено опстанаа во аудиотехниката поради аудиофилите што ги сакаат парните хармоници... Но, експертите од KORG Inc. i Noritake Co. создадоа нова, ефикасна, минијатурна цевка која го задржува одличниот звук на ламбите.
Тоа е новата 6P1, еквивалент на половина 12AX7 (ECC83(поправете ме ако грешам...)), 3 пати помала, користи само 2% од енергијата што е потребна за нормална работа на 12AX7, и има работен век од 30 000 часа.
Мислам дека повеќе нема место за зборот "цевки"... ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/056aa23069455428a8f5f5ff5d6eccd1.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/7950c9aea07d83616e3f755a40e0ab25.jpg)
Патем, пред еден месец ми дојде како идеја: "Зошто не направат триоди со греачи како од VFD и да не трошат многу струја, а да бидат минијатурни..."
Изгледа некој веќе работел на тоа... ;D
Од брзање линк заборавив да ставам... ;D
http://www.korg.com/us/news/2015/012212/
-
oва на сликата е интегрално коло или ел. цевка во форма на ИК ?
Ова не е од стакло така?
Колку пари кошта?
-
Ова на сликата е електронска цевка во форма на IC, од стакло е, и се очекува да се движи околу цената на VFD дисплеите....
Споено мислење: [time]03 Февруари 2015, 17:42:22[/time]
и се очекува да се движи околу цената на VFD дисплеите....
По неколку години... ;D
Најверојатно прво во нивните аудио уреди ќе ги употребуваат каде што досега употребувале 12AX7 (ECC83).
-
Патем, пред еден месец ми дојде како идеја: "Зошто не направат триоди со греачи како од VFD и да не трошат многу струја, а да бидат минијатурни..."
ај да те видам направи го ова со el34, да може со овој тип на лампи како ецц83 работи, но нејзината максимална дисипација е 3вати. ;)
-
Интересна работа
-
Додека имаат патент за нив, нашиот патент од џебот тешко дека ке го отвориме....
-
Патем, пред еден месец ми дојде како идеја: "Зошто не направат триоди со греачи како од VFD и да не трошат многу струја, а да бидат минијатурни..."
ај да те видам направи го ова со el34, да може со овој тип на лампи како ецц83 работи, но нејзината максимална дисипација е 3вати. ;)
@Unforgiven, може да се направат и помоќни од неа... Да се поврзе анодата низ стакло со надворежен ладилник, како кај моќните вакуум цевки http://i.ebayimg.com/00/s/MTAyMVg2ODQ=/z/ThAAAOSw8d9UzmvJ/$_57.JPG
Можеби да се направи нешто како универзален начин за поврзување со ладилник како кај транзисторите, или можеби фабрички вграден ладилник (малку поскапа варијанта)... Само нафрлам идеи во моментов...
Материјалот од кој е направена (или со кој е обложена, не сум сигурен...) грејната жица има голема електронска емисија дури и на ниски температури, па од него би можеле да се направат индиректно загревани катоди кои би биле ефикасни и би се загревале од многу по-траен термоген елемент...