Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: masterficx on 04.07.2013, Thursday, 16:52:35

Title: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 04.07.2013, Thursday, 16:52:35
Здраво на сите. Имам проблем со шемата од Емитер ППК 926. Тоа е филтер за ниски тонови, а проблемот кој го имам јас е тоа што ја намалува снагата на засилувачот. Значи потенциометарот за Volume и потенциометарот за фреквенцијата функционираат, само што значително ја намалува снагата на засилувачот.

Се работи за засилувач со TDA2030, и кога го користам филтерот снагата е 20/30 проценти од целата снага на засилувачот. Мислев дека може да е проблем напојувањето па го приклучив на посебен трансформатор но ефектот е истиот. Исто така мислев дека проблемот е до Операцискиот Засилувач па купив и TL082 и TL072 но и со двата е истото.

Дали смеам да ја закачам сликата од шемата за да можете да ми помогнете ?

Дали некој се сретнал со ваков проблем и дали некој воопшто ја изработил плочката ?

EDIT : Еве го бројот и месецот и година - ЕМИТЕР Јули 7-8/2004
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 04.07.2013, Thursday, 17:44:44
Оптимиста си ако мислиш некој ќе бара по број на плочка.   :D
Прво и прво, пиши од кој број Емитер е шемата,кој месец и година.
Друго,што не пишеш мејл до Емитер? Нивни проблем е,тие нека ти го решат.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 05.07.2013, Friday, 01:02:52
Можеби и не е до филтерот.Нормално би било да се намали јачината на појачувачот ,ако неговите карактеристики не одговараат за појачување на бас подрачјето.Едноставно пробај го на друг засилувач овој филтер.Можеби и појачувањето на степенот не е оптимално одбрано,па имаш недоволно засилување на сигналот.Стави ја шемата ,а јас ке се потрудам да ја најдам и ставам оригиналната шема,која не е од ЕМИТЕР ;D
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: ShAdOw on 05.07.2013, Friday, 01:20:21
Јас го имам изработено "Активниот филтер за SUBWOOFER" уште пред едно 3 години и досега работи одлично без никаков проблем. Тоа значи дека дека проблемот е кај тебе, а не кај филтерот, ти треба многу посилен засилувач :). Jас го користам во комбинација со 150W-тен транзисторски засилувач и вади перфектен бас кој прави доста добар земјотрес по дома ;D.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 05.07.2013, Friday, 01:28:50
Еве ја шемата за филтерот :
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Zasiluvach_Shema.jpg)

а еве ја шемата за напојувањето :
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Zasiluvach_Napojuvanje.jpg)

Чим шемата е функционална морам да прашам уште нешто. Дали е можно ова да се случува доколку на местото на R8 и R9 (1К/1W) што се на влез на напојувањето, употребам од 2 вати ??
Мислам дека кога ги купував деловите ми рекоа дека немаат моментално од 1 ват и дека мала била разликата помеѓу 1 и 2 вати кај такви отпорници, па земав од 2 вати.

Исто гледам на шемата зенер диодите се означени со BZY, a на овие што ми ги дадоа кога купував пишува BZX. Можно ли е тоа да ми прави проблем ?

Напонот во точките +Ucc и -Ucc ( на самиот влез ), е +/- 18v. Тоа е истиот напон кој го користам за напојување на самиот засилувач. По зенер диодите напонот паѓа на 14,9v
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: slidermc on 05.07.2013, Friday, 01:35:22
Како мислиш снагата е помала?! Звучно или го мереше излезот на појачалото?
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 05.07.2013, Friday, 01:38:11
На звук снагата е многу помала. Разликата се приметува од авион. На пример кога не го користам филтерот за бас, мембраната на басчето шета како луда и звучно е многу посилно. Додека со филтерот  е пре-пре-пре-преслабо. Разликата е огромна.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 05.07.2013, Friday, 03:38:32
Чим шемата е функционална морам да прашам уште нешто. Дали е можно ова да се случува доколку на местото на R8 и R9 (1К/1W) што се на влез на напојувањето, употребам од 2 вати ??

Исто гледам на шемата зенер диодите се означени со BZY, a на овие што ми ги дадоа кога купував пишува BZX. Можно ли е тоа да ми прави проблем ?

Нема штета што се 2 вати отпорниците.Зенерките BZX се со помала снага од BZY,али ако не ти прегореле до сега онда не е у нив проблемот.

Да не грешиш у улазниот сигнал? На улаз на R1 и R2 треба да доаѓа излаз од друго појачало за сателити,тоа е јак сигнал,затоа тука се R1 и R2 да го симнат сигналот. Ти да не му даваш таму слаб сигнал од претпојачало или компјутер?Тоа е грешка.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 05.07.2013, Friday, 12:18:59
Ете тоа не сум го знаел, и навистина јас цело време пробувам со компјутерски сигнал. Дали можам да употребам други отпорници на местото на R1 и R2, за да можам на влез на филтерот за SUBWOOFER да донесам сигнал од компјутер ??
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: LordZi on 05.07.2013, Friday, 12:21:52
Смали ги и двата отпорника на по 100 ома и пробај така.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 05.07.2013, Friday, 12:50:14
Дали и тие отпорника од по 100 оми треба да бидат од 1 ват?
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 05.07.2013, Friday, 15:24:03
Доволно е 1/4 ват.
Отпорниците не мора да се 100 Ома, може 220, не е критично.

Него нешто не ми е јасно.. Од компјутерот сигурно пушташ музика преку некое појачало на некои звучници. Онда зашто на улаз од филтерот и на TDA2030 појачалото носиш сигнал директно од компјутерот?Филтерот е правен да прифаќа сигнал од излаз на појачалото.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 05.07.2013, Friday, 15:43:31
Проблемот е што јас незнаев дека е со таква намена филтерот. Не го прочитав текстот и мислев дека може да се приклучи директно сигнал од компјутер.


Инаку ако некого го интересира проблемот го решив со тоа што ги сменив отпорниците на влез со 180 оми 2 вати. Сега е многу подобро. Останува да ја довршам кутијата од басчето.

Фала ви на сите.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 05.07.2013, Friday, 16:12:54
Стави ја шемата ,а јас ке се потрудам да ја најдам и ставам оригиналната шема,која не е од ЕМИТЕР ;D

Сега го видов ова.. оригинална шема..  :D   :D
Таа шема што сакаш да ја постираш сигурно е после 1955 година.  :D   :D
Абе batka, „оригиналната шема“ на low pass и high pass филтерот ја измислиле Sallen и Key у 1955 година,а тогаш немало интегралци! Нема оригинална шема после нив,тоа нивното го има у секој учебник по електроника,секој со два грама мозок и прочитан учебник по електроника може да прорачуна и направи два вакви филтери и да ги спои у еден филтер за субвуфер.Не мора ни учебник,ево ти формули за прорачун на Википедиа:
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Sallen-Key_topology
Ќе си постирал оригинална шема..  :D   :D  Ме изнасмеа..
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 05.07.2013, Friday, 16:47:56
Абе Маки само да ти појаснам - ти си бар голем присталица на ЕМИТЕР :
Сите оние шеми кои се појавуваат во ЕМИТЕР,а под нив како автори се потпишуваат некои особи како Славко итн,имаат свои оригинали во пример ЕЛЕКТОР,РАДИО..... За тие* оригинали* зборувам,ако не ти е јасно.Значи,конкретно,ова шема што е од Емитер,а под која е потпишан како автор некој :хххххх ,всушност е позајмена од  друго списание,да не назначувам сега кое! Некој за тоа треба да се срами,а некој како тебе треба да научи нешто,макар од 1955 да биде!
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: slidermc on 05.07.2013, Friday, 17:46:26
Еве подобра варијанта како да го изработиш целото коло. Најпрвин има активен миксер за лев и десен канал, потенциометар да си штелуваш јачина и бафер за да нема никакви проблеми со претходно ставениот потенциометар на филтрите. На аудио влезот можеш да ставиш пинови или пак со еден 3.5 џек да ја завршиш целата работа. Аудио сигналот треба да е линиски (директно од компјутер и др.) Можеш и да ги исфрлиш електролитските кондензатори.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 05.07.2013, Friday, 20:06:24
Абе Маки само да ти појаснам - ти си бар голем присталица на ЕМИТЕР :
Сите оние шеми кои се појавуваат во ЕМИТЕР,а под нив како автори се потпишуваат некои особи како Славко итн,имаат свои оригинали во пример ЕЛЕКТОР,РАДИО..... За тие* оригинали* зборувам,ако не ти е јасно.Значи,конкретно,ова шема што е од Емитер,а под која е потпишан како автор некој :хххххх ,всушност е позајмена од  друго списание,да не назначувам сега кое! Некој за тоа треба да се срами,а некој како тебе треба да научи нешто,макар од 1955 да биде!

Не сум голем присталица на Емитер,али сум присталица, за разлика од тебе и останатите големи хејтери на Емитер овде на форумов.Али тоа е твое право.
Да знаеш само колку шеми од Електор не се оригинал.. Али за да видиш,ќе мора да отвориш некој учебник за електроника одштампан пред да се појави првиот број на Електор.
batka, никогаш нема да сфатиш дека многу може да се научи од учебниците и тоа да се употреби у пракса.Ако ти не можеш да научиш од учебниците и да го употребиш тоа у пракса,има други што можат.Не треба да ги мрзиш само поради тоа. Некој како тебе ќе остане заглавен само на лемење „оригинални“ шеми од часописи,а некој друг сам ќе ги осмислува,порорачунава и прави свои шеми и проекти. Исто ти ќе продужиш да копираш шеми на звучници од незнам каде само зашто нејќеш да прочиташ книга како тоа се прави,а јас сам си порачунав и си направив звучник,го постирав тој проект на форумов, а ти исто го прогласи тој мој проект за прекопиран и се закани дека ќе најдеш од кај сум го прекопирал. Сеуште чекам да најдеш!
Тука збориме за проста шема од два филтера у серија - колку може тука да има нешто „оригинално“? Тоа веќе е измислено у 1955 година. И ти таа шема што ја имаш не е оригинал него е „копија“ на она измисленото у 1955 година. Дај постирај ја  таа „оригинална“ шема од тоа друго списание па да видиме што оригинално измислиле тие и колку тоа се разликува од шемите на Sallen и Key
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Sallen-Key_topology
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 05.07.2013, Friday, 21:58:49
Oчигледно си наострен за кавга,ама не ми се кара денеска! Не треба одамна во учебници да зјапаш ,види само некој дата шит и по него можеш да си направиш без учебник! Во учебниците се поставуваат теоретски,принципиелни шеми,за кои треба да пресметуваш повеке елементи.Овде се работи за друго: да ти појаснам ,бидејки очигледно не разбираш (или не сакаш да разбереш)- некој си електроничар си направил,си прорачувал,според твоите книги некоја си направија - што се вика филтер за бас.Секако, не измислил топла вода ами според учебници,книги,теоретски сознанија ,дата шит-ови,си  направил шема и проектче.И си се потпишал како автор.По сите закони - има право на тоа!Тоа се случувало 1985 г ( пример) и проектот бил издаден во ЕЛЕКТОР ( пример).Е,сега во 2013 г некој си * автор* од Македонија ја нашол и ја прекопирал Оригиналната шема на проектот издаден во ЕLEKTOR и си ја издал и дури се потпишал тој како автор во ЕМИТЕР! Дали ти е јасно што е тука оригинал,а што копија???? Ако не ти е јасно,извини за се што ти напишав,а себеси се жалам што потрошив време.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 05.07.2013, Friday, 23:07:20
Типично за тебе batka,ќе прогласиш нешто за копирано,а некој ако ти побара доказ,онда ништо,пак само повторуваш дека тоа е копирано,останува само на твој збор.Камо да постираш шема,да видиме?

Првиот филтер за бас СИГУРНО не е објавен у Електор,тогаш Електор не постоел! Према твоите сфаќања што е оригинална шема а што е копија,онда и таа шема у Електор е копирана.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 05.07.2013, Friday, 23:54:45
Oчигледно осетот за расудување одсуствува кај тебе-прво ,никаде не пишав дека шемата за овој филтер за бас е копирана од Електор!! Јас само дадов пример ,кој очигледно не си моќен да го сватиш,исто како и повеќе од напишаното.Веке разговаравме на Форумов за ова тема- *копирање*,*прецртување*,препишување итн . и се договоривме да не постираме шеми од Емитер и не им се мешаме директно во уредувачката политика,бидејки сепак се пишан медиум. Ете затоа,не сакам и нема да ставам шема.Твоето мислење ама баш не ме занима,бидејки има колеги на Форумов со кој сум споредувал и сум разменувал *оригинали* и *плагијати*,па знаат што се сум ставил * на маса*.Но,за да биде * мир во куќата* рековме и Администрацијата се сложи да не * креваме  прашина*.Ако го пратиш Форумот и Емитер,само да те потсетам дека ни се јави еден колега од Босна,кому еден * автор* од Емитер му ја препишал целата статија од Електроника .ба.форум,па претеше дека ке ги тужи.Мислам му се извинуваа,преправаа некои работи итн. Затоа,твоите произволни констатации дека * првиот филтер за бас не бил објавен во Електор,тогаш Електро не постоел * не држат мето бидејки овде ама баш никој ниту спореше ,ниту инсистираше за такво нешто!
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: slidermc on 06.07.2013, Saturday, 00:09:44
Луѓе ве молам, тука човекот има проблем со неговиот бас филтер а не со историјатот за филтрите.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Maki on 06.07.2013, Saturday, 00:15:06
batka,пак исто тераш,набедуваш нешто за копирано,а немаш доказ.Постирај шема од „оригиналот“,па да видиме.
У кој и да е часопис одштампана,таа шема за филтер за бас сигурно не се појавила прв пат таму.Тоа е копија а не оригинал,према твои сфаќања.  :D   :D

И што има везе шемата за филтер за бас од Емитер со некој Босанец? Идеш у оф-топик у твојата омраза кон Емитер.

Споено мислење: 06.07.2013, Saturday, 00:16:07
Луѓе ве молам, тука човекот има проблем со неговиот бас филтер а не со историјатот за филтрите.

Проблемот е решен.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 06.07.2013, Saturday, 00:21:07
Маки,да знаеш дека ги имам сите броеви на ЕМИТЕР од прв до последен! Ти тоа не го разбираш ,со сето твое ограничување во комуникацијата.Добро е што колегава си го реши проблемот,а за другово што го дискутиравме -извинување до членовите на Форумов од моја страна.Јас претерав со учтивоста.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: MetallicA on 06.07.2013, Saturday, 00:22:27
де, не се карајте, решете го ова на мирен начин не мора со навреди ;D
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: masterficx on 06.07.2013, Saturday, 01:03:22
Ај да ве подсмирам малце :D. Фокусирајте ги мислите да ми одговорите на прашањево :

Дали можам да приклучам 2 идентични засилувачи на излез од овој филтер ?
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 06.07.2013, Saturday, 01:29:52
Зошто да не? Само можеби треба да го зголемиш засилувањето .Но,ако се работи за ТДА 2030 ,не ке ти треба многу големо засилување.Само не знам зошто два излезни појачувачи? Подобро направи едно појако за басот,а овие со 2030 користи ги за средни /високи,односно за сателити.Така ке имаш 2.1 систем.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Ghost on 21.07.2013, Sunday, 02:38:57
Маки,да знаеш дека ги имам сите броеви на ЕМИТЕР од прв до последен! Ти тоа не го разбираш ,со сето твое ограничување во комуникацијата.Добро е што колегава си го реши проблемот,а за другово што го дискутиравме -извинување до членовите на Форумов од моја страна.Јас претерав со учтивоста.
Море батка по причањево за некои работи за електроника се гледат дека си читал од Емитер (демек си читал и странски списанија иако незнајш енглески),.. :D, али целосно не си ги дочитал текстојте од Емитер или слабо си и разбрал работите. Имат една народна наша Охридска: Од секоја врба не сепрајт свирче ;) :D
Инаку и ја понекош го читам Емитер и проектите многу убо се објаснети на Македонски убав јазик а некој ако не ги прочитуват докрај или можеби немојт да ги сватит кој му е крив. Имат лек и за то нека ги прочитат убо текстојте поќе пати се додека не ги сватит! ;)
Поздрав
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 21.07.2013, Sunday, 03:02:28
Славко,Гоуст.Делија или како се се викаш ,очигледно продолжуваш со манифестации на самобендисаност.Да видиме до кога.Само да знаеш дека таквите како тебе,апсолутно не се меродавни да ме оценуваат.Очигледно дека ти премногу го * читаш* Емитер или тој тебе те чита. Се на се- ти барем одамна си прочитан.
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: Ghost on 21.07.2013, Sunday, 03:15:47
Славко,Гоуст.Делија или како се се викаш ,очигледно продолжуваш со манифестации на самобендисаност.Да видиме до кога.Само да знаеш дека таквите како тебе,апсолутно не се меродавни да ме оценуваат.Очигледно дека ти премногу го * читаш* Емитер или тој тебе те чита. Се на се- ти барем одамна си прочитан.
Батка пак продолжујш со твојте и само твој филозофии и нагаѓања,... ;D
Гледаш дека и други учесници на форумов нервираш со твоје половни непроверени и смешни излагања >:( :D
Title: Одг: проблем со филтер за бас
Post by: batka on 21.07.2013, Sunday, 03:22:57
МИслам дека е всушност она* кој си има мува на капата..* Славко Делија на која ресавска тема сега работиш?  Ај да не се мачиш ,дај  кажи ја темата да ти посочиме нешто,за да не се брукаш во ЕМИТЕР пак. Инаку за нервирање ти нема рамен.Темава е доволно стара ,ама тебе никако не ти смета да започнеш кавга.Веројатно за кратко ке ти биде.